Opera

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Opera
Opera O.svg
Програмер: Opera Software ASA
Почетно издание: Шаблон:Release year
ОС: Повеќе платформи
Достапни јазици: Разни јазици[1]
Намена: Интернет алатка
Лиценца: Лиценциран
Мреж. место: www.opera.com

Opera е бесплатен веб прелистувач развиен од норвешката компанија Opera Software. Прелистувачот е мултиплатформски, односно можно е да се користи во повеќе оперативни системи.

Прв пат „Opera“ се појави за Windows оперативниот систем во 1996 година, а денеска актуелна е верзијата 10.10.

„Opera“ се справува со вообичаени интернет-ориентирани задачи како: приказ на мрежни страници, праќање и примање електронски пораки, ракување со контакти, IRC дискусии, преземање податотеки преку BitTorrent и читање на известувања. „Opera“ е бесплатна за персонални компјутери и мобилни телефони, но е комерцијален производ за останати уреди.

Главни одлики на „Opera“ се голема брзина, прелистување во јазичиња, зумирање на страници, гестови со глушец и вграден управувач за преземања. Безбедносните одлики вклучуваат вградена phishing заштита, силна енкрипција при прелистување безбедни мрежни места, како и можност за лесно бришење приватни податоци од тип на HTTP колачиња и прелистувачка историја со едноставно притискање на копче.

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]