E3 Харелбеке
| Детали за трката | |
|---|---|
| Датум | средина на март |
| Регион | Фландрија, Белгија |
| Англиско име | Е3 Харелбеке |
| Локално име | E3 Harelbeke (холандски) |
| Дисциплина | Друмски велосипедизам |
| Натпреварување | Европска турнеја UCI (2005–2011) Светска турнеја UCI (2012–) |
| Вид | Еднодневна трка |
| Историја | |
| Прво издание | 1958 |
| Изданија | 56 (до 2013) |
| Прв победник | |
| Најмногу победи | |
| Неодамнешен победник | |
Е3 Харелбеке е годишна велосипедска трка во Фландрија, Белгија. Трката започнува и завршува во Харелбеке на околу 210 километри. Настанот е организиран од Велосипедскиот клуб Ханд од Харелбеке и од минатата година е влезен во календарот на Светската турнеја.
Е3 се одржува во средината на мартр и го обележува почетокот на Vlaamse Wielerweek, недела на велосипедизмот, која продолжува со Брабант Пијл во неделата и етапната трка Дридагсе ван Ден Пане во средината на неделата пред да се одржи класикот Ronde van Vlaanderen следната недела. До 2011, трката била одржувано во сабота; кога трката го добила статусот настан на Светската турнеја во 2012, трката била преместена во петок, за да им се даде ден одмот помеѓу трката Е3 и трката Гент-Вевелгем, која се одржува во недела.[1]
Првиот Е3 Харелбеке се одржал во 1958, иако имало слични настани во областа од 1955. Во почетокот, настанот бил Харелбеке-Анверс-Харелбеке. Исто така бил познат како ГП Е3 Харелбеке. Трката го добила нејзиното име од автопатот Е3 (сега А14), изграден во средина на шеесеттите. Од 54-то издание во 2011, зборот Prijs бил отстранет од името и велосипедската трка сега е позната како E3 Harelbeke.
Класикот Е3 е подготовка за Трката околу Фландрија. Рутата е пократка, но многу од ридовите се возат. Условите, исто така, можат да се споредат, како калдрмата, ветерот и искачувањето десетици ридови. Трката прави голем круг околу Источна Фландрија, вклучувајќи 12 ридови. Некои возачи, дури ја преферираат оваа трка од тактичната, но попрестижната Трка околу Фландрија.
Трката започнува од Гроте Маркт во Харелбеке и патува на исток, првите 110 километри низ низини, но на калдрма околу Ауденарде и Зотегем. Возачите ја достигнуваат најисточната точка кај Нинове по 85 километри и свртува кон запад и минува низ Герадсберген и Бракел, тешкиот дел започнува со последователно кратки, но остри ридови, некои од нив со калдрма, како најголеми јамки на трката помеѓу Ронсе и Ауденарде.
Дванаесетте ридови по ред се Ла Хуп, Берг Стене, Боањеберг, Ајкенберг, Статионсберг, Тајенберг, Ауде Крујкенс, Капелберг, Патерсберг, Ауде Кваремон, Кноктеберг и Тигемберг. Патерсберг е искачување од 500 метри со калдрма со просечен наклон од 12,5%, додека Ауде Кваремон е 1.500 метри со калдрма од неговите 2.200 метри, иако нејзиниот просечен наклон е 4,2 %. Тигемберг е 16 километри од крајот.
Белгискиот велосипедист Том Бонен го држи рекордот за најмногу победи на трката со пет победи, постигнувајќи ги во 2004, 2005, 2006, 2007 и 2012. Рик ван Лој ја освоил трката четири пати во 1964, 1965, 1966 и 1969, а Холанѓанецот Јан Рас зел три последователни победи помеѓу 1979 и 1981, откако завршил втор во 1978. Андреј Чмил, Јохан Музеув и Фабијан Канчелара ја имаат освоено трката по двапати. Најбрзата трка била во 2003, кога Холанѓанецот Стивен де Јонг ја освоил со 45,9 км/ч.
Минати победници[уреди]
Наводи[уреди]
- ↑ „E3 Harelbeke eerste Vlaamse Worldtourwedstrijd volgend seizoen op vrijdag 23 maart“, Nieuwsblad, 15 јуни 2011 (консултирано на 31 јули 2011). (на холандски)
Надворешни врски[уреди]
|
||||||||
|
|
|||||

