Алнилам

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Epsilon Orionis)
Алнилам, Епсилон Орион
Epsilon Orionis
Алнилам го осветлува NGC 1990.
Фотографија на Глен Јуман.
Податоци од набљудување
Епоха J2000      Рамноденица J2000
Соѕвездие Орион
Ректасцензија 05ч 36м 12.8с
Деклинација −01° 12′ 06.9″
Прив. величина (V) 1.70
Особености
Спектрален тип B0 Iab
U−B Боен показател −1.03
B−V Боен показател −0.19
Променлив тип Alp Cyg
Астрометрија
Радијална брзина (Rv)25.9 км/с
Сопствено движење (μ) Рект: 1.49 млс/г
Дек.: −1.06 млс/г
Паралакса (π)2.43 ± 0.91 млс
Оддалеченостприб. 1.300 сг
(приб. 400 пс)
Апсолутна величина (MV)−6.4
Податоци
Маса40 M
Полупречник26 R
Сјајност375,000 L
Температура25,000 K
Металичност?
Вртење~87 km/s
Старост4 × 106 години
Други ознаки
Alnilam, Alnihan, Alnitam, 46 Orionis, HR 1903, BD -01°969, HD 37128, SAO 132346, FK5 210, HIP 26311, TD1 4963.
Наводи во бази
SIMBAD— податоци

Алнилам или Епсилон Орион (ε Ori / ε Orionis) е голема сина ѕвезда од соѕвездието Орион. Нејзината ознака е `46 Orionis`.

Оваа ѕвезда е 30 ѕвезда по сјајност на небото (четврта по сјајност во Орион) и како син суперџин е една од најпознатите светлосни ѕвезди воопшто. Заедно со Минтака (Делта Орион) и Алнитак (Зета Орион), го образуваат појасот на Орион познат по различни имиња во древните култури. Алнилам е средната ѕвезда.

Таа е една од 57-те ѕвезди што се користат за небесна навигација. За средните латитуди, Алнилам е највисоката точка на небото на полноќ на 15 декември.

Релативно едноставниот спектар на Алнилам е корисен за проучување на меѓуѕвездениот простор. Во текот на наредните милион години, оваа ѕвезда може да се претвори во црвен суперџин и да експлодира како супернова. Опколена е со молекуларен облак NGC 1990.

Низ историјата[уреди | уреди извор]

Името Алнилам доаѓа од арапското النظام an-niżām, со значење „ѓердан од бисери“. Други називи за оваа ѕвезда се Алнихан и Алнитам,[1] но се сметаат за погрешна транслитерација.

Орионов Појас[уреди | уреди извор]

Трите ѕвезди од појасот Орион се познати по различни имиња низ разните култури. Постојат повеќе арапски термини за нив: Al Nijād 'Појас', Al Nasak 'Линија', Al Alkāt 'Златно Зрно'. Во кинеската митологија овие три ѕвезди биле познати како `Легнат Мост`.[1]

Овие три ѕвезди наводно влијаеле врз изградбата на Пирамидите во Гиза.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Richard Hinckley Allen, Star-names and their meanings (1936), p. 314-15.