Half-Life (серијал)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Серијал Half-Life
Текстот „Half-Life“
Логото на серијалот; грчката буква ламбда е симбол на играта.
Изработувач(и) Valve Corporation
Gearbox Software
Издавач(и) Sierra Entertainment
Valve Corporation
Electronic Arts
Подлоги Windows, Mac OS X, Xbox, Xbox 360, PlayStation 2, PlayStation 3
Прво издание Half-Life
1998

Half-Life („half-life“ е англиски израз за период на полураспаѓање) е серијал од научнофантастични пукачки видеоигри од прво лице кој се состои од две целосни игри, две епизодични игри и три раширувања од трети лица, како и бројни демоа со посебна содржина. Серијалот започна во 1998 година. Повеќето игри и раширувања во серијалот се изработени од Valve Corporation и издадени од Sierra Studios, со некои раширувања од Gearbox Software. Electronic Arts ја презема дистрибуцијата на серијалот од Sierra од 2005 година натаму. Серијалот е првично издаден за ЛС, но повеќето игри се издадени и за конзоли.

Главниот херој во серијалот Half-Life е Гордон Фримен, теоретски физичар и вработен во Истражувачкиот центар „Блек Меса“. Сите раширувања за првата игра имаат други играчки ликови покрај Фримен.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]