For the Love of God

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од For The Love of God)
Омотот на албумот Passion and Warfare од 1990

For The Love Of God е инструментално гитарско дело на Стив Ваи. Издадена како седмата песна на албумот на Ваи од 1990 Passion and Warfare, често се именува како најдобрата композиција на Ваи досега.

Делото кое трае шест минути, вклучува legato и tremolo техники, како и гитарска хармонија и гитарско crescendo и други техники. Ваи, кој секогаш истражува нови техники за здобивање со спиритуална балансираност, е исто така добро познат по нагласувањето на подготовките. Според една приказна, Ваи постел и медитирал 10 дена со ред за подготовките за снимањето на оваа песна.[се бара извор]

Инструменталката била изгласана како 29-то најдобро гитарско соло во една анкета за 100-те најдобри гитарски сола на магазинот Guitar World.