ISO 3166-2:AT

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

ISO 3166-2:AT е дел од стандардот ISO 3166-2 на Меѓународната организација за стандардизација (ISO) посветен на Австрија. Стандардот ги пропишува кодовите на главните административни единици на сите земји, кои се пак утврдени со ISO 3166-1.

Кодовите на Австрија се однесуваат на нејзините девет сојузни покраини.

Секој код се состои од два дела, одвоени со цртичка. Првиот е AT (државниот код согласно ISO 3166-1 алфа-2), а вториот е цифра (1–9).

Карта на покраните во австрија, означени со својата цифра
Код Единица Германски
AT-1  Бургенланд Burgenland
AT-2  Корушка Kärnten
AT-3  Долна Австрија Niederösterreich
AT-4  Горна Австрија Oberösterreich
AT-5  Салцбург Salzburg
AT-6  Штаерска Steiermark
AT-7  Тирол Tirol
AT-8  Предарлска Vorarlberg
AT-9  Виена Wien

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]