Live Earth

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Live Earth претставува серија на концерти на сите 7 континенти на планетата Земја. Сите концерти беа одржани на 7 јули 2007 година на кој 24 часа најпознатите групи во светот пееја за климатските промени кои се случуваат на планетата Земја како резултат на зголемената индустријализација и испуштање на штетните гасови како јаглерод диоксид и метан во атмосферата. Главен виновник за појавата на глобално затоплување се смета човекот.

Концертите се одржаа во повеќе градови и тоа: Лондон, Велика Британија; Хамбург, Германија; Јоханесбург, Јужна Африка; Рио де Жанеиро, Бразил; Шангај, Кина; Сиднеј, Австралија; Њу Џерси, САД; Кјото, Јапонија и други. Се смета дека концертот во живо, преку телевизија и интернет е гледан од околу 2 000.000.000 луѓе ширум целиот свет, што е еден од најгледаните концерти во историјата. Иницијатор за одржување на концертите е поранешниот американски потпретседател Ал Гор, кој воедно е голем подржувач за стопирање на климатските промени. Иако се постигна огромна гледаност на концертите сепак 24 часовната журка доживеа фијаско бидејќи во Хамбург и Лондон, посетителите започнаа да ги напуштаат концертите. Сепак идејата за испраќање повик за стопирање на ефектот на „Стаклена градина“ до народот успеа.

Изведувачи[уреди]

На Live Earth концертите настапуваа: Black Eyed Peas, Razorlight, John Legend, Red Hot Chili Peppers, Metallica, Pussycat Dolls, Foo Fighters, Duran Duran, Ludacris, Fall Out Boy, Akon, Snoop Dogg, John Mayer, Alicia Keys, Bon Jovi, The Police, Jack Johnson, Crowded House, Joss Stone, UB40, Shakira, Enrique Iglesias, Jan Delay, Roger Cicero, Pharrell Williams, Anthony Wong, Sarah Brightman, Rihanna, Linkin Park и многу други.

Исто така на концертите и анимираните филмови се појавија: Leonardo DiCaprio, Al Gore, Petra Nemcova, Cameron Diaz, Chris Rock, Jonathan Ross, Naomi Campbell, Ian Thorpe, Charlotte Engelhardt и други. Концертот во Лондон го затвори Мадона со песната „Hey you“, која претставуваше химна на сите Live Earth концерти.

Критика[уреди]

На крајот од концертите кои беа наменети за спас на планетата Земја се собра околу 7 тона расфрлано ѓубре, иако анимираните филмови едуцираа за потребата ѓубрето да заврши во контејнери. Исто така организацијата добија критика дека превозот на познатите пејачи до местото каде што требаше да пејат троши огромно количество гориво, што сепак е спротивно од повикот за намалување на штетните гасови од автомобилите и авионите. Но сепак организаторите објавија дека концертите биле според строгите правила за заштита на животната средина.

Надворешни врски[уреди]