Honesty (песна на Били Џоел)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Honesty“
Сингл од Били Џоел
од албумот 52nd Street
Страна Б Root Beer Rag
Big Shot(PER)
Издаден 1979
Текстописец Били Џоел
Формат 7"
Снимен 1978
Жанр Рок
Должина 3:53
Издавачка куќа Columbia
Продуцент Фил Рамоне
Хронологија на синглови на Били Џоел
Big Shot
(1979)
Honesty
(1979)
Until the Night
(1979)

Honesty“ е песна од Били Џоел издадена во 1979 како третиот сингл од неговиот албум 52nd Street. Се искачила на 24 место на Билборд Хот 100, станувајќи третиот последователен топ 40 хит од албумот.

„Honesty“ била позната во Јапонија неколку децении и била преработена од многу источноазиски музичари како Чукузен Сато, Хајиме Мизогучи, Никотин и K. Песната била вклучена на јапонското издание на компилациониот албум од Џоел Greatest Hits Volume 2, како бонус песна и била вклучена во неколку реклами во Јапонија. Во мај, 2009, верзијата на Џоел добила златна сертификација од Јапонија за 100,000 копии спуштени како рингтон.[1] Дел од песната е преземен од песна од Паул Симон наречена „Tenderness“, од неговиот албум од 1973 There Goes Rhymin' Simon.

Список на песни[уреди]

  1. „Honesty“
  2. „Root Beer Rag“
  3. „The Mexican Connection“ (Б-страна во САД)

Табели[уреди]

Chart (1979) Peak
position
Австралија 80
Холандија[2] 31
Јапонија Oricon 53
Нов Зеланд 38
САД Билборд Хот 100 24
САД Билборд Возрасни Современи Песни 9

Верзија на Бијонсе Ноулс[уреди]

„Honesty“
Песна од Бијонсе Ноулс од албумот I Am... Sasha Fierce: Платинум Издание
Снимен 2007
Жанр Урбан современ, возрасен современ
Должина 3:47
Куќа Columbia
Текст Били Џоел, Рамон, Ноучс
I Am... Sasha Fierce: Платинум Издание список на песни
Why Don't You Love Me
(15)
"Honesty"
(16)
„Save the Hero“
(17)

Во 2008, Бијонсе Ноулс ја преработила верзијата на Били Џоел за компилацискиот албум на нејзината поранешна група Destiny's Child, наречен Love Destiny.[3] Песната била вклучена на Платинестото издание на нејзиниот трет студиски албум, I Am... Sasha Fierce.[4]

Верзијата на Ноулс била опишана како балада, која за жал е иронично дополнение на албумот.[5] Служејќи како шеснаесеттата песна на Платинум изданието на I Am... Sasha Fierce, песната е спротивна од претходната „Why Don't You Love Me“.[6] Песната го прикажува душевниот вокал на Ноулс и нејзиниот голем глас.[7] Песната станала многу популарна на корејските табели за време на нејзините концерти во Сеул во 2009.[8]

Табела (2008) Највисока
позиција
Корејски Топ 100 Синглови[9] 2

Наводи[уреди]