Emule

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
eMule
EMule mascot.svg
Најново издание: v0.49c / 22 Февруари, 2009
ОС: Microsoft Windows
Достапни јазици: Multilingual (52)
Намена: Peer-to-peer file sharing
Лиценца: ГНУ-ова општа јавна лиценца
Мреж. место: www.emule-project.net

eMule во основа е peer to peer (Локална мрежа каде не постои податотечен опслужувач и секој јазол приклучен на мрежата има рамноправен пристап до мрежните ресурси и до сите други работни станици во мрежата. Секој јазол може да биде и клиент и сервер) размена на податотеки,апликација наменета за Microsoft Windows. Започнато во мај 2002г. Како алтернатива на eDonkey.ЕMule за конектирање ги користи двете мрежи eDonkey2000 network (познато како eD2k) и Kad network. Особините на eMule се директно разменување на ресурси помеѓу изворот и клиентите,брза поправка на расипани податотеки,а пак оние кој прават најголем upload сообраќај eMule кредит систем им дава посебно признание како награда,освен тоа eMule пренесува подаоци во zlib (zlib e софтверска библиотека користена за компресирање на податоци) компресирана форма за да го зачува пренесеното количество на податоци. eMule е програмиран во Microsoft Visual C++ користејки го Microsoft Foundation Class Library.Исто така eMule во јули 2002г. премина на бесплатен софтвер,под заштита на GNU General Public License. За многу кратко време стана популарен,и кодот на eMule бил испрограмиран и за Linux клиенти наречен xMule,а нешто подоцна и за останатите платформи –клиент наречен aMule

Историја[уреди]

Проектот eMule е започнат на 13 мај 2002г. од страна на Hendrik Breitkreuz (познат како “merkur”)кој бил незадоволен од eDonkey2000 клиентот.За кратко време неколку произведувачи се приклучија на трудот на Hendrik Breitkreuz.Првата верзија 0.02 била издадена од страна на SourceForge на 06 јули 2002г.Првата офоцијална бинарна верзија била издадена на 4 август 2002г. како верзија 0.05a. “Kредит системот” за првпат е воведен на 14 септември 2002г. А пак веб страната стартувана е на 08 декември 2003г.Започнувајки од тогаш eMule е превземено 360 милиони пати заклучно до 15 октомври 2007г.Тоа го направи eMule нај преземан проект од SourceForge.

Современи случувања[уреди]

На сегашната верзија на eMule (v0.40+) е додадена подршка за Kad network.Оваа мрежа е применувана од Kademlia протоколот (Kademlia е Distributed hash tables (DHTs)-децентрализиран систем за децентрализација на peer to peer мрежите создаден од страна на Petar Maymounkov и David Mazières)кој не се смета за централен опслужувач како што е eDonkey мрежата,но тој има применување во Distributed hash tables (DHTs) Во новата верзија додадена е опцијата "Bad source list".Апликацијата ги додава адресите на неуспешните конекци во листата "Bad source list".Откако ке ја додаде во листата апликацијата таа адреса ја смета за "мртва” адреса.Невозможните ИП адреси се блокирани за временски период од 15 до 45 минути.Некој од корисниците изразуваат незадоволство бидејки банираните адреси го намалуваат изворот, а подоцна ја намалуваат брзината на преземање. Во верзијата 0.46b како новост додадена е можноста за креирање и управување со "eMule collection" податотеките,тоа се врски кој се во план понатаму да бидат превземени Во верзијата 0.47b додадено е protocol obfuscation-апликацијата автоматски ке сетира 2 порти,уште од самиот старт на програмата. eMule сега се смета за стабилен продукт,пет до шест месеци за сега е типичен интервал за извадок на нова верзија.Последна верзија на eMule е 0.49c која е промовирана на 22 февруари 2009г. Во септември 2007 година многу eDonkey опслужувачи се исклучени поради користење на нелегални материјали.eMule е комплетно функционално со користење на Kad Network.

Оригинална и лажна веб страна[уреди]

eMule како бесплатен софтвер може да биде користен и редистрибуиран без никакви обвинениа.На почетокот корисниците можеа да го преземат производот само преку официјалната веб страна http://www.emule-project.net/ За кратко време се појавиа неколку лажни веб страни за преземанње на производот како што е www.emule.com која ке те праша да напишеш 900 броеви за време на инсталацијата и на крај ке те извести да платиш за некој инсталационен код.Постапката при инсталирање е премногу слична со оригиналната постапка.Ова е друга лажна веб страна www.emule.org која пак ја бара вашата E-MAIL адреса за да станете член,па потоа да можете да го превземете производот

Основна концепција[уреди]

Секоја податотека којшто е споделен со eMule е измешан користејки MD4 алгоритам (MD4 порака,преглед алгоритам-4та верзија создаден од страна на Професор Ronald Rivest во 1990 година).На нјвиоко ниво од MD4 мешаницата се: податотеката,големината,името на податотеката и уште неколку второстепени особини како што се bit rate и кодекот којшто се зачувани на eD2k опслужувачите и на неколку КАД мрежи. Корисниците ќе можат да бараат имиња на податотеки во серверите/кад и ако се присутни со тоа име,тоа е единствен идентификатор за пронаоѓање на податотека од највисокото ниво на MD4-мешаницата, а големината потоа ке биде прикажана во зависност од податотеката. Клиентот потоа го прашува опслужувачот каде другите клиенти ја користат мешаницата.Серверот враќа сет од IP адреси и портови кој ги вклучуваат локациите на клиентите што го делат податотеката. eMule потоа чека на слободен слот за испраќање. Кога податотеката е преземена, се презема и дополнително парче од 9500 килобити кое потврдува дека овој податок е споделен со симнувачот кој исто така помага на другите кориници да ја преземат податотеката. Исто така возможно е клиентите да ги знаат другите клиенти кој ја споделуваат податотеката. Новата верзија на eMule подржува AICH - Advanced Intelligent Corruption Handling. Тоа значи да се напраи ракувањето на грешките што се појавуваат во податотеките на eMule конкурентно со BitTorrent

Low ID[уреди]

Корисниците кој неможат да бидат достигнати од надвор бидејки тие се firewalled (firewall е апликација која врши контрола на остварениот мрежен сообраќај) заштитени, нивните IP адреси завршуваат на 0 (123.45.67.0) тие од опслужувачот добиваат статус "Low ID". Тие ја имаат можноста за испраќање и преземање на податоци,но потребна им е помош од опслужувачите или некој друг KAD клиент. Од тогаш тоа не може да бидат препознаено тие имаат предност бидејки се дел од појдовниот сообраќај.Потоа тие неможат да се конектираат на било кој други Low ID клиенти,тие гледаат 40%-60% од клиентите за разлика од High ID клиентите што моѓат да видат. Нивните IP/порти не се променети помеѓу другите разгледувачи,ограничувајки ги нивните можности за пребарување на извори преку eMule вистински – P2P извор на размена. Low ID клиентите на еден опслужувач во основа потрошуваат многу повеќе податоци,остваруваат поголем сообраќај за разлика од правото на High ID клиентите.

Кредит систем[уреди]

Клиентите обично не симнуваат од изворот веднаш послем остварување на контакт,мора да чека ред во изворите-кога појдовен сообраќај ке биде овозможен.Кредит системот се употребува за унапредување на оние кој остваруваат најмногу појдовен сообраќај.Клиентите се идентификувани со помош на “secure hash” .Клиентите ке имаат дозвола да вршат трансвер 10 пати поглем за разлика од останатите клиенти кој не се во кредит системот.Сите клиенти кредитите ги зачувуваат на компјутерите на опслужувачите кај што се приклучени,подобро одколку да е на неговиот или нејзиниот компјутер.Ова го спречува расипување на сопствените кредити.

Пресметување на формулата на офоцијалниот кредит систем:[1]:

Ratio1 = \frac{2(Uploaded Total)}{Downloaded Total}
Ratio2 = \sqrt{Uploaded Total + 2}

Двата размера се споредени и помалиот се користи како модификатор

  • Ако појдовниот сообраќај е помал од 1мб модификаторот останува на 1.
  • Ако е остварен само појдовен сообраќај кај клиентот без никаков дојдовен,модификаторот ке биде фиксиран на 10.
  • Модификаторот може да биде само помеѓу 1 и 10.

Многу повеќе кредит системи постојат во другите модови.

Со исклучок на ова правило коага клиентот е назначен во листата на пријатели, тоа автоматски назначува дека клиентот има резервирано појдовен слот.Само 1 пријателски слот може да се резервира за 1 клиент за да се спречи било каква форма на злоупотреба од тој тип. [2].

GUI[уреди]

eMule has a resizable dialog that has the following tabs (windows) available. GUI подржува скинови,а редоследот на копчиња може да биде променет. Следниве функции се видливи во различни табови:

  • Servers. Во овој дел е прикажан краток преглед на опслужувачите на кој мжеш да бидеш конектиран,и го прикажува статусот на мрежата.
  • Transfers. Разгледувачите кој се активни си го знаат нивниот статус.Во овој дел ке бидат прикажани развојот на дојдовниот,појдовниот сообраќај и познатите клиенти.
  • Shared files. Сите податотеки којшто се споделени се прикажани тука.
  • IRC. eMule содржи едноставен IRC клиент за четување на IRC.
  • Kad. Kad прозорот е екран кој главно се користи за отстранување на грешки од KAD мрежата.
  • Preferences. Привилегиите содржат регулирања кој можат да го променат начинот на работаta на eMule.

Во прозорецот Transfers се наоѓаат три други параметри: Rating,Score и Queue Rank

  • Rating се користи како дел од решението за надоместок на поените на клиентите кој чекаат.Секој клиент по стандард добива по 100поени,во зависност од тоа колку податотеки има споделено,и колку има остварено појдовен сообраќај. Види Docs
  • Score е краен резултат на добиената вредноста.На клиентите кој чекаат бодовите им се рангирани по редослед од најголеми до најмали,на листата на клиенти чекајки за појдовен сообрќај-тие со повеке бодови имаат предност.
  • Queue Rank, Rank скратено “QR”,тоа ја означува позиција на клиентите по редослед кој колку вредност дал.За тоа не се доделува ранг или поени.Тоа е ранк на корисниците којшто е решение за неговите/нејзините поени.

Предности на eMule[уреди]

Една од предностите на eMule е големата користеност,моментално има околу 20 милиони корисници што го прави eMule одлична програма преполна со податоци,тоа кажува дека ке биде најкомплетно применување на ed2k протоколите.eMule подржува AICH технологија - Advanced Intelligent Corruption Handling со што се овозможува успешно ракување на грешките кој се појавуваат во податотеките на eMule конкурентно со BitTorrent.Исто така eMule подржува размена на извори.eMule може да подржи изворите на податотека да бидат потполно независни послем исклучување од мрежата на ED2K и KAD.

eMule модови[уреди]

Како популарна Open Surce програма,eMule има неколку варијанти познати како mods.Некој модови започнати се како разгранување на eMule кодот и потоа се развива независно од официјалната верзија.Како најпопуларен мод од овој тип е eMule Plus,иако не ги подржува KAD мрежите.Другите модови ги следат официјалните eMule изданија, и прават нивни изданија базирани на официјалните верзии.Понекогаш новопромовираните карактеристики покасно се наоѓаат себеси во официјалната верзија.[3]

Наводи[уреди]

Корисни врски[уреди]