Destiny's Child

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Destiny's Child

Последните членови на Destiny's Child; од лево кон десно: Бијонсе Ноулс, Кели Роуланд, Мишел Вилијамс
Биографски податоци
Потекло Хјустон, Тексас, САД
Жанрови R&B, соул, хип хоп, поп
Период на активност 1997–2006
Издавачи Columbia/SME Records
Соработници Girl's Tyme, Соланж Ноулс
Мреж. место DestinysChild.com
Поранешни членови
Бијонсе Ноулс
Кели Роуланд
Мишел Вилијамс
ЛеТоја Лукет
ЛеТавиа Роберсон
Фара Френклин

Destiny's Child (позната и како DC) била американска R&B женска група чии последни и најпознати водечки пејачи биле Бијонсе Ноулс заедно со Кели Роуланд и Мишел Вилијамс. Групата била формирана во 1997 година во Хјустон, Тексас. Бендот прво се викал Girls' Tyme и негови членови биле Ноулс, Роуланд, ЛеТавиа Роберсон и ЛеТоја Лукет. После неколку години од подземни изведби, групата потпишала договор со Columbia Records и го промениле нивното име. Destiny's Child бил препознаван од мејнстрим публиката по издавањето на нееговиот најдобро продаван втор албум, The Writing's on the Wall, кој ги содржел број-еден сингловите „Bills, Bills, Bills“ и „Say My Name“.

И покрај критичкиот и комерцијалниот успех, групата била поразена од внатрешниот конфликт и правните превирања, како кога Робертсон и Лукет се обиделе да го одвојат менаџерот на групата Метју Ноулс. Тие набрзо биле заменети со Вилијамс и Фара Френклин, но сепак, во 2000 година, Френклин, исто така, се раздели од групата, оставајќи ги како трио. Нивниот трет албум, Survivor, кој содржи теми протолкувани од јавноста како канал за искуство на групата, содржи светски хитови „Independent Women“, „Survivor“ и „Bootylicious“ Во 2002, Destiny's Child најавиле пауза, дозволувајќи им на своите членови да постигнат индивидуален успех. Тие повторно се обединиле во 2004 година со албумот Destiny Fulfilled, а една година подоцна во текот на нивната светска турнеја, најавиле дека групата ќе се распушти и нејзините членови ќе продолжат со своите соло кариери.

За време на својата кариера, групата објавила четири студиски албуми и имала четири број-еден синглови во САД. Има продадено повеќе од 60 милиони албуми ширум светот,[1][2] becoming one of the best-selling recording artists in the U.S.[3] Билборд магазинот ја ранкирал групата како едно од најдобрите музички триа на сите времиња[4] и ја сместил групата на 68-то место на табелата Хот 100 Артисти на Сите времиња.[5] Во 2005, Светските Музички Награди ја препознавале групата како светски најдобро продавана група на сите времиња. Групата исто така била ранкирана на деветтото место на декадата од 2000 до 2010 од Билборд.[6]

Издавачка историја[уреди]

1990–1997: Почетоци и Girl's Tyme[уреди]

Во 1990, Бијонсе Ноулс ја запознала ЛеТавиа Роберсон за време на аудициите за женска група.[7] Тие ѝ се придружиле на група од Хјустон, Тексас која се занимавала со рап музика и танцување.

Дискографија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Дискографија на Destiny's Child.
Студиски албуми
Other albums

Видете исто[уреди]


Наводи[уреди]

  1. "Billboard Books". Billboard. 14 јануари, 2006.
  2. http://www.destinyschild.com/home.html
  3. „Top Selling Artists“. „Recording Industry Association of America“. http://riaa.com/goldandplatinumdata.php?resultpage=2&table=tblTopArt&action=. конс. 24 мај 2008. 
  4. „Billboard Greatest Trios of All Time“. „Billboard“. архивирано од оригиналот на 30 април, 2008. http://web.archive.org/web/20080430084937/http://www.billboard.com/bbcom/greatesttrios/2006/destinys_child.jsp. конс. 13 мај 2008. 
  5. „The Billboard Hot 100 All-Time Top Artists“. „Billboard“. Nielsen Business Media, Inc. архивирано од оригиналот на 25 мај 2012. https://archive.is/4TdU. конс. 17 ноември 2008. 
  6. [1]
  7. Kaufman, Gil. „Destiny's Child's Long Road To Fame (The Song Isn't Called 'Survivor' For Nothing)“, „MTV News“, 13 јуни 2005 (конс. 13 април 2008).

Надворешни врски[уреди]