IOS

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

iOS (предходно iPhone OS) е оперативен систем за мобилни телефони развиен и дистрибуиран од Apple Inc. Првобитно издаден во 2007 за iPhone и iPhone touch, потоа е продолжен за поддршка и на други Apple уреди како iPad и Apple TV. За разлика од Windows CE од Microsoft и Андроид од Google, iOS од Apple не е лиценциран за инсталација на хардвер кој не припаѓа на Apple.Од 12 јуни 2012, продавницата за апликации на Apple ( App store ) содржи повеќе од 650 000 iOS апликации кои колективно биле преземени повеќе од 30 милијарди пати. Apple имаше 23% удел на пазарот за смартфон оперативни системи продадени во последниот квартал на 2012, веднаш зад Андроид на Google. Во јуни 2012 година , 65% од потрошувачката на мобилни веб податоци припаѓале на Аpple ( вклучуваќи го користењето на iPod touch и iPad). Во првата половина на 2012 година беа активирани 410 милиони уреди. Корисничкиот интерфејс на iOS е базиран врз концептот на директна манипулација со користење на повеќе допирни гестови. Интерфејсот за контрола на елементи се состои од лизгачи , прекинувачи и копчиња. Одговорот на наредбата од корисникот е брз и обезбедува лесен интерфејс. Интеракцијата со оперативниот систем вклучува гестови како лизгање, допирање, штипење и обратно штипење, и сите имаат специфични дефиниции во контекстот на iOS оперативниот систем и неговиот повеќе допирен интерфејс. Внатрешните акцелерометри се користени од страна на некои апликации како одговор на тресење на уредот ( еден чест одговор е чекор назад командата ) или ротација во три димензии ( еден чест одговор е менување од портрет во пејзаж). iOS е изведен од OS X, со кој ја дели Дарвиновата основа, со што е Unix оперативен систем. Во iOS има четири одделни слоеви: слој со јадрото на оперативниот систем , слој со основни или јадрени услуги, слој со медиуми и допирен слој. Тековната верзија на оперативниот систем ( iOS 5.1.1 ) посветува 1 до 1.5 гигабајти од флеш меморијата на уредот за системот на поделба, околу 800 мегабајти од тој дел (зависи од моделот) за самиот iOS.

Историја[уреди]

Оперативниот систем беше представен заедно со iPhone на Macworld Conference & Expo,на 9 ти Јануари 2007 година, а објавен во Јуни истата година. На почетокот, маркетинската литература на Apple не прецизираше посебно име на оперативниот систем, беше едноставно наведено дека iPhone работи на OS X. На почетокот апликации од трети лица не беа поддржани. Стив Џобс тврдеше дека програмерите можат да изградат web апликации кои би се однесувале како вродени апликации на iPhone. На 17 Октомври 2007 Apple најави дека домашниот статус за развој на софтверот бил во развој и дека бил планиран да се предаде на програмерите во Февруари. На 6ти Март 2008 година Apple ја објавиле првата бета заедно со ново име за оперативниот систем iPhone OS. Apple го објави iPhone Touch кој ги имаше повеќето способности на iPhone а не беше телефон. Исто така Apple продаде повеќе од еден милион iPhone телефони за време на празничната сезона во 2007. На 27 Јануари 2010 Apple го објави iPad кој има поголем екран од iPhone и iPod touch и е наменет за web пребарување, консумирање на медиуми и читање електронски книги. Во Јуни 2010 Apple го ребрендираше оперативниот систем на iPhone во iOS. Трговската марка iOS била користена од страна на CISCO повеќе од една деценија за нивниот оперативен систем iOS користен на рутерите. За да избегнат потенцијални тужби Apple го лиценцираше брендот iOS на Cisco.

Историја на верзиите[уреди]

Apple ја лиценцираше трговската марка iOS од Cisco Systems (сопствениците на iOS) истата компанија со која Apple предходно го разреши спорот со трговската марка iPhone. Аpple го објави iOS 4 на 21 јуни 2010 година, три дена пред објавувањето на iPhone 4 во обид да се намали оптовареноста на серверите на Apple. iOS 4 беше првата верзија на оперативен систем чија надградба беше бесплатна за iPod Touch, предходно Аpple наплаќаше 4,99$ за секоја надградба. Аpple предходно најави дека корисниците на iPad со 3.x софтвер ќе добијат бесплатна надградба за следната голема (4.х) верзија. iOS 4.0.1 вклучи поправка на индикаторот на јачина на сигналот за прием. Беше објавен на 15 јули 2010, еден ден пред конференцијата на Apple со одговорот на проблемот на антената на iPhone. Apple објави и iOS3.2.1 за iPad со што ги поправи безжичната интернет конекција, видео репродукцијата и копирај-залепи за PDF прикачувањата меѓу другите надградби. iOS 4.1 за iPhone и iPhone touch беше објавен на 8ми септември 2010 година. Надградбата поправи некои грешки пријавени од страна на корисниците, го подобри животниот век на батеријата, додаде неколку нови функции :

  • Центар за игри каде гејмерите играат игри со повеќе играчи онлине, можат да ги испратат своите резултати и да отклучат нови достигнувања (Apple го отстрани центарот за игри од iPhone 3G поради поплаки од бавни перформанси)
  • Способноста да се вклучи и исклучи проверка на правописот.
  • HDR фотографирање ( само за iPhone 4 и 4s)
  • Ping, социјална музичка мрежа и алатка за откривање.

iOS 4.1 истотака ги надгради поставувањата за оператори (во тоа време во САД AT&T само 8.0). Во исто време, во Американската продавница iTunes US Store стана достапно изнајмувањето на ТВ шоуа. iOS 4.2 никогаш не беше објавен, но на негово место беше објавен iOS 4.2.1 на 22 ноември 2010. Оваа верзија додаде компатибилност со iPad . Понатаму за iOS 4.2.5 беше издадена како демо верзија за CDMA верзијата на iPhone 4. Оваа верзија на iPhone 4 беше објавена за Verizon Wireless потрошувачите во Америка на 10 февруари 2011, но можеше да биде арачан порано од страна на квалификувани клиенти на Verizon Wireless на 3ти февруари. Верзијата објавена со телефонот 4.2.6 има некои мали UI промени специјални за CDMA верзијата од телефонот вклучуваќи и копче личен ХотСпот во апликацијата за подесување , услуга која треба да биде активирана од страна на операторот со цел функцијата да биде употреблива. Ова стана достапно за купување од Verizon , како посебен план како што е во моментов можно на други паметни телефони. iOS 4.3 бил објавен на 9ти Март 2011 два дена пред да биде издаден iPad 2 во САД. Во прилог на предходните функции јавната објава на iOS 4.3 вклучуваше многу нови функции како Nitro Java Script во Сафари што направи Сафари да работи и два пати побрзо според Apple. Домашното споделување на iTunes Home Sharing исто така доби голема ревизија со iOS 4.3; и им овозможува на корисниците да се вклучат на нивните домашни безжични интернет мрежи и да пренесуваат содржини од iOS уреди до звучници, телевизори и други уреди и обратно. Личниот Хот Спот за iPhone 4 е нова функција на DSM iPhone телефоните ( предходно објавена со Verizon CDMA iPhone) што му дозволува на корисникот да создаде безжична интернет мрежа со iPhone 4 и да обезбеди пристап со интернет за пет други уреди на Verizon wi-fi и три на AT&T. Како додаток, личното копче на iPad сега се персонализира и корисниците можат да го користат како целосно исклучување на звукот или како копче за заклучување на ротацијата на екранот. iOS 4.3 не беше објавен за CDMA iPhone телефони кои останаа на 4.2.х верзија додека не беа надградени до iOS 5 заедно со останатата iOS линија на 12 октомври 2012. iOS 5.0 и неговите функции беа објавени на 6ти Јуни на WWDC 2011 keynote address. Надградбата беше објавена во 18 часот на 12 октомври 2011. iOS 5 го представи сервисот iCloud и центарот за известување како и подобрувања на веќе постојаните апликации како камерата. Оперативниот сисмет вклучува и нови апликации како подсетник и вести, посебна папка на домашниот екран и категории во продавницата за апликации што содржи апликација за весници и списанија. iMassage е апликација која му овозможува на корисниците на iPod touch, iPhone и iPad да комуницираат слично на сервис за раговор што може да биде коисен само помеѓу овие уреди. Функцијата iMassagе беше интегрирана во апликацијата пораки во iPhone. Апликацијата iPod на iPhone и iPad сега е поделена на апликација за музика и за видео исто како на iPod Touch. На IPhone 4s Беше додаден виртуелен асистент наречен Siri. Siri им овозможува на корисниците да зборуваат со нивниот iPhone 4s и да извршуваат различни задачи, да праќаат пораки, да создаваат потсетници и да пребаруваат на интернет. Новиот оперативен систем интегрираше и апликација Твитер. Сите уреди сега можат да бидат поставувани без користење на компјутер или лап-топ. Скоро сите апликации беа надградени со нови функции или редизајниран интерфејс. Беа надградени и сигурносните грешки. Според Apple новиот оперативен систем има над 200 функции.

iOS 5.1 беше објавен паралелно со iPad и Apple TV (трета генерација) за време на посебна пресконференција на Yerba Buena Center за уметности во Сан Франциско на 7ми март 2011. Само мал дел од овај настан беше посветен на објавувањето на новиот софтвер и беше гледан како минимално растечка објава. Подоцна истиот ден корисниците на iOS уреди имаа можност да го надградат новиот оперативен систем. Новите функции вклучуваат поддршка за Siri на Јапонски јазик како и можноста за бришење на слики од Photo Stream на iOS уреди. IPad доби редизајнирана апликација за камерата. Над-воздушното 3G ограничување на симнување од продавницата за апликации беше зголемена од 20 Mb до 50 Mb.

iOS 5.1.1 беше објавен во пролетта 2012 оваа надградба вклучува различни поправки и надградба за сигурност. Беше последната надградба што ја поддржуваше оргиналниот iPad и третата генерација на iPod Touch.

iOS 6 беше најавен на 11 јуни 2012 на важниот настан на Apple WWDS 2012. Ќе има над 200 нови функции во iOS 6 вклучуваќи и :

  • Мапи, Новиот софтвер за мапирање на Apple (TomTom наместо Google Maps) навигација кривина по кривина, сообраќај и прелетување.
  • Поддршка за Siri на iPad трета генерација, портови, филмови и ресторани.
  • Интеграција на фејсбук (слична на интеграцијата на Твитер на iOS 5), објавување дирекно на фејсбук, контакти, календар, апликации и песни.
  • Заедничи Photostream
  • Passbook
  • Face Time преку мобилнен телефон.
  • Нови функции за апликациите на телефонот
  • Промени во апликацијата за пошта
  • iCloud јазичиња на Сафари
  • Нови функции за пристапност
  • Ремоделирани продавници (iTunes, App Store, iBooks)
  • Нови функции за Кина

Овој нов интерфејс треба да биде објавен за употреба есента во 2012 година.

Карактеристики[уреди]

Почетен екран[уреди]

Шаблон:Unreferenced section Почетниот екран (изречен и исто така познат како "SpringBoard" ) ги прикажува иконите на апликациите и dock на дното на екранот, каде што корисниците можат да ги утврдат нивните најчесто користени апликации. Почетниот екран се појавува секогаш кога корисникот се префрла на уредот или притиска на "Старт" копчето (физичко копче на уредот). На екранот има статус бар преку врвот за приказ на податоци, како што се времето, нивото на батеријата, и јачина на сигналот. Остатокот од екранот е посветен на тековната апликација. Кога лозинка е поставена и корисникот се префлра на уредот, се прикажува заклучувачот на екран.

Податотека:IPhone 4S status bar.png
IPhone-от 4S статусната лента ги прикажува своите икони. Од лево кон десно: Јачина на сигналот, име на мобилниот оператор, Wi-Fi јачина на сигналот, VPN конекција, време, ориентација на заклучување, локациски услуги, будилник, TTY, AirPlay Mirroring, и статусот на батеријата. (Не е прикажана: режим на работа во авион, пренасочување на повик, уред за заклучување, personal hotspot, режим на мобилната мрежа, позадинско аудио, Bluetooth, WiFi синхронизација, индикатор на мрежна активност и батериски процент)

Откако е појавена IOS верзијата 3.0, функцијата Spotlight Search е достапна на најлевата страница на почетниот екран страница овозможувајќи им на корисниците да пребаруваат низ медиуми, апликации, е-маилови, пораки, контакти и слични датотеки.

Датотеки[уреди]

Шаблон:Unreferenced section Со iOS 4 дојде воведување на едноставен систем на датотеки. Кога апликациите се во “режим на тресење”, било кои две може да бидат одвлечени на врвот на едни со други да се создаде датотетка, и од тогаш па натаму, повеќе апликации може да се додадат во папката со користење на истата постапка, до 12 за iPhone и iPod touch и 20 на iPad. А насловот за папката е автоматски избрана од типот на апликациите внатре, но името, исто така, може да се уредува од страна на корисникот.

Центар за известување[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Notification Center.

Шаблон:Unreferenced section Во ажурирањето на iOS 5, функцијата за известувања беше комплетно редизајниран. Известувањата сега се собираат во прозорец кој може да се влече надолу од врвот на екранот. [1] Ако корисникот го допре добиеното известување, тој / таа ќе оди на апликација која го испраќа известувањето.

Вклучени апликации[уреди]

Почетниот екран на iOS ги содржи овие стандардни "апликации". Некои од овие апликации се скриени од стандардните и посетени од страна на корисникот преку подесувања на апликациите или друг метод-за пример, Најк + iPod се активира преку подесувања на аппликациите.

+ colspan="3" style="font-size: 90%;" |Основно

Серија iPhone iPod Touch iPad
Модел 1 3G 3GS 4 4S 1 2 3 4 1 2 3ти
Телефон Телефон 1.0 2.0 3.0 4.0 5.0 Н/П Н/П
Mail E-mail клиент 1.1.3 2.1.1 3.1.1 4.1 3.2 4.3 5.1
Safari Веб пребарувач 1.1
Музика Пренослив медиа плеер 1.0
(iPod)
2.0
(iPod)
3.0
(iPod)
4.0
(iPod)
3.2
(iPod)
4.3
(iPod)
Видеа Видео плеер 3.2 4.3

Наводи[уреди]

Второстепно
Серија iPhone iPod Touch iPad
Модел 1 3G 3GS 4 4S 1 2 3 4 1 2 3ти
Пораки Текстуални пораки 1.0 2.0 3.0 4.0 5.0 Н/П Н/П
СМД Н/П 3.0
iMessage инстантно допишување Н/П 5.0 Н/П 5.0 5.0 5.1
Календар Календар 1.0 2.0 3.0 4.0 1.1 2.1.1 3.1.1 4.1 3.2 4.3
YouTube YouTube video streamer
Фотографии Гледач на фотографии
Гледач на видеа 2.0 2.0
Сечење, поправање на црвено око, авто подобрување and ротирање на фотографиите Н/П 5.0 Н/П 5.0 5.0
Камера Камера 1.0 2.0 3.0 4.0 Н/П 4.1 Н/П 4.3
Видео камера Н/П
Автоматски фокус 4.0 Н/П Н/П
ВДОС Н/П 4.1
Сечење, поправање на црвено око, авто подобрување and ротирање на фотографиите 5.0 5.0 5.0
FaceTime Видео разговори Н/П 4.0
(Phone)
5.0
(Phone)
4.1 4.3
Photo Booth Апликација на камерата со додадени специјални ефекти Н/П Н/П
Акции Yahoo! Finance 1.0 2.0 3.0 4.0 5.0 1.1.3 2.1.1 3.1.1 4.1 Н/П
Време Yahoo! Време
Белешки Едноставна програма за правење белешки 3.2 4.3 5.1
Мапи Google Maps
Assisted GPS Н/П Н/П 3.2
(WiFi + 3G)
4.3
(WiFi + 3G)
5.1
(WiFi + 4G)
Apple-изворни мапи Н/П 6.0 Н/П 6.0 Н/П 6.0
Turn-by-turn navigation Н/П 6.0 Н/П Н/П
Штанд за вести Продавница за весници и списанија Н/П 5.0 5.0 Н/П 5.0 5.0 5.1
Потсетници Апликација за листа со приоритетни работи
Гласовни белешки Диктафон 3.0 3.0 4.0 3.0 3.1.1 4.1 Н/П
Калкулатор Калкулатор 1.0 2.0 1.1 2.1.1
Научен калкулатор (предизвикана со ротирање на пејзаж) 2.0 2.0
Часовник Часовник на светот, стоперка, аларм and тајмер 1.0 1.1 Н/П 6.0
Прилагодувања Прилагодувања 3.2 4.3 5.1
Контакти Адреси/именик 1.0
(Телефон)
2.0
iTunes Access to the iTunes Музичка Продавница and iTunes Подкаст Директориум 1.1
App Store За купување на iOS апликации 2.0 2.0
Компас Компас Н/П Н/П Н/П
Најк + iPod rowspan=2 style="background: #ececec; color: grey; vertical-align: middle; text-align: center; " class="table-na" | Н/П 2.1.1 3.1.1 4.1 Н/П
Центар за игри colspan=2 style="background:#90ff90; color:black;" class="table-yes" | 4.1 4.1 4.2.1 4.3 5.1
Гласовна контрола Едноставна гласовна контрола Н/П 3.0 4.0 5.0
(with Siri disabled)
Н/П 3.1.1 4.1 Н/П
Siri Личен говорен помошник Н/П 5.0 Н/П Н/П 6.0