Fabula Nova Crystallis Final Fantasy XIII

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Fabula logo.jpg

Fabula Nova Crystallis Final Fantasy XIII (на англиски; на македонски: Нова Приказна за Кристалите Крајна Фантазија XIII јапонски: ファブラ ノヴァ クリスタリス ファイナルファンタジーXIII Фабура Нова Курисутарису Фаинару Фантаји Сатин) е колективно име за серија на игри создадени под Final Fantasy XIII марка на Сквер Еникс (Square Enix). Направени исто како Compilation of Final Fantasy VII, Fabula Nova Crystallis, кое на латински значи "Нова приказна за Кристалите", сепак се базирани на различни светови и поинакви ликови. Според Сквер Еникс, сите игри ке заземаат место во истата вселена, но нема да бидат директно поврзани помеѓу себе.[1]

Заплет и Подесување[уреди]

Компилацијата се врти околу "Кристалите кои го водат светот во иднината". Појавувајќи се како нормални објекти, Кристалите се интегрален дел во секој свет кој е претставен во игрите, иако тие нема да бидат во главниот фокус; напротив, тие ке обезбедат позадина за други, специфични заплети. Но функционалноста на кристалите ги води дизајнерите на серијата да имаат специјално внимание во креирањето на визуелниот изглед на овие светови.

Копродуцентот Шинџи Хашимото (Shinji Hashimoto) вели "Со оглед на тоа што создавањето симултано оди на трите FFXIII-ки, сепак секоја е на различна платформа но и во различни светови и приказни кои се на заедничка митологија (за кристалите). Добивајќи инспирација од митологијата, овие независни FFXIII-ки еволуираат посебно. Проектот The Fabula nova Crystallis не е колекција на продолженија туку неколку оригинални наслови кои постојат едни покрај други".

Создавање[уреди]

Моментални игри во создавање во Fabula Nova Crystallis се:

Создавањето на секој наслов започнува раководено од посебни тимови во Сквер Еникс. Ова се рефлектира во приодот за создавање на секој наслов независен од другите во исто време делејќи ја сличната позадина. Дизајнер на ликовите на трите официјално откриени игри е Тетсуја Номура (Tetsuya Nomura), кој исто така е директор на Final Fantasy Versus XIII. Секој наслов ке има свој стил на играње: Final Fantasy XIII е свртувачко-базирана игра со играње на улоги (turn-based RPG), Final Fantasy Versus XIII е повеќе акционо-ориентирана како Kingdom Hearts, и Final Fantasy Agito XIII е он лајн игра за мобилен телефон. Можниот четврти наслов, Final Fantasy Haeresis XIII можеби е во изработка, кој е со заштитен знак од 1 Мај, 2006. Логото за Haeresis, направен од Јошитака Амано (Yoshitaka Amano), илустратор на слики и дизајнер на логоата на насловите за Fabula Nova Crystallis, сега е издадено, но сѐ уште нема официјална слика за насловот.

Председателот на Сквер Еникс Јоичи Вада (Yōichi Wada) ја споредува компилацијата Fabula Nova Crystallis со "Војни на звездите" Star Wars. [3] Торијама во Плејстејшн Магазин Австралија (Playstation Magazine Australia) изјавува дека Fabula Nova Crystallis е предвидена да биде мултиплатформска серија, а не ексклузивно само за Плејстејшн 3 и мобилни телефони.[4]


На E3 2006, Сквер Еникс ја нарекува Compilation of Final Fantasy VII, која во овој момент вклучува 6 игри, 1 филм, 1 оригинална видео анимација-ОВА (Original Video Animation-OVA) и 2 новели, "проект од 50 милијарди јени" (околу 420 милиони американски долари) и дека ке се проширува се до 20 годишнината на Final Fantasy VII (2017). Исто така, на Fabula Nova Crystallis го нарекуваат "проект од 100 милијарди јени" (околу 840 милиони американски долари) каде се дава импресија дека Fabula Nova Crystallis може да се проширува повеќе години вклучувајќи многу повеќе наслови, филмови, книги, аниме, манга, играчки и друго.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]