Comet

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Comet е програмерска техника која му овозможува на веб-опслужувачот да испраќа податоци до клиентот без клиентот претходно да упати барање за тоа. Оваа техника овозможува развој на event-driven веб-апликации кои се извршуваат на страната на веб-прелистувачот (на страната на клиентот).

Која е потребата за оваа техника[уреди]

Вообичаено, веб-страницата се испраќа до клиентот само кога клиентот истата ќе ја побара. За секое барање на клиентот, прелистувачот иницира HTTP воспоставување на врска со веб опслужувачот, веб опслужувачот ги враќа бараните податоци после што врската се прекинува. Прикажаната страница ќе биде освежена само доколку корисникот експлицитно не побара тоа да биде направено, или пак премине на друга страница. Пренесувањето на целата страница може да одземе многу време, така што освежувањето може да предизвика одредена латенција.

За да се надмине овој проблем може да се користиме со AJAX технологијата, која овозможува да се освежат само одредени делови од веб-страницата. На овој начин се намалува количината на податоци која треба да се пренесе, а исто така се намалува и латенцијата. Од другата страна се намалува оптовареноста на веб-опслужувачот и се зголемува неговата брзина на одговор. Со користење на асинхрон пренос на податоци во позадина, може да се зголеми уште повеќе брзината на веб-апликацијата.

Но и понатаму корисникот мора да упати барање до опслужувачот за одредени податоци. Проблемот станува уште поголем кај апликациите кои чекаат да се случи некој настан на страната на опслужувачот, пример доставување на одреден податок од некој друг корисник на апликацијата. Но времето на доставување на податокот не е познато.

Едно решение на овој проблем може да се бара во креирање на процес кој во одредени временски интервали би проверувал дали таков настан се случил на опслужувачот или не. Но ова не е елегантно решение бидејќи овој процес ќе го оптоварува опслужувачот, што директно ќе се отслика на брзината на веб-апликацијата. Уште повеќе непотребно ќе се зголеми сообраќајот по мрежата.

Подобро би било опслужувачот да испрати порака до клиентот во оној момент кога ќе се случи настанот, без клиентот да го праша за тоа. На овој начин клиентот не мора периодично да го проверува опслужувачот дали настанот се случил или не; ќе си продолжи да си работи други работи а работата на податоците кои зависат од настанот кој треба да се случи ќе биде извршена кога ќе се добие сигнал од серверот. Ова е точно тоа што Comet има намера да го направи.

Технологија[уреди]

За разлика од нормалниот пренос на податоци помеѓу веб-опслужувачот и веб-прелистувачот, врската со опслужувачот кога се користи Comet бара специјални конструкции. Апликацијата на клиентската страна мора да продолжи со работа додека воспоставува асинхрона врска со серверот. На страната на опслужувачот, дури и ако барањето воопшто не е опслужено, врската не се прекинува (иако неискористена) сè додека не се случи соодветниот настан. Кога настанот ќе се случи, опслужувачот ги гура (анг. push) податоците кон клиентот, кои се генерирани како резултат на промената која настанала, преку веќе воспоставената врска.

Врската може да биде биде прекината после тоа, но може и да остане отворена и понатаму ако се очекуваат нови настани. Ако има повеќе промени, опслужувачот може да ги испрати податоците од промените преку воспоставената врска, без клиентот да прави експлицитен упит за нив до серверот.

Размерливост и доверливост[уреди]

Постојат потенцијални опасности во зависност од тоа колку добро веб-опслужувачот ја има иплементирано Comet технологијата. Бидејќи врската се чува отворена сè додека настанот не се случи, опслужувачот треба да се грижи за истата подолго време ако настанот не се случува така често. Проблемот станува поизразен ако различни врски чекаат на различни настани. Справувањето со голем број на врски може да доведе до проблеми на опслужувачот.

Огнените ѕидови (анг. Firewalls) и HTTP посредниците (анг. proxy) помеѓу веб-прелистувачот и веб-опслужувачот може да предизвикаат дополнителни проблеми. Огнените ѕидови вообичаено се нагодени да ја прекинат врската која е отворена подолго време.

Веб-прелистувачите предизвикуваат дополнителни ограничувања: секција 8.1.4[1] на HTTP 1.1 спецификацијата вели дека "Еден клиент НЕ МОЖЕ да има повеќе од 2 врски со било кој опслужувач или посредник", а оваа препорака е почитувана од повеќето веб-прелистувачи, вклучително и Internet Explorer и Firefox.

Имплементации[уреди]

Постојат неколку имплементации на Comet Ajax server-push моделот, комерцијални и некомерцијални:

Види исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  1. секција 8.1.4 на HTTP 1.1 спецификацијата

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

  • Virgil's Live™ пренос на било кој податок од било кој извор до било кој веб клиент и испорака на real-time податоци со мала латенција, висока доверливост, низ огнени зидови и прокси опслужувачи (англиски)
  • Caplin Liberator Докажан, размерлив, двонасочен високооптимизиран опслужувач за пораки кој користи Comet со HTTP/S тунелирање, подржува до 30,000 активни конекции со мала латенција - се користи воглавно од поголеми финансиски инститции нз елиот свет. (англиски)
  • Flex Enterprise Services An approach from Adobe/Macromedia for addressing the same problem using Flash. (англиски)
  • Lightstreamer A full Comet solution that comprises a high-performance Push Server and a set of client libraries. The event-based architecture of the Server makes it able to scale to tens of thousands of concurrent connections. (англиски)
  • ICE Technology Corp.'siPush Server - real-time push data to your RIA. (англиски)
  • Asteroid (a small Comet): Comet in Squeak(Smalltalk), by Diego Gomez Deck (англиски)
  • Fjax: an open, lightweight, cross-browser methodology for Ajax-style development (англиски)
  • COMETd: an open source scalable comet framework. A Dojo foundation sponsored project. (англиски)