Liquid Tension Experiment (албум)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Liquid Tension Experiment
Омотот на албумот
Студиски албум на Liquid Tension Experiment
Издаден 10 март, 1998
Снимен  ???
Жанр Прогресивен метал
Инструментален рок
Џез рок
Времетраење 74:04
Издавач Magna Carta
Продуцент(и) Liquid Tension Experiment
Хронологија на Liquid Tension Experiment
Претходен албум
/
/
Следен албум
Liquid Tension Experiment 2
(1999)


Liquid Tension Experiment биз издаден во 1998 од страна на Liquid Tension Experiment преку Magna Carta. Групата се состоела од Џон Петручи (гитари), Мајк Портној (тапани), Тони Левин (бас, чапманов стик) и Џордан Рудес (клавијатури).

Листа на песни[уреди]

  1. „Paradigm Shift“ – 8:54
  2. „Osmosis“ – 3:26
  3. „Kindred Spirits“ – 6:29
  4. „The Stretch“ – 2:00
  5. „Freedom of Speech“ – 9:19
  6. „Chris and Kevin's Excellent Adventure“ – 2:21
  7. „State of Grace“ – 5:01
  8. „Universal Mind“ – 7:53
  9. „Three Minute Warning (Part 1)“ – 8:20
  10. „Three Minute Warning (Part 2)“ – 4:02
  11. „Three Minute Warning (Part 3)“ – 5:18
  12. „Three Minute Warning (Part 4)“ – 4:20
  13. „Three Minute Warning (Part 5)“ – 6:31


Забелешки[уреди]

  • „State of Grace“ исто така се појавува на An Evening with John Petrucci and Jordan Rudess
  • „Paradigm Shift“ и „Universal Mind“ се наоѓаат во „instrumedley“ од албумот Live at Budokan на Dream Theater.
  • „Paradigm Shift“ го отвара CD-то со експозија на ноти и многу брзо темпо со цел да ги прикаже техничките способности на групата. Темпото подоцна забавува за делот на Петручи и Левин.
  • „Three Minute Warning“ е референца на сесиите при снимањето каде што Левин сакал да импровизира спротивно на Петручи и Портној кои сакале внимателно на пишуваат песни. Левин им кажал на другите дека доколку не започнат да свират што било во рок од три минути, тој само ќе си замине дома. Песната „Three Minute Warning“ е снимка на тоа што следело. Снимката била толку неочекувано течна што лентата на која што снимале се потрошила по околу 27 минути од свирењето, но за среќа снимачот на дигитални аудио касети на Портној го архивирал и крајот. Задниот дел од омотот на CD-то вели: „ВНИМАНИЕ: "Three Minute Warning“ не е за музички слабо-срцевите, за нестрпливите или пак за критичарите кои се премногу самоуверени во себе. Доколку припаѓате во која било од горенаведените категории, ве молиме стиснете го копчето стоп на вашиот CD пуштач по песната #8.“
  • Дел од „Universal Mind“ се појавува во солото на Џордан Рудес во Live Scenes from New York, албум на Dream Theater .

Надворешни врски[уреди]