Furion

Од Википедија — слободната енциклопедија
Furion
Логото на Фјурион
Животописни податоци
ПотеклоСкопје, Македонија
ЖанровиТреш метал, хеви метал
Период на активност2007–денес
ИздавачиDiehard Records
СоработнициSMUT, Hardfaced
Членови
Калин Марковиќ - Масниот (вокал)
Милан Тасевски (гитара)
Иво Павловски (гитара)
Анте Гулин (бас гитара)
Марјан Сребров (тапани)

Furion (македонски изговор: Фјурион) е македонска музичка група од Скопје, основана во 2007 година. Нивната музика е од жанрот треш метал со големи примеси од македонскиот фолкор,[1] а песните се на македонски и англиски јазик.

Биогафија[уреди | уреди извор]

Почетоците на групата датираат од 2006 година, кога гитаристите Милан Тасевски и Иво Павловски започнуваат со заедничко свирење и правење на песни. Во текот на 2007 година се придружуваат останатите членови на групата.[1]

Првиот настап го имаат есента 2007 година во скопскиот клуб „Кастро“ на свирка по повод 5 годишнината на порталот „МК Метал“. Набргу потоа учествуваат на повеќе свирки и фестивали низ Македонија, меѓу кои и на возобновената „Гитаријада“ во Миравци и Гевгелија во април 2008 година, каде што го освојуваат второто место.

Во текот на пролетта во април 2009 година, победувајќи на фестивалот „Metal Battle“ во скопскиот клуб „Хавана“ се пласираат на регионалниот „Metal Battle“ фестивал во Бања Лука во Босна и Херцеговина, каде што победуваат и го освојуваат првото место со што обезбедуваат учество на меѓународниот метал и рокенрол фестивал „WOA - Wacken Open Air“ во Германија. На почетокот на август 2009 остваруваат учество на меѓународниот концерт „WOA - Wacken Open Air“ во Германија, натпреварувајќи се со млади групи од целиот свет. По враќањето од Германија, во средината на август настпуваат на рокенрол и метал фестивалот Дојди, веслај во Струга.

Во текот на 2010 и 2011 година, oстваруваат повеќе свирки во скопските клубови, а настапуваат и во Кочани, по повод 50 години рокенрол во Македонија (концерт организиран од Симеон Иванов - Канго) и на промоцијата на вториот албум на македонскиот хард-кор бенд Hardfaced од Охрид. На 22 февруари 2013 година бил претставен нивниот прв студиски албум Trashing Folks,[2] а еден месец подоцна во клубот „Хавана“ го одржале првиот настап по повод излегувањето на албумот.[3]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]