id Tech 3

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
id Tech 3
Логото на погонот id Tech 3
Прв пат искористен во Quake III Arena Star Trek: Elite Force II е една од последните игри што го користела
id Tech 3 во Quake III, првата игра со погонот, и Elite Force II, една од последните
Програмери id Software
Прог. јазик Ц
Вид Погон за видеоигри
Лиценца ГНУ-ова општа јавна лиценца

id Tech 3 (се чита: ид тек) е погон за видеоигри изработен од id Software за Quake III Arena, искористен за многу игри под ознаките Quake III Arena engine и Quake III: Team Arena engine. Во неговото време се натпреварувал со погонот Unreal. И двата погони многу се користени.

id Tech 3 е голем напредок од погонот Quake и id Tech 2. Иако id Tech 3 е произлезен од id Tech 2, големи делови од кодот се нови или повторно напишани. Заменет е од страна на id Tech 4, кој е произлезен одid Tech 3, но содржи многу малку од првичниот код.

На QuakeCon 2005, Џон Кармак најави дека изворниот код на Quake III ќе биде објавен под ГНУ-овата општа јавна лиценца (верзија 2). Објавен беше на 19 август, 2005 година. Кодот е достапен за симнување од интернет на фтп-страната на id.

Користење на погонот[уреди]

Проекти базирани на слободниот изворен код[уреди]

  • ioquake3 – Проект за отстранување на багови и на стариот код за користење на глувче, за расчистување на изворниот код и за додавање поусовршени графички и звучни можности преку SDL и OpenAL, кој треба да служи како чист основен пакет за други проекти. Овој погон го поддржува форматот Ogg Vorbis и снимање на демо-снимки во форматот .avi.[1] Меѓу игрите кои го користат овој погон се World of Padman, OpenArena и Tremulous.
  • Space Trader - Акција/Стратегија од HermitWorks Entertainment
  • Smokin' Guns - полу-реалистична симулација на атмосферата во „Дивиот Запад“. Почнала како модификација за Quake 3, но прераснала во самостојна игра. Почнала да го користи погонот ioquake3 2009 година[2].
  • Urban TerrorМод за Quake 3 што сега е самостојна игра. Изворниот код сè уште не е јавно објавен.

Производи што користат неслободна лиценца[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Валич, Тео (3 април 2007). „Two free games based on the Quake 3 engine tip up“. „The Inquirer“. http://www.theinquirer.net/inquirer/news/1040566/two-free-games-quake-engine-tip. конс. 12 јануари 2010. 
  2. Бугар, Гијом (алијас Tequila) (22 јануари 2009). „Smokin'Guns ioQuake3 backport“. „Smokin'Guns Productions“. http://www.smokin-guns.net/viewtopic.php?t=1518. конс. 26 јануари 2010.