Eric Clapton's Powerhouse

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Eric Clapton's Powerhouse
Познат(а) и како (The) Powerhouse
Eric Clapton and (the)
    Powerhouse
Потекло Лондон, Англија
Жанрови Блуз-рок
Период на активност 1966
Издавачи Elektra Records
Соработници Manfred Mann“, „Spencer Davis Group“, „The Yardbirds“,
John Mayall & the Bluesbreakers, Cream, Blind Faith
Поранешни членови
Ерик Клептон
Пол Џонс
Џек Брус
Стиви Винвуд
Пити Јорк
Бен Палмер

Eric Clapton's Powerhouse (нарекувани и (The) Powerhouse или Eric Clapton and (the) Powerhouse) биле Британска блуз група формирана во 1966.

Историја[уреди]

„Powerhouse“ била формирана со намера да биде само краткотрајна студио група. Во 1965 и 1966, американскиот продуцент Џо Бојд имал намера да отвори канцеларија во Лондон за „Elektra Records“ и поради тоа барал некои такентирани Британци за да ги вклучи во првото издавање на продуцентската куќа, едноставен компилационен албум. Пејачот на „Manfred Mann“, Пол Џонс, предложил да се соединат повеќе познати бендови за да се означи почетокот на работата на оваа продуцентска куќа

Во бендот бил гитаристот Ерик Клептон, а со него и Пол Џонс (хармоника) и Џек Брус (бас гитара) од „Manfred Mann“, Стиви Винвуд (вокали) и Пити Јорк (тапани) од „Spencer Davis Group“ и Бен Палмер (пијано) кој претходно свирел со Клептон и Џонс како член од бендот „The Roosters“. На почетокот се планирало Џинџер Бејкер да ја завземе позицијата на тапанар, но тој не бил слободен во тоа време.

What's Shakin'[уреди]

„Powerhouse“ снимиле само неколку песни во март, 1966, кои биле продуцирани од Бојд. Три од нив биле издадени во компилациониот албум на „Elektra“, „What's Shakin'“, заедно со песните од „The Lovin' Spoonful“, Ал Купер, Том Раш и „The Butterfield Blues Band“. Албумот бил издаден во Обединетото Кралство под насловот „Good Time Music“.

Песните кои биле вклучени се „Crossroads“ (Роберт Џонсон), „Steppin' Out“ (М. Слим) и „I Want to Know“ (С. Мек Лиод). Групата снимила и четврта песна, „Slow Blues“ ,но таа до ден денес не е издадена.

"„Slow blues“ никогаш не беше издадена, тие мора да ја имаат некаде во „Elektra“,“ рекол Клептон во март, 1968, при интервју за магазинот „Guitar Player“. „Исто така, песната беше прилишно добра“

По „Powerhouse“[уреди]

Многу од членовите на „Powerhouse“ подоцна свиреле заедно како членови на други бендови. Брус и Клептон го оформиле „Cream“ во 1966 заедно со Џинџер Бекјер, а подоцна им се придружил и Палмер како турнејски менаџер.[1] Клептон и Винвуд се појавувале заедно уште во многу прилики, а најмногу од 1968-1969 како членови на супер групатаBlind Faith“ со Рич Греч и, повторно, Џинџер Бејкер.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]