Olympus E-400

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Olympus E-400
Oly e 400 voorkant.jpg
Тип Дигитален еднообјективен рефлексен фотоапарат (DSLR)
Фотоматрица 17,3 x 13,0 мм 4:3 систем RGB CCD-фотоматрица
2x FOV-поткастрување
Макс. разложеност 3648 x 2736 (10 делотворни мегапиксели)
Објектив променливи 4:3 објективи
Брзина на затворач 60–1/4000 с
Светломер низобјективно мерење (TTL) со отворена бленда
49-зонски повеќеелементен
Опсег: 1 до 20 EV (50 мм F2, ISO 100)
Режим на излож. A (автоматски)
P (програмски автоматски)
A (приоритет на бленда)
S (приоритет на затворач)
M (рачно)
Светломер. режими дигитален ESP
средишно-тежишен
точка
светлинска точка
сенлива точка
Жаришни површини 3 точки со TTL фазна разлика
Жаришни режими единечно AF ( S-AF )
Непрекинато AF ( C-AF )
рачно изострување. ( MF )
S-AF + MF
C-AF + MF
Непрекин. сликање 3 кадри/сек до 10 кадри (прибл.) во висококвалитетен (HQ) JPEG режим
3 кадри/сек до 5 кадри (RAW)
Гледало оптичка пентапризма 0,92x
ASA/ISO опсег ISO 100–1600 во 1/3 чекори
Предупредување за шум > ISO 800
Блиц вграден, отскокнувачки, бр. на водилка 10 м при ISO 100, папуча
Прилагодлив WB 7 / +7 чекори за секоја R-B / G-M оска
Заден екран 6,4 см TFT LCD, 215.000 пиксели
Склад компактна флеш (тип I и II), xD склад. картичка
Батерии литиумско-јонски, на полнење
Тежина 375 гр. (само куќиште)

Olympus E-400 („Олимпус Е-400“) — дигитален рефлексен фотоапарат (DSLR) од производителот Olympus пуштен во продажба на 14 септември 2006, кој го користи објективскиот систем 4:3.[1]. Овој 10-мегапикселски апарат може да се спореди со други вакви (DSLR) апарати излезени летото 2006 со споредлива пикселажа и цена: Sony α 100, Nikon D80, Canon EOS 400D и Pentax K10D.

Фотоапаратот E-400 е значаен по своите мали димензии, по тоа што нема дршка и по тоа што користи помала фотоматрица. Тежи само 375 гр, а по големина е приближен на филмски апарати со рачно изострување, направен да потсетува на апаратите од системот Olympus OM. Апаратот оди во комплет со два телеобјектива, 14–42 мм (еквивалентен на 28–84 мм 35-милиметарски формат), f/3,5–5,6 стандарден телеобјектив со тежина од 190 гр и 40–150 мм (еквивалент на 80–300 мм) f/4,0–5,6 долг зум со тежина од 220 гр. Препорачаната цена на варијантата со еден објектив изнесувала 700 фунти, а варијантата со два изнесувала 850 фунти.[2]

E-400, како и сите фотоапарати од E-системот на Олимпус, го користи патентираниот филтер со надзвучни бранови за намалување на прашина од фотоматрицата кое се врши автоматски при вклучувањето на апаратот и по барање на корисникот; ова во најголема мера го елиминира проблемот со насобирањето на прашина во фотоматрицата.

Моделот E-400 бил контроверзен бидејќи производителот го нудел само во Европа. Остатокот од светот морал да го причека моделот E-410, кој излегол дури на пролет 2007 г. и го немал истиот Kodak-ова фотоматрица како E-400, туку го заменул со фотоматрица од Panasonic. Некои фотографи тврдат дека фотоматрицата на Kodak дава премин на боите и слика со повисок квалитет при пониска ISO-вредност.

Наводи[уреди]