OpenGL

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

OpenGL (Open Graphics Library) е стандардна спецификација на ниско ниво која се користи на повеќе платформи за пишување апликации кои создаваат 2D и 3D компјутерска графика.

Овој најшироко прифатен графички стандард, што пред се се должи на фактот дека е open-source и со тоа е достапен на сите, се состои од повеќе од 250 различни функциски повици кои можат да се користат за многу работи, вклучувајќи и комлексни тридимензионални сцени и тоа само од едноставни примитиви, како точки, линии, многуаголници, слики и битмапи, но и покомлексни примитиви и својства како списоци за приказ, трансформации за моделирање, осветлување и текстури, прозирност итн. OpenGL е создаден од Silicon Graphics Inc. (SGI) во 1992. Најмногу се користи во CAD, виртуелна реалност, научна визуелизација, информатичка визуелизација, симулација на летови итн. Како конкурент на DirectX се користи и при развој на видеоигри, со таа разлика што е независен од платформата, оперативниот систем, како и системот на прозорци кои се користи, что не е случај за DirectX.

Историјата на OpenGL започнува во 1990тите кога Kurt Akeley и Mark Segal ја напишале првата OpenGL спецификација - OpenGL 1.0. Оттогаш се издадени уште неколку верзии 1.1, 1.2, 1.2.1, 1.3, 1.4, 1.5, 2.0 и најновата верзија OpenGL 3.0 која е издадена на 11 Август, 2008 година. Моментално OpenGL е управуван од непрофитабилен конзорциум што се занимава со технологија, Khronos Group, Inc.