C++ Standard Library

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

C++ Standard Library е колекција од класи и функции, кои се напишани во основниот јазик и дел од C++ ISO стандардите. C++ Standard Library нуди неколку генерички контенјери, функции кои ги ангажираат и манипулираат овие контенјери, функциски објекти, генерички стрингови и стримови, и секојдневни функции како што се наоѓање на корен од некој број. C++ Standard Library исто така ја вклучува ISO C90 C Standard Library. Карактеристиките на C++ Standard Library се декларирани со std именскиот простор.

C++ Standard Library се заснова на конвенција воведена од Standard Template Library (STL). Иако C++ Standard Library и STL делат многу функции, ниту една не е строго одделена од другата. Исто така на C++ Standard Library влијаела и работата на Александер Степанов и Менг Ли.

C++ Standard Library е подложена на ISO стандардизацијата како дел од C++ ISO Стандардизациониот труд, и поминува подолга работа во поглед на стандардизирањето на проширената функционалност.

Почетните податотеки во C++ Standard Library не завршуваат со „.h“. Како и да е , C++ Standard Library вклучува 18 почетни податотеки од C Standard Library, кои завршуваат со „.h“. Нивното користење е омаловажено.

C Standard Library[уреди]

Секој хедер во C Standard Library е вклучен во C++ Standard Library со различно име, коешто го бриши .h, и додава ’c’ на почетокот, на пример ’time.h’ преминува во ’ctime’. Единствената разлика помеѓу овие две и традиционалната C Standard Library е тоа што функциите можат да бидат сместени во std::namespace. Во ISO , функциите во стандардните библиотеки е дозволено да бидат имплементирани од страна на макроа, што не е дозволено од ISO C++.