Commentarii de bello Gallico

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Commentarii de
Bello Gallico
(Коментари за
галската војна)“  
An 18th century edition
Издание Commentarii de Bello Gallico од XVIII век
Автор Гај Јулиј Цезар, Авел Хирциј(VIII)
Јазик класичен латински
Предмет(и) историја, етнографија, воена историја
Жанр(ови) публицистика
Издавач Гај Јулиј Цезар
Издадена 50-та и 40-та п.н.е.?
Следна Commentarii de Bello Civili

Commentarii de bello Gallico (македонски: Коментари за Галската војна) е текст што во 50-те и 40-те години п.н.е. го напишал римскиот воjсководец и политичар Гај Јулиј Цезар за да го опише сопственото освојување на Галија.

Технички опис[уреди]

Текстот се состои од осум книги[1] и е напишан во трето лице. Се смета за едно од најпознатите и најцитираните дела на римската книжевност, односно како најпознати воени мемоари во историјата на човештвото. Поради елегантниот, но едноставен прозен стил, de bello Gallico со векови се користи во образовни цели, односно за што полесно запознавање на учениците со латинскиот јазик.

Мотив за пишување[уреди]

Иако главен мотив за пишување на Цезар му била политичката пропаганда, односно настојувањето да ги оправда своите постапки во Галија пред римската јавност и да се пофали со своите спектакуларни воени успеси, de bello Gallico се смета за еден од највредните пишани извори за античката историја, особено кога во прашање се подрачјата на северозападна Европа. Цезар е првиот автор кој детално ги опишал тамошните народи и нивниот начин на живеење, а неговата книга е единствениот колку-толку веродостоен извор за предримска Галија, односно со овие текстови започнува и пишуваната историја на Британија. Исто така, книгата се смета за една од првите етнолошки студии во историјата.

Се претпоставува дека Цезар не ја довршил книгата сам, односно дека поради зафатеност со граѓанската војна, напишал само седум книги; осмата ја довршил неговиот помошник Авел Хирциј.

Надворешни врски[уреди]

Викиизвор
Викиизворот на латински има изворна содржина поврзана со оваа статија:

Наводи[уреди]

  1. Thomas Reginald Stevenson, Julius Caesar: Commentarii de Bello Gallico, Literary Encyclopedia (анг.)