HO скала

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пример на големина на модел од HO скала во сооднос со молив

HO скала (H0 скала во континентална Европа) е најпопуларна скала на железничко моделарство во најголемиот дел на светот.

Името е добиено од германскиот израз Halb-null што значи половина-нула, бидејки 1:87 скалата е приближно половина од О скалата.

Според HO скалата, 3,5 mm претставува 1 стапка; овој несмасен однос e околу 1:87,086. Така што во HO скалата меѓупросторот помеѓу шините обично е 16,5 mm независно кој од моделите е од стандардните пруги на 4'8,5".

Содржина

Историја [уреди]

HO скалата за прв пат се појавува во Англија во 1930 година, како алтернатива на ОО скалата, која се потврдува како несоодветна за моделите на возови. Нејзината популарност и практичност ја зафаќа во доцните `50-ти години и Америка.

Во 1960 година популарноста на HO скалата веќе ја надминува и О скалата.

Денеска HO скалата е најпопуларна железнички моделарска скала, нарочно во континентална Европа и Северна Америка, за разлика од ОО скалата која е сѐ уште најпопуларна во Англија.

Варијанти [уреди]

HO скалата има повеќе потесни линии како претставници на теснолинејски железнички линии како одговор на нормалната HO скала-линија.

Варијации на скала HO
скала
ширина на колосек
прототип
забелешка
HO
16.5 mm
Стандардна ширина
1435 mm колосек
HOm
12 mm
Метарска ширина
1000 mm колосек
HOn3 - 1/2
12 mm
3'6"
3'6" е стандардна ширина во Африка, Австралија, Нов Зеланд и сите други линии освен Шинкансен линијата во Јапонија
HOn3
10.5 mm
36"
 
HOn30 / HOe
9 mm
30"
Типично за линии во 24-30" широчина, нарочно HOe од 750 mm која постои во поранешните југословенски простори.
HOz / HOf
6.5 mm
15"
Популарен HOf во Европа и во Република Македонија поради постоењето на теснолинејка од 600 mm.

Надворешни врски [уреди]

Надворешни врски во дискусиони групи [уреди]

Видете исто така [уреди]


Скали во железничко моделарство Скали во железничко моделарство

О скала | HO скала | ТТ скала | N скала | Z скала