Mлазeн мотор

Од Википедија, слободна енциклопедија

Скокни на: навигација, барај
Прат-Витни Ф100 турбофен мотор за воените авиони Ф-15 Орел и Ф-16 Сокол на тестирање.
Прат-Витни Ф100 турбофен мотор за воените авиони Ф-15 Орел и Ф-16 Сокол на тестирање.

Млазниот мотор е мотор со внатрешно согорување кај кој воздухот вшмукан од едната страна и компримиран се исфрла од другата страна под висок притисок (млаз) под дејство на топлината создадена од согорувањето на горивото. Млазните мотори претежно се користат во авијацијата, но и кај некои земни и водни возила со посебни намени.

Содржина

[уреди] Принцип на работа

Млазниот мотор работи на принципот на компресија на горивото и оксидансот (воздухот) следено од палење и експлозија во комората за согорување. Согорувањето создава топли гасови кои имаат тенденција за ширење, и се исфрлаат од задната страна на моторот. При ова се создава реактивна сила која има тенденција да го движи моторот нанапред.

За млазниот мотор може да се рече дека ги има истите фази (тактови) како и Ото-моторот (вшумукување, компресија, согорување и издув), со таа разлика што тие се одвиваат напоредно и континуирано во разни делови од моторот.

Основни делови на млазен мотор.

[уреди] Енергетска ефикасност

Ефикасноста на млазниот мотор може да се зголеми од 15-50% со додавање на водород во горивото, поради многу високата температура на согорување (видете: Карноов циклус).

[уреди] Видете и

[уреди] Референци


Лични алатки