Бентамов тутун

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Nicotiana benthamiana)
Бентамов тутун
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносеменици
Класа: Дикотиледони
Ред: Зрновидни
Семејство: Зрнци
Род: Тутун
Вид: N. benthamiana
Научен назив
Nicotiana benthamiana

Бентамовиот тутун (лат. Nicotiana benthamiana) е растение во блиско сродство со тутунот и вид на родот Никотијана со потекло од Австралија. Некои сметаат дека Бентамовиот тутун е модел-организам за изведба на растителни истражувања. На пример, листовите се прилично нежни и можат да се повредат во експерименти со цел да се проучува етиленската синтеза. Етилен е растителен хормон кој се лачи, меѓу другите ситуации, по повреди. Со помош на гасна хроматографија количеството на излачен етилен може лесно да се измери. Бентамовиот тутун е исто така и одлично целно растение за агроинфилтрација.

Видот е откриен од англискиот ботаничар Џорџ Бентам.