Paedophryne amauensis

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Paedophryne amauensis
Паратип на Paedophryne amauensis (LSUMZ 95004)
над 10 Американски центи (дијаметар 18 mm)[1]
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Потколено: Vertebrata
Класа: Amphibia
Ред: Anura
Фамилија: Microhylidae
Потфамилија: Asterophryinae
Род: Paedophryne
Вид: P. amauensis
Биномен назив
Paedophryne amauensis
Rittmeyer et al., 2012[2]

Paedophryne amauensis е вид на жаби откриен во август 2009 година, а официјално опишан и признаен во јануари 2012 година. Со своите 7,7 mm просечна должина, овие жаби официјално станаа најмалиот `рбетник на светот.

Откривање[уреди]

Овој вид беше откриен во август 2009 година од херпетологот Кристофер Остин и неговиот докторант, студентот Ерик Ритмејер, кога двајцата беа на експедиција за истражување на природното богатство на Папуа Нова Гвинеја. Новиот вид го приметиле во близина на селото Амау во Централната провинција. Откритието беше објавено во научното списание PLoS ONE во јануари 2012 година.

Карактеристики и живеалиште[уреди]

P. amauensis со своите 7,7 mm просечна должина се за само 0,2 mm пократки од претходниот рекордер во категоријата најмал `рбетник, вид на крап (Paedocypris progenetica) долг само 7,9 mm од Индонезија. Овој вид жаби живее на земја и нивниот животен циклус не ја вклучува фазата на полноглавци. Наместо тоа, тие се раѓаат како „скокачи“ - целосно оформени возрасни жаби. Можат да доскокнат и растојание еднакво на триесет пати нивната големина и произведуваат звуци со фрекфенција помеѓу 8400 - 9400 Нz. Kaко и сите други видови од фамилијата Paedophryne живеат на дното на прашумите, меѓу паднатите лисја.

Наводи[уреди]

  1. Black, Richard (11 јануари 2012). „World's smallest frog discovered“. „BBC News“. http://www.bbc.co.uk/news/science-environment-16491477. конс. 12 јануари 2012. 
  2. Rittmeyer, Eric N.; Allison, Allen; Gründler, Michael C.; Thompson, Derrick K.; Austin, Christopher C. (2012). Etges, William J.. уред. „Ecological guild evolution and the discovery of the world's smallest vertebrate“. „PLoS ONE“ 7 (1): e29797. doi:10.1371/journal.pone.0029797. http://www.plosone.org/article/info%3Adoi%2F10.1371%2Fjournal.pone.0029797. конс. 11 јануари 2012.