Cosmopolitan

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Космополитан, исто така познат и како Космо, е најдобро продаваното списание за младите жени во светот. Содржината вклучува статии за врски и секс, здравје, кариери, самоподобрувањето, славни личности, како и за модата и убавината. Издадено од Херст Списанијата (Hearst magazines), Космополитан има 58 меѓународни изданија, печатено на 37 јазици и е дистрибуирано во 100 држави.

Историја[уреди]

Космополитан започна како фамилијарен бизнис, промовиран во 1886 год од Шлихт и Филд ( Schlicht & Field ) како Космополитан. Пол Шлихт, рекол дека неговото прво издание за читателите кој го објавил било Списание за семејствата од Прва класа, додавајќи Ќе има оддел посветен само за интересот на жените, со статии за модата, декорација на домаќинствата, готвење и за грижа и водење на децата итн, исто така и оддел за најмладите членови на семејството.

Тиражот на Космополитан таа година достигна до 25,000, но до Март, 1888, Шлихт и Филд, не беа повеќе во работата. Џон Брисбен Вокер (John Brisben Walker) го доби списанието во 1989 год и Е.Д Вокер порано со Харперс Мантли (Harper's Monthly ) го презеде како новиот уредник, воведувајќи слики во боја, раскази и и прегледи на книги. Стана водечки пазар за приказни истакнувајќи автори како што се Ени Бесант, Амброз Бирс, Теодор Драјзер, Рудвард Клипинг, Џек Лондон, Вила Катер и Едит Вартон. Тиражот на списанието се качи до 75,000 до 1892.

Во 1897 Космополитан најави планови за бесплатно училиште за коресподенција: нема да има никаков вид на наплата на ученикот. Сите трошоци за присутноста ќе бидат платени од страна на Космополитан. Без Услови, освен од бројот на часовите кои што се ветени. Кога веднаш се запишаа 20,000, Бокер неможел да најде училиште и на учениците им било барано да даваат прилог од 20 долари годишно. Исто така во 1987, Х.Г Велс (H. G. Wells) “Војната на Световите” (The War of the Worlds) емитуван како и неговиот “Првиот Човек на месечината” (The First Men in the Moon 1900) Oлив Шрајнер допринесе подолга статија за Бурските Војни (Boer War¬).

Во 1905 год Вилијам Рандолф Херст го купи списанието за 400,000 долари, ( околу 11,000,000 долари вредност во 2007) и донесен новинарот Чарлс Едвард Расел кој придонесе серии на анкентни статии, вклучувајќи “Растот на Кастите во Америка“ (Март , 1907 ) “На вратот на Републиката” ( Декември, 1907 – Март, 1908 ) и “Што ќе Сториш заради тоа” ( Јули, 1910 – Јануари, 1911 ) и “Колорадо, Новите трикови во старата игра” (Декември, 1910 ). Други придонесувачи во текот на овој период вклучувајќи Алфред Хенри Луис, Синклер Луис, А.Ј Кронин, Дејвид Греам Филипс, Џорџ Бернард Шоу, Јуптон Синклер и Ајда Тарбел. Илустратори вклучувајќи Франсис Етвуд, Дин Корнвел, Џејмс Монтгомери Флег и Харисон Фишер.

Изданието во март 1894[уреди]

Со тиражот од 1,700,000 во 1930-тите, Космополитан имаше приход од рекламите од 5,000,000 долари. Нагласувајќи приказни во 1940-тите, беше поднасловен “Списание од 4 книги” откако едниот дел имаше еден роман, шест или осум раскази, две серии, од шест до осум статии и осум или девет посебни статии, додека другите три делови истакнуваат два романа и преглед на актуелните книги без приказни. За време на Втората Светска Војна, продажбата се зголеми до 2,000,000.

Во текот на 1950-тите списанието започна да изнесува помалку приказни. Тиражот незначајно опадна преку милион до 1955, во времето кога списанијата беа надминати за време на порастот на книгите со мека корица и телевизијата. Златното доба на списанијата дојдоа при крајот како масовен пазар, основен интерес на изданија го пушти патот на списанија за посебен интерес каде што на мета се специјализираната публика.

Пристигнува Хелен Грли Браун[уреди]

Тиражот на Космополитан продолжи уште една деценија додека Хелен Грли Браун не стана главен уредник во 1965 и го преправи списанието како Нов Космополитан. Списанието во 1967 пак беше преименувано во Космополитан. Во раните седумдесетти Космополитан стана женско списане дополнето со секси слика на жена на насловните обично во кратко здолниште или бикини. Браун посака да ја претстави немажената жена дека не е сама во зафатувањето во предбрачниот секс; имаше и други жени низ земјата кои ја правеа истата работа.

Во раните години на Браун како уредник, сисанието доби многу критики. Многу луѓе беа шокирани од новата порака на литературното едновремено списание. Како и да е, Браун не обрна внимание и продолжи да го печати списанието коешто го предвиде. Во април 1972 год, списанието наиде на ( near-nude centerfold ) од тогаш малку познатиот глумец Брт Рејнолдс . Беше скандалозно движење во тоа време. Изданието создаде голема контроверзија , доведувајќи ги Космополитан и Рејнолдс до врвот на Америчката популарна култура.

Во април 1978 год, едно издание на Космополитан Мен беше издадено како пробно, центрирано да ги привлече мажите. Насловната се појавија Џек Николсон и Аурора Клемент. Беше издадено два пати во 1989 како прилог на Космополитан. Космополитан денес. Во неодамнешните години списанието и во особеност неговите насловни приказни станаа сексуално поопширни. Изданието на Космополитан на Обединетото Кралство, коешто започна во раните седумдесетти, беше добро познат за сексуални експлицитности, со јак сексуален јазик, машка голотија и опфаќање на содржини како што се силувања. Во 1999, КосмоГрл( CosmoGIRL!) spinoff списание центриран до женската тинејџерската публика, беше создаден за меѓународните читатели. Како и да е заврши со печатење во декември 2008.

Прераскажани се приканите за реалниот живот ("Real Life Reads") директно од преживеаните, совети за сигурноста од ризични или опасни ситуации како ( живеење сам ) придружни раскази откриени од скриени ризици, митови за здравјето и урбани легенди. Пасуси како Проверка на Здравјето кае што искакнуваат статии како "Cosmo Gyno" и "Your Body ( вашето тело ) : Што може да значи абнормален Пап тест, не се само од забавен карактер туку да се помогне на жените да ги разберат нивните тела па дури и да ги препознаат можните проблеми со здравјето. Помалку сериозни обични пасуси вклучуваат "Guy Confessions" ( страници каде што мажите ги раскажуваат нивните срамотни приказни или срамотни работи кои што ги сториле ); озборувања на славните; "You, You, You" или ( Ти, Ти, Ти ) кои што содржат широки разноликости од забавен карактер и совети. Денес списанието истакнува теми како што се секс, шминка и совети за косата.

Насловните како што е “Како да се забавувате со осум мажи одеднаш и да се извлечете од тоа” вознемири некои читатели. Феминистките од третиот бран се расправаа дека и покрај денешното повторување на Космо започна со стопирање на дискриминацијата и еманципацијата на жената, сега допринесува за опсесијата на жената мотивирајќи неудобност од нивниот физички изглед, поради почитуванито приказ на сескуалноста на жената и монументалната слика на телото. Статиите претставени на насловната на списанието како како да ја подобрите сексуалната активност, прикажува ништо повеќе од совети како да се направи искуството да биде позадоволно за мажите отколку како да се направи сексот попријатен за жените.

Космополитан има читатели во повеќе од 100 земји и нуди изданија, објавени од Херст или и од овластениот партнер на 34 јазика вклучувајќи Фински, Шпански, Корејски, Унгарски, Бугарски, Португалски, Шведски, Полски, Хебрејски, Естонски, Романски, Грузијски, Руски, Германски, Италијански, Француски, Грчки, Малезиски и Индонезиски. До скоро беше укинат во Сингапур. Космополитан традиционално беше женско списание дискутирајќи на теми како како што се секс, здравје, фитнес и мода. Исто така од неодамна списанието ја дели нивната концентрација со темите на мажите. “Космо за вашето момче” е прикажано во секое издание со ексклузивни совети за мажите. Космополитан исто така ги регрутира мажите како дел од нивниот персонал да им ги одговорат на нивните читателки “болните прашања кои неможат да им ги постават на мажите во нивните животи”. The “Guy Confessions” ( признанијата на момчето) додава машки срамотни незгоди на тие поднесени од жените.

Други медиуми[уреди]

Телевизијата Космополитан се состои од три телевизиски канала, два канала на Шпански јазик, еден во Шпанија и еден во Латинска Америка и канал на Англиски јазик во Канада во соработка со Corus Entertainment, пуштен на 14 Февруари, 2008 год. Емитуваат програми за женската публика од 18 до 34 години.

Награди и одликувања[уреди]

Забавен, бестрашен Маж и Жена на годината : повеќе од една деценија, Космо ги поздравуваше необичните жени и мажи со неговите Забавно Бестрашни награди, формирани годишно во Февруаврското издание. Во 2008, Џон Мајер ја доби наградата за Забавен, Бестрашен Маж на годината, придружувајќи им се на почесните Ник Лашеи (2007), Петрик Демпси (2007), Џош Дјухамел (2005), Метју Пери ( 2004 ), и Џон Бон Џови ( 2003 ). Кетрин Хејгл ја доби наградата за Забавна, Бестрашна Жена во 2008 година. Титулата која претходно била доделена на Ева Мендез ( 2007), Бијонсе ( 2006 ), Ешли Симсонс (2005), Алиша Силверстон (2004), Сандра Булок (2003) и Бритни Спирс (2002).

Ерген на Годината[уреди]

Во Ноемвриското издание на Списанието се изнесоа најзгодните мажи од сите 50 држави. Сликите и профилите на сите ергени се прикажани на www.cosmopolitan.com, каде што читателите ги гледаат и гласаат за нивните омилени намалени на само 6 финалисти. Тим на уредниците на Космополитан потоа го избираат Ергенот на Годината, кој е прогласен на годишната забава и медијскиот настан во Њу Јорк.

Практикувај Безбедна Забава[уреди]

Во Мајското издание на Космополитан 2006, списанието ја лансира кампањата Практикувај Безбедна Забава, иницијатива со цел за борба против ракот на кожата, молејќи ги читателите да сопрат со сите видови на сончање кои се разликуваат од сончање до шише. Во врска со кампањата, главниот уредник на Космо, Кејт Вајт, обраќајќи и се на Конгреската Керолајн Малони, знаејќи за нејзината подршка за здравјето на жените со интерес дека жените не беа доволно свесни за опасноста од внатрешното сончање и ефективноста на денешните натписи за предупредување. По внимателниот преглед, Конгреската се согласи дека беше потребно да се предложи дека Управа за храна и лекови (FDA- Food and Drug Administration ) зема поглед од поблиску. Таа и претставничката Џини Браун го претставија Одговорноста од сончањето и дејствувањето на Известување во на 16 Февруари, 2006 год. Претседателот Буш го потпиша чинот во септември 2007, па новиот федерален закон бара од УХЛ да ги проучува написите за предупредување за сончање и до 2008 да издадат извештај.

Критика[уреди]

Во неговото Јануарско издание 1988, Космополитан инаку изнесе натпис тврдејќи дека жените речиси немаат причини да се грижат со запознавање со ХИВ многу подолго по укажаната најдобра медицинска наука. Отсечокот тврдеше дека сексот без заштина со ХИВ позитивниот маж, не ја става жената во ризик од инфекција, и продолжи да тврди дека “повеќето хетеросексуалци не се на ризик” и беше невозможно да се пренесе ХИВ со мисионерската положба. Овој натпис, очигледно прикажа неточни информации, разгневувајќи многу активисти на AIDS и активистите на правата на хомосескуалците кои почуствуваа дека натписот придонесе за понатамошна демонизација која вече се почуствува во заедницата на хомосексуалците за време на епидемијата.

Книги[уреди]

• Космо Водичот до Вжарен секс ( 2006 )

• Космо Водена Кама Сутра : 25 секс пози за во када, тушот, базенот и морето (2006)

• Космо Признанија : 100 апсолутно срамотни, скандалозни и секси приказни од реалниот живот (2006)

• Непристојни Забелешки на Космо : 100 секси непријатности за задевање, измачување и Напали го твојот Маж (2006)

• Космо Влажни Секс Игри : сите видови на непристојни начини да имате забава со вашиот љубовник (2006)

• Космо Кама Сутра : 77 неверојатни секс пози (2004)

Космо во Популарната Култура

• Во епизодата на Rules of Engagement ( Правила на Обврзувањето) пуштено во етер во 2007, улогата на Дејвид Спејд рече дека тој сака да чита Космо бидејќи е исто како да се има другиот Плејбук на екипата.

• Во Legally Blond 2 ( Законска Плавуша 2003) кога Ел Вудс и кажува на Полет дека ќе оди на работи каде што правото на глас им е дадено на луѓето, Полет ја праша дали ќе оди во базата на списанието Космополитан.

• Во филмот Now and Then ( Сега и Тогаш 1995) четирите девојки ( Тина, Роберта, Саманта и Криси ) за време на вечерата го решаваат квизот за предигра на Космо.

• Во филмот Legally Blonde (2001) Ел Вудс во нејзините завршни расправии “Правилата за негување на косата се едноставни и крајни. Секоја Космо девојка би требало да го знае тоа”.

• Во филмот Legally Blond (2001) Ел Вудс држи издание на Космо и кажува дека тоа е “Библијата”

• Во 2005 епизода на The O.C ( Округот Оринџ) Сет нацрта женски суперхерој која што ја нарече “Космо Девојка”, кој кажува дека ја има “страста за модата”

• Во епизода на Third Watch ( Третиот Часовник ) Џими и кажува на Ким дека Космо кажува дека треба да направи мажот да се чувствува важен за неа, каде што таа одговори “Ти читаш Космо?”

• Вил Труман во Will and Grace ( Вил и Грејс) во 1995 кажува во 1995-та епизода :”ох, вие девојки ќе имате бал, ќе ги сплетувате косите една на друга ќе зборувате за момчињата и ќе го решавате Космо Квизот”.

• Во 1997 епизода на Just Shoot Me ( Само за Сликање ) домаќинот на "Femmy" ( Феми) списанието на церемонијата за доделување на наградите рече: “Дали ние навистина треба да седиме тука три часа или само можеме сите награди да ги доделиме на Космо”

• Во епизодата на Friends ( Пријатели) кој се даваше во 1994, Чендлер признава дека го решава квизот на Космо

• Во епизодата на That 70's Show ( Луди Седумдесетти) Џеки и Келсо читаа Космополитан за да ги решаат нивните проблеми во врската.

• Во 1986 год воениот филм Heartbreak Ridge ( Тажниот Гребен ) улогата на Клинт Иствуд нар Гани Хајвеј чита Космополитан за да се здобие со проникливоста на умот на другиот пол за да ја добие назад својата бивша жена.