Far Cry 2

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Far Cry 2
250px
Изработувач(и) Ubisoft Montreal
Издавач(и) Ubisoft
Дизајнер Пјер Ривест
Серијал Far Cry
Погон Dunia (неслеободен) со физика Havok
Последна верзија 1.03 (од 03 јуни, 2009)
Подлоги Microsoft Windows, PlayStation 3, Xbox 360
Датум на издавање СА 21 октомври, 2008[1]
ЕВР 24 октомври, 2008[1][2]

АВС 23 октомври, 2008[3]

Жанр(ови) Акција, пукач од прво лице, нелинеарна
Режим(и) Самостоен, групен
Медиум Blu-ray диск, ДВД, преземање преку Steam[4]
Побарувања Погледнете во „Изработка“
Начин на
контролирање
Тастатура и глувче, гејмпад

Far Cry 2 (скратено „FC2“) е пукачка видеоигра од прво лице со отворен крај, изработена од Ubisoft Montreal и издадена од Ubisoft. Во продажба беше пуштена на 21 октомври, 2008 во Северна Америка[1] и на 23 октомври, 2008 во Европа[1] и Австралија.[3] Стана достапна за преземање преку Steam на 22 октомври, 2008.[5] Crytek, авторите на првата игра, не биле вмешани во изработката на Far Cry 2.

Ubisoft ја промовирале Far Cry 2 како вистинско продолжение на Far Cry, иако продолжението има многу малку приметливи сличности со првата игра. Има сосема различни ликови и приказна, како и стил на игра што му дава на играчот поголеми слободи во истражувањето на африканските пејзажи, како пустини, џунгли и савани. Дејствието се одвива во денешна источноафриканска држава која се справува со безредие и граѓанска војна. Играчот има улога на платеник со задача да го пронајде и отстрани „Чакалот“ (The Jackal), озлогласен препродавач на оружје.

Играчот истражува африканска џунгла држејќи RPG-7.


Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Торсен, Тор (5 септември, 2008). „Far Cry 2 howling October 21“. GameSpot. http://www.gamespot.com/news/6197306.html. конс. 6 септември 2008. 
  2. „Official Release Date & Map Editor Info“. Ubisoft. 5 септември, 2008. http://farcry.uk.ubi.com/index.php?page=blog&action=article&content_id=8281. конс. 6 септември 2008. 
  3. 3,0 3,1 Торсен, Тор (23 октомври, 2008). „Ubisoft announces Far Cry 2 Release Date“. XBoxWorld Australia. http://www.xboxworld.com.au/news/ubisoft-announces-far-cry-2-release-date.htm. конс. 23 октомври 2008. 
  4. „Far Cry 2 on Steam“. Steam. http://store.steampowered.com/app/19900/. конс. 25 октомври 2008. 
  5. http://store.steampowered.com/app/19900/

Надворешни врски[уреди]