Half Life 2 Episode One

Од Википедија — слободната енциклопедија
Half-Life 2: Episode One
Изработувач(и) Valve Корпорација
Издавач(и) Valve Корпорација
Дистрибутер Electronic Arts (retail)
Steam (online)
Погон Source
Подлоги Windows, Mac OS X, Xbox 360, PlayStation 3
Датум на издавање Јуни 1, 2006
Жанр(ови) First-person shooter
Режим(и) Single-player
Медиум DVD, Blu-ray Disc, Симнување од интернет
Побарувања Windows Minimum
1.2 GHz processor, 256 MB RAM, DirectX 6-compatible card, Internet connection[1]
  1. „Steam — Half-Life2: Episode One“. Steam. Посетено на 2008-04-09.
Начин на
контролирање
Keyboard and mouse

Half-Life 2 : Episode One е првата епизода од трилогијата на епизоди од популарната first-person Shooter игра Half Life 2. Беше развиена од Valve корпорацијата, и за првпат пуштена во продажба на 1, јуни 2006. Првото име на оваа епизода беше Half Life 2: Aftermath, но подоцна беше преименувана во Episode One, откако Valve се одлучи овие делови да бидат наречени епизоди.Слично на Half Life 2, Episode One го користи Source енџинот.

Дејствијето во играта се случува веднаш по она од Half Life 2, во и околу Градот 17. Episode One ги следи авантурите на научникот Гордон Фримен и неговата придружничка Алекс Венс, кои се борат за да го спасат човештвото од нечовечката раса на Комбинираните. Приказната започнува, откако Гордон ќе се пробуди надвор од Цитаделата, после експлозијата на нејзиниот врв. За време на целата игра Алекс и Гордон се обидуваат да излезат од Градот 17 но и да евакуираат сè повеќе граѓани пред, повторно да експлодира темната енергија од Цитаделата. Кон крајот на играта, откако Алекс и Гордон конечно ќе се качат на возот за да го напуштат градот, Цитаделата ќе експлодира, а што се случува потоа ни открива Half-Life 2 : Episode Two.

Episode One e дел од The Orange Box пакетот на Valve, кој содржи 5 видеоигри: Episode One, Portal, Episode Two, Team Fortress 2. Episode One доби позитивни критики во однос на приказната и гејмплејот во играта.Единствено нешто од кое играчите не беа задоволни беше тоа што цената на играта е несоодветна во однос на нејзиниот краток гејмплеј од 4-6 часа.

Гејмплеј[уреди | уреди извор]

Низ Half Life 2 Episode One играчот се пробива низ различни локации во гратчето 17 и се соочува со разни непријатели и чудовишта. Гејмплејот се наоѓа некаде помеѓу борбено-ориентирани предизвици и и физички-засновани загатки. Во играта гледаме низ очите на Гродон Фримен. На екранот се гледаат само неговите раце и оружјето со кое моментално раководи и покажувачот на сила, енергија и муниција.Низ играта на различни места играчот наоѓа различни оружја, соодветни за непријателот со кој треба да с ебори во тој дел од играта. На почетокот на играта, играчот добива едно необично оружје, Гравитацискиот Пиштол кој му овозможува да манипулира со предметите во просторот на различна далечина и да решава логички загатки.

Вештачката интелегенција за Алекс, придружничката на Гордон, беше дизајнирана така што ги надополнува можностите на играчот во играта. Пример за тоа е борбата во подзејмните левели.КОга играчот ќе остане без муниција, може да го искористи светлото од неговиот костум за да и помогне на Алекс да ги види непријателот и да го убие. Исто така Алекс често ќе се обидува да заземи добра позиција во борбите за да го заштити играчот од несакани повреди, кои ќе го отежнат неговото извршување на одредени задачи.

Кратка историја[уреди | уреди извор]

Дејствто во оригиналната Half Life се слулува во научно истражувачките лаборатории наречени Black Mesa research facility. Играчот ја зема улогата на Гордон Фримен, научник вмешан во инцидентот кој се случува за време а еден експеримент во тест лабораториите ц-33, кој отвора интер-димензионални портали помеѓу нашиот и светот наречен Зен. После инцидентот целата истражувачка станица е преполнета со вонземјани и чудни суштества кои иг напраѓаат научниците.При крајот на играта откако Фримен ќе ги затвори порталите помеѓу двата света, се појавува мистериозна фигура на непознат човек кој му ниди вработување на Фримен. Мистериозниот човек, поснат како G-Man ќе го стави Гордо во хиперсон, по што повторно ќе се разбуди во Half Life 2.

Half Life 2 ја продолжува приказната , со што G-Man го разбудува Фримен од хиперсонот, и го вметнува во еден воз кој тукушто пристигнал во Градот 17, неопределено време после настаните во Black Mesa. Кога Фримен ќе се разбуди земјата е окупирана од нечовечката раса т.н. Комбинираните. Гордон се среќава со пријателите кои го преживеале Black Mesa инцидентот. Но еден од пријателите, поранениот администратор на Black mesa Волас Брин сега е водач на Комбинираните. The Vortigaunts од светот Зен сега се на страната на човештвото бидејќи и нивниот свет бил окупиран од Комбинираните. Гордон за време на играта се наоѓа на страната на отпорот, и на крајот на играта стигнува до Цитаделата каде конечно се сретнува со Валас Брин кој му нуди партнерство во она што тој го мисли спас за Земјата, но е всушност отворање на нов портал кој светот на Комбинираните преку кој тие ќе сакаат да донесат нова војска. Гордон го уништува реакторот на темната енергија и Цитаделата експлодира кога Гордо и Алекс се наоѓаат на врвот на цитаделата. Тогаш времето запира и повторно се појавува G-man кој на непознат начин го спасува Гордон од експлозијата и тој се разбудува надвор од Цитаделата во Half Life 2 Episode One.

Содржина на Half Life 2 Episode One[уреди | уреди извор]