I округ (Париз)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Прв (I) округ на Париз
—  Француски општински округ  —
Лувр и Тилери, видени од северната страна
Париз и најблиските предградија
Држава Франција
Регион Ил-де-Франс
Департман Париз
општина Париз
Управа
 • Градоначалник Жан-Франсоа Легаре
Површина
 • Вкупна 1,83 км2
Население (попис од 8 март 1999)[p]
 • Вкупно 16.888 жит.
 • Проц. (2005) 17.700
  Population sans doubles comptes: single count of residents of multiple communes (e.g. students and military personnel).

Првиот округ во Париз е еден од 20 арондисмани (административни окрузи) на главниот град на Франција.

Се наоѓа главно на десниот брег на реката Сена, но го вклучува и западниот крај на Ил-де-ла-Сите. Овој округ е еден од најстарите во париз бидејќи Ил-де-ла-Сите било срцето на градот Лутеција, освоен од Римјаните во 52 п.н.е., додека некои делови на десниот брег (вклучително и Ле-Ал) датираат од Раниот Среден век.

Тој е најмалку населениот округ во градот и опфаќа најмала површина, на која се наоѓа музејот Лувр и Тилериската градина. Останатиот дел е посветен на бизнисот и администрацијата.

Грбот на Париз

20-те окрузи
на Париз
17-ти 18-ти 19-ти
  8-ми 9-ти 10-ти 11-ти 20-ти
16-ти 2-ри 3-ти
1-ви 4-ти 12-ти
Река Сена
  7-ми 6-ти 5-ти 13-ти
15-ти 14-ти

Географија[уреди]

Првиот округ е мошне мал и се протега на површина од само 1,83 km2 (0.705 квадратни милји, или 451 акри).

Демографија[уреди]

Во 1999, населението на округот броело 16,888, а според работни места 63,056, со што според бизнис активност е рангиран на 4то место, зад 2-от, 8-от, и 9-от париски округ.

Историска популација[уреди]

Година
(на француски попис)
Население Густина
(жители на km²)
1861 (peak of population)¹ 89,519 49,025
1872 74,286 40,593
1954 38,926 21,271
1962 36,543 20,013
1968 32,332 17,706
1975 22,793 12,482
1982 18,509 10,136
1990 18,360 10,055
1999 16,888 9,249
2005 17,700 9,693

¹Округот бил создаден во 1860 така што нема број на население пред 1861.

Квартови[уреди]

Секој од 20 париски окрузи е поделен на 4 кварта (quartiers ). Табелата долу ги покажува квартовите на I округ. бројки од пописот во 1999

Кварт Население Површина
(in km²)
Density
(inh. per km²)
Кварт Сен-Жермен-Локсероа 1,670 0.871 1,917
Кварт Ле Ал 8 980 0.412 21,796
Кварт Пале-Ројал 3,190 0.279 11,434
Кварт Плоштад Вандом 3,040 0.270 11,259

Економија[уреди]

Француската канцеларија на Korean Air се наоѓа во 1-от округ.[1]

Порано, главната канцеларија на Air Inter се наоѓала во овој округ.[2]

Образование[уреди]

Во првиот округ постојат две градинки (écoles maternelles), 2 основни училишта (écoles élémentaires), едно средно училиште (collège), и една гимназија (lycée).[3]

Државните градинки се École Maternelle Auxerrois и École Maternelle Sourdiere.[3] Државните школи се École Élémentaire Arbre Sec и École Élémentaire D'Argenteuil.[4][3] Средното училиште Collège Jean-Baptiste Poquelin е единственото државно средно училиште во округот.[5] А гимназијата Lycée Professionnel Commercial Pierre Lescot е единствената државна гимназија во округот.[6] Приватни основни и средни образовни институции се: École Élémentaire Privée Notre-Dame-Saint-Roch, École du 2nd Degré Professionnel Privée Pigier, и École Technologique Privée de Dessin Technique et Artistique Sornas.[3]

Мапа[уреди]

Мапа на првиот париски округ

Позначајни места[уреди]

Мостови[уреди]

Улици и плоштади[уреди]

Наводи[уреди]

  1. "Aperçu / Info de Contact." Korean Air. Retrieved on 30 August 2011. "Sièges en Europe 9 boulevard de la Madeleine 75001 Paris France"
  2. "Direction des Bases Aeriennes." Direction Générale de l'Aviation Civile. March 1975. 22/28. Retrieved on 26 June 2010.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 "Rechercher un établissement." Académie Paris. Retrieved on 25 October 2011.
  4. "Les mentions légales :." École Élémentaire Arbre Sec. 14 February 2008. Retrieved on 15 October 2011. "Adresse postale : Ecole Arbre sec 19,rue de l'Arbre sec 75001 Paris"
  5. "Accueil." Collège Jean-Baptiste Poquelin Retrieved on 25 October 2011. "6, rue Molière - 75001 PARIS"
  6. "Contact." Lycée Professionnel Commercial Pierre Lescot. Retrieved on 25 October 2011. "35 Rue des Bourdonnais, 75001 PARIS"

Надворешни врски[уреди]

Search sister project Википарување има туристички водич за 1st arrondissement.