Фреквентна поделба на каналите

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Frequency-division multiplexing)
Прејди на: содржини, барај

Поделена фреквенција мултиплексирање (Fdm) е форма на мултиплексирање на сигналот кој фклучува не-преклопувачката фреквенција да се движи кон различни сигнали или корисници на уредот.

Нетелефонски[уреди]

Fdm исто така може да се користи за да се комбинираат сигналите пред конечната модулација на носечкиот бран. Во овој случај преносните сигнали се како саб-носачи: пример е FM преносот, каде што 38kHz саб-носач се користи за да ги оддели лево-десниот различен сигнал од централниот лево-десен канал, пред модулација на фреквенцијата на композитниот сигнал. Телевизискиот канал е поделен на саб-носачи на фреквенции за видео, боја и звук. Dsl користи различни фреквенции за глас и за спротиводен и низводен пренос на податоци на исти проводници, што е исто така пример за дуплекс фреквенција.

Онаму каде што се користи поделбата на фреквенции-мултиплексирање за да се овозможи повеќе корисници да делат исти физички комуникациски канал, се нарекува поделба на фреквенцја-групен пристап.

Fdm е традиционален начин на поделба на радио сигналите од различни предаватели.

Во 1860-тите и 70-тите години, неколку пронаоѓачи го користеле Fdm под називите Акустична телеграфија и Хармонична телеграфија. Практично Fdm бил постигнат само во електронската ера. Но во меѓувреме напорите на пронаоѓачите довеле до основно разбирање на електро-акустичната технологија, што резултирало со пронаоѓање на телефонот.

Телефонски[уреди]

За меѓугратските телефонски врски, во 20-тиот век телефонските компании користат Л-носач и слични коаксијални кабелски системи, за носење на илјадници гласовни податоци мултиплексирани во повеќе фази од страна на каналните банки.

За пократки растојанија, се користел поевтин избалансиран пар кабли за различни системи како Bell K и N-носач.Тие кабли не дозволуваат широк опсег, па така само 12 а подоцна 24 гласовни канали биле мултиплексирани во четири жици, еден пар за секоја насока, со појачувачи приближно на секој 10-ти километар. До крајот на 20-тиот век, Fdm гласовните кола, станале се поретки. Модерните телефонски системи користат дигитална трансмисија, каде се користи мултиплексирање со временска поделба (Tdm) наместо Fdm.

Од крајот на 20-тиот век Дигиталните претплатнички линии користеле Dmt систем за делење на спектарот во канали за фреквенција.

Концептот кој одговара на поделба на фреквенција мултиплексирање, во оптички домен е познат како поделба на бранова должина мултиплексирање.

Групи и Супергрупи[уреди]

Вообичаениот Fdm систем, што се користи во Л-носачот, користи кристални филтри кои работат на 8MHz опсег за да формираат група од 12 канали, 48 kHz опсег од 8140-8188 kHz со селектирање на носачи во опсег од 8140 до 8184 kHz, оваа група може да се преведе во стандарден опсег од 60 до 108 kHz од носач на 8248 kHz. Вакви системи се користат во Dtl(Директно до Линија) и Dfsg(Директно Формирана Супер Група).

132 гласовни канали (2SG+1G) можат да се формираат користејќи Dtl план. Модулацијата и планот за фреквенција се дадени во FIG1 и FIG2, користењето na Dtl техниката овозможува формирање на максимум 132 гласовни канали кои можат да се постават директно.

Dfsg може да превземе слични чекори каде со директно формирање на неколку супер групи може да се добие 8kHz.Dfsg може да понуди:

  • Намалување на трошоците од 7% до 13%
  • Помалку опрема за инсталирање и одржување
  • зголемена сигурност поради помалата опрема

Двете Dtl и Dfsg можат да ги исполнат критериумите за системи со мала густина(Dtl) и системи со поголема густина(Dfsg). Dfsg терминалот е сличен со терминалот на Dtl освен, наместо две супер групи многу супергрупи се комбинирани. Мастергрупа од 600 канали (10-супер групи) е пример базиран на Dfsg.

Наводи[уреди]

White, Curt (2007).Податочна Комуникација и Компјутерски Мрежи. Бостон, MA: Thomson Course Технологија. pp. 140–143. ISBN 1-4188-3610-9.