MD.45

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
MD.45
Жанрови Панк рок
хеви метал
Период на активност 1996
Издавачи Слаб Рекордс
Капитол Рекордс
Соработници Megadeth
Fear
Suicidal Tendencies
Electric Love Hogs
Поранешни членови
Ли Винг
Дејв Мастејн
Кели Лемју
Џими Деграсо

MD.45 е музичка група во која членуваат Дејв Мастејн и Џими Деграсо од Мегадет, како и Ли Винг и Кели Лемју. Името е добиено од обратните иницијали на Дејв Мастејн (MD) и обратните иницијали на Ли Винг (римскиот број VL на арабица се 45).[1]

Првиот и единствен нивни студиски албум The Craving го издале во 1996 година. Една декада подоцна, од Капитол Рекордс се решиле да го реиздадат целокупниот музички каталог на Мегадет. Во таа прилика, Мастејн го ремастеризирал и овој албум, но овој пат самиот тој се појавува како пејач. Оваа промена се должи на фактот дека фановите на Мегадет не ја прифатиле баш најдобро вокалната изведба на Винг. Првичното објаснување било дека од продукцијата ги немале оригиналните снимки на првото издание. Освен гласот, заменети биле и делниците на хармоника со нивно симулирање на гитара од страна на Мастејн.[2]

Членови[уреди]

Дискографија[уреди]

Датум на издавање
Наслов
Издавачка куќа Пласман на табелите Продажба во САД
23 јули, 1996
The Craving Слаб Рекордс
/
53,000
24 јули, 2004
The Craving (реиздание) Капитол Рекордс
/

Наводи[уреди]

  1. Megadeth: Scorpion, 5.12.2008.
  2. Megadeth: Scorpion, 3.3.2008.