Linaceae
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Linaceae | |
|---|---|
| Linum usitatissimum | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Plantae |
| Оддел: | Magnoliophyta |
| Класа: | Magnoliopsida |
| Ред: | Malpighiales |
| Фамилија: | Linaceae |
| Родови | |
|
Види го текстот. |
|
Linaceae е фамилија на цветни растенија, позната и како фамилија на ленот. Оваа фамилија е со космополитско распространување, со околу 250 видови. Постојат осум родови, од кои најголемиот е Linum (лен), со околу 180 до 200 видови.
[уреди] Морфологија
Повеќето претставници се тревести или ретко дрвенести, а во тропските региони има и големи дрвја. Простите целокрајни листови се речиси секогаш наспрамни, понекогаш со прилисници.
Цветовите се хермафродитни, актиноморфни (целосно симетрични) и петделни (многу ретко четириделни во тропите). Постојат пет венечни и пет чашкини ливчиња, десет прашници и до десет семки. Семињата се образуваат на пет двоклеточни плодни листови. Цветовите на повеќето култивирани вариетети се темно или светло сини. Но, се среќаваат и бела, виолетова, розева или црвена боја на цветот, што ги прави привлечни украсни растенија. Семињата се сјајни и може да се темнокафеави или жолти.
[уреди] Систематика
Во постарите класификациски системи (како Кронквистовиот), оваа фамилија била сместувана во свој посебен ред - Linales. Поновите систематики ја сместуваат во редот Malpighiales. Некои поважни родови од Linaceae се:
[уреди] Употреба
Еден вид, Linum usitatissumum, се одгледува поради фибрилите и семињата. Семето е извор на ленено масло и храна.
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Linaceae“ |
