Drum and bass
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Drum and bass | |
|---|---|
| Стилско потекло: | Брејкбит хардкор, техно, хип хоп, реге/рага, Денсхол/Даб, Фанк, Брејкбит, Џез |
| Културно потекло: | рани/средни 1990-ти, Лондон и Бристол, Британија |
| Својствени инструменти: | Синтисајзер - Драм-машина - секвенсер - клавијатури - Семплер - Персонален компјутер |
| Популарен: | Отпрво само во Британија, сега низ целиот свет |
| Даркстеп - Драмфанк - Електростеп - Фјучрстеп - Хардстеп - Интелигентен драм енд бејс - Џезстеп - Џамп-ап - Ликвид фанк - Неурофанк - Рага џангл - Сембејс - Текстеп | |
| Претопени жанрови | |
| Брејккор - Брејкстеп - Дарккор - Дабстеп - Хипстеп - Текбрејкс - Рагакор | |
Драм енд бејс (англиски: Drum and bass), скратено d&b, DnB, dnb, d'n'b, drum n bass или drum & bass) е тип на електронска музика, познат и како jungle (џангл, џунгла), појавен во почетокот од 1990-тите. Се карактеризира со брзо темпо и брзи испрекинати удари на тапани (обично околу 160-180 удари во минута), со тежок, често сложен, бас. Во 2000-тите, драм енд бејс сѐ уште се смета за андерграунд музички стил, но има значајно влијание врз популарната музика и култура.
Драм енд бејсот произлегол од брејкбит хардкор и рејв-сцената од крајот на 1980-тите, и за време на првите десет години од постоењето, доживеал многу измени во стилот, примајќи елементи од рага, денсхол, електро, фанк, хип хоп, хаус, џез, хеви метал, реге, рок, техно и транс.
