Of Mice and Men

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Of Mice and Men (песна))
„Of Mice and Men“
Сингл од Мегадет
од албумот The System Has Failed
Издаден 2004 г.
Формат ЦД сингл, дигитално спуштање
Снимен 2004 г.
Жанр Хеви метал
Должина 4:05
Издавачка куќа Сануктари
Композитор Дејв Мастејн
Продуцент Џеф Болдинг и Дејв Мастејн
Хронологија на синглови на Мегадет
Die Dead Enough
(2004)
Of Mice and Men
(2004)
The Scorpion
(2005)

Of Mice and Men е вториот сингл на Мегадет од нивниот десетти студиски албум The System Has Failed.[1] Песната била издадена во дигитален формат кон крајот на 2004 г. Текстот и музиката се во комплетно авторство на Дејв Мастејн, кој за песната изјавил дека е негова автобиографска.[2]

Позадина[уреди | уреди извор]

Песната била напишана во 2003 г. додека Мастејн се опоравувал од тешката повреда на раката. Имал намера да издаде соло албум, но поради неподмирените обврски кон тогашната негова издавачка куќа, се решил да објави студиски проект под името Мегадет.[3] За време на студиските снимања имал намера да ја обнови поставата на бендот од ерата на Rust in Peace, па така имал неколку телефонски разговори со дел од поранешните членови. Тогаш повторно искрснале старите меѓусебни недоразбирања, па така Мастејн заработил и судска тужба од страна на Дејвид Елефсон поради неправично користење на името Мегадет.

Марти Фридмен имал успешна музичка кариера во Јапонија, па не му се исплатело да се враќа во САД само за неколку студиски снимања.[4] Единствено Ник Менза прифатил да се врати во групата, додека Колајута и Слоас биле најмени само за потребите на албумот. Сесиите со Крис Поланд биле додатно направени.

Видео запис[уреди | уреди извор]

За разлика од спотот за песната „Die Dead Enough“, овој пат Мегадет се појавиле со оформена постава. На овој запис, бендот настапува во замрачени простории полни со метал обожаватели, што на некој начин го отсликува мрачното расположение на песната. Повремено се појавуваат кадри од животот на Мастејн, и тоа од различни периоди на неговата младост. Во нив зборува за неговите почетоци во хеви метал музиката и за сите непријатни искушенија кои ги доживеал низ годините.

Список на песни[уреди | уреди извор]

  1. „Of Mice and Men“ – 4:05

Музички персонал[уреди | уреди извор]

Музичари за време на студиските сесии[уреди | уреди извор]

Музичари од видео записот[уреди | уреди извор]

Пласман на табелите[уреди | уреди извор]

Година Табела Позиција
2004 Рок нумери (САД)[5] 39

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Мегадет – The System Has Failed. Lastfm. Посетено на 9 ноември 2011.
  2. Интервју со Мастејн по повод издавањето на повратничкиот албум на Мегадет Архивирано на 16 ноември 2011 г. rockpages.gr
  3. Интервју со Дејв Мастејн (2004)
  4. Позадината и околностите под кои бил издаден албумот The System Has Failed Архивирано на 16 ноември 2011 г. rockpages.gr
  5. „Мегадет > Табели & награди > Билборд синглови“. Allmusic. Macrovision. Посетено на 1 јануари 2009.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]