Daddy (песна на Бијонсе Ноулс)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Daddy“
Промоционален сингл од Бијонсе од албумот Dangerously in Love
Реализиран 3 јуни, 2003
Формат Дигитално спуштање
Снимен 2003
Жанр Р&Б
Должина 4:58
Куќа Columbia
Текст Бијонсе Ноулс, Марк Батсон
Dangerously in Love список на песни
„Gift from Virgo“
(14)
"Daddy"
(15)

Daddy“ е песна од американската пејачка Бијонсе Ноулс од нејзиниот прв студиски албум, Dangerously in Love (2003). Компонирана е од Ноулс како и од Марк Батсон. Песната оригинално не требало да се најде на последниот список на песни на албумот. На Ноулс ѝ било овозможено да ја сними песната откако издавачкиот датум на албумот бил одложен. „Daddy“ била издадена само во iTunes Store во САД како промоционален сингл на 3 јуни, 2003 преку Columbia Records.

Ноулс кажала дека песната била мотивирана од преданоста и лојалноста која ја имал нејзиниот татко/менаџер, Метју Ноулс кон членовите на неговата фамилија. Многу од песните на албумот ги испитуваат аспекти на врските. Сепак, „Daddy“ се смета за елементно анализирање на врските помеѓу сродството со таткото и неговите потомци од различна моќна перспектива. Музичките критичари, кои генрелно добро ја прифатиле песната, коментирале дека таа е начин на Ноулс да му оддаде почит на нејзиниот татко.

Позадина[уреди]

„Daddy“ е напишана од Ноулс и Марк Батсон.[1][2] Била „скриена песна“ на сите изданија од Dangerously in Love како петнаесеттата и последна песна од албумот.[3] Ноулс прво не планирала да ја вклучи песната во албумот,[3] но по неколкуте одложувања на албумот, нејзе ѝ било овозможено да работи на дополнителен материјал за албумот, вклучувајќи ја и песната „Daddy“.[4] Повеќе од четириесет и три песни биле снимени за Dangerously in Love, од кои сите биле набљудувани од нејзиниот татко Метју. Сепак, Ноулс тајно планирала „Daddy“ да биде „скриена песна“ што го оставило нејзиниот тако без зборови поради шок и благодарност.[4] Песната била издадена како промоционален сингл до iTunes Store во САД на 23 јуни, 2003 преку Columbia Records.[5] Вклучена е и на саундтракот за Малечките Девојки На Тато (2007).[6]

За концепцијата на „Daddy“, Ноулс кажала за MTV Вести:

„Моите мајка и тактко беа заедно 23, 24 години и ги видов како поминуваат низ многу работиt. И тој секогаш ја поддржуваше неговата сопруга и ја поддржуваше неговата фамилија и ги поддржување мјата сестра и [мојата братучетка] Кели Роуланд. Таа лојалност и сила која ја има тој, тие одредени квалитети сакам да ги има секој околу мене. - Бијоне Ноулс (2003)[4]

Композиција[уреди]

„Daddy“ трае речиси пет минути [7] и е Р&Б песна.[8] Првиот стих на песната започнува со Ноулс која се сеќава како таа и нејзиниот татко/менаџер, Метју Ноулс биле заедно додека таа била дете и во адолесцентниот период.[9] Таа пее за својата желба да биде со човек кој има слични квалитети како својо татко.[4] Ова е илустрирано во тектсот: „Јас го ценам секој незаменлив момент и сакам мојот нероден син да биде како мојот татко, јас сакам мокот маж да биде како мојот татко, нема никој друг како мојот татко.“[9] Според Марк Антони Нил од PopMatters, Бијонсе исто така самоуверено ја загрнува нејзината женственост во песната.[3] На некој начин, Бијонсе му посветува внимание на нејизниот татко преку песната.[7]

Критички оценки[уреди]

Марк Едвард Неро од About.com изјавил дека „Daddy“ најверојатно е специфично напишана за саундтрак албумот на Малечките Девојки на Тато и дека може дури „да се пушти во дел со клучна сцена.“ Давајќи насока на долгогодишната врска на Ноулс со Џеј-Зи и тогашните гласини дека тие ќе се венчаат, Неро додал дека песната можеби остава неколку фанови да се запрашаат што ќе се лучи потоа.[9] Марк Антони Нил од интернационалниот онлајн магазин PopMatters сметал дека „Daddy“ е „највлијателната песна на Dangerously in Love.“[3] Тој напишал дека песната е вонредна почит кон нејзиниот татко Метју Ноулс, изјавувајќи дека Ноулс „го прегрнува [...] човекот кој ѝ помогнал да го има уметничкиот што Dangerously in Love го претставува.“ Тој завршил додавајќи „ [...] До моментот кога слушачите ќе стигнах до петнаесеттата и последна песна, тие ќе бидат толку убаво изненадени што 'Daddy' изгледа помалку старомоден [...]“ но во оваа песна таа конечно ја признава изјавата дека е жена, а не девојка.[3]

Ентони Декуртис од Роулинг Стоун коментирал дека албумот кој почнува со „казанот од енергија“ на „Crazy in Love“ (2003), завршува контрасно со „Daddy“ која ја опишал како пет-минутно внимание на нејзиниот менаџер-тетко и сметал дека е „антологија на вокал и лирски клишеа.“[7] MTV Вестите напишале дека „Daddy“ е поразлича од другите односи во Dangerously in Love и додал дека има силна порака.[4] За разлика од него, Алисон Стјуарт од The Washington Post ја нарекол „Daddy“ „страшна бонус песна“.[10] Слично, Спенс Д. од IGN Music изјавил дека „Daddy“ навистина не вреди да се открива.[8]

Наводи[уреди]

  1. Thread editors. „Beyoncé's debut Album, Dangerously In Love“. „Thread Magazine“. архивирано од оригиналот на 22 јануари 2008. http://web.archive.org/web/20080122183145/http://www.thread.co.nz/article/554. конс. 2 март 2011. 
  2. (2003) Album notes for Dangerously in Love by Beyoncé Knowles [CD]. United States: Sony BMG Entertainement.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Neal, Marc Anthony (11 јули 2003). „Beyoncé: Dangerously in Love“. „PopMatters. http://www.popmatters.com/music/reviews/b/beyonce-dangerously.shtml. конс. 1 март 2011. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Moss, Correy. „Beyoncé: Genuinely In Love - Part 2“. MTV News. MTV Networks. http://www.mtv.com/bands/b/beyonce/news_feature_062703/index2.jhtml. конс. 1 март 2011. 
  5. Daddy - Single Beyoncé“, iTunes Store US. Apple Inc. (конс. 1 март 2011).
  6. Daddy's Little Girl (Soundtrack)“, Amazon UK. Amazon Inc. (конс. 1 март 2011).
  7. 7,0 7,1 7,2 DeCurtis, Anthony (10 јули 2003). „Album Reviews: Dangerously in Love“. „Rolling Stone“. Jann Wenner. http://www.rollingstone.com/music/reviews/album/7733/38096. конс. 1 март 2011. 
  8. 8,0 8,1 D., Spence (3 септември 2003). „Dangerously In Love - Beyoncé's solo debut is a mixed bag of contemporary R&B“. IGN Music. News Corporation. http://music.ign.com/articles/436/436601p2.html. конс. 1 март 2011. 
  9. 9,0 9,1 9,2 Mark Edward Nero. „Review: "Daddy's Little Girls" Soundtrack“. About.com. The New York Times Company. http://randb.about.com/od/reviews/fr/DaddysGirls.htm. конс. 1 март 2011. 
  10. Stewart, Allison. "Review: Dangerously in Love". The Washington Post. Katharine Weymouth.: C.05. June 25, 2003. Retrieved on March 1, 2011. (Transcription of original review at talk page)