Global Voices Online

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лого

Глобал војсис онлајн (Global Voices Online) е меѓународна мрежа блогери која дава преглед на тоа што се случува во блогосферата низ целиот свет. Се работи за непрофитно мрежно место кој го вдомува Беркмановиот центар за интернет и општество на Правниот факултет на Харвард, кој израсна по меѓународната средба на блогерите со финансиска помош на Итан Зукерман и Ребека Меккинон. Има за цел оформување и зголемување на моќта на заедница на „блогери-мостови“ кои „може да градат мостови помеѓу два јазици или две култури“[1].

Глобал војсис онлајн има тим регионални уредници кои вршат прибирање (агрегација) и избор на интересни разговори кои се случуваат во различните блогосфери, од Авганистан до Зимбабве, со особен фокус на незападни и гласови помалку присутни во главните светски медиумски текови. На пример, може да се најдат дискусии на блогери од Конго за изборите од 2006, или блогери од Јордан за аферата со карикатурите во Данска.

Втората цел е развој на алатки и ресурси за поефективно остварување на првата цел. Примарен ресурс е одржување блиски работни односи со класичните медиуми на обострана полза, со пренесување на содржини во печатот. Поради тоа, Глобал војсис себеси се смета за комплементарен елемент, а не конкуренција на традиционалните медиуми. На пример, Ројтерс им има дадено неограничен грант во јануари 2006[2]. Како признание за придонесот во иновација во новинарството, Глобал војсис е добитник на престижната Голема награда на Најт-Батен во 2006.

Во 2007 беше отпочнат Проектот Лингва (Project language) со цел зголемување на влијанието на Глобал војсис на други јазици, освен англискиот, со помош на преведувачи-волонтери.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Clark Boyd, "Global voices speak through blogs," BBC, 6 април 2005.
  2. Mark Sweney, "Reuters partners in comment blog," Guardian (UK), 13 април 2006.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]