C&A

Од Википедија — слободната енциклопедија
Продавница на К&А во Берлин

К&А е меѓународен синџир на модни продавници за продажба на облека на мало, со свои европски седишта во Вилворде (близу Брисел), Белгија и Диселдорф, Германија. Има свои малопродажни продавници во Аргентина, Австрија, Белгија, Бразил, Кина, Хрватска, Чешка, Босна и Херцеговина, Франција, Германија, Унгарија, Италија, Луксембург, Мексико, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Русија, Словачка, Шпанија, Србија, Швајцарија, Словенија, Турција и наскоро отворање во Египет. Вклучени се брендовите Анџело Литрико, Канда, Клокхаус, Here+There, Паломино, Вестбури, Џесика, Џесика Пјур и Your Sixth Sense.

Компанијата е основана од страна на браќата Клеменс и Аугуст Бренинкмејер во 1841 година, како холандска текстилна компанија, земајќи ги своите иницијали за име на компанијата, чие потекло е од германското семејство Бренинкмејер кое што тргувало со лен и текстил од 17 век од нивниот роден град Метинген, Германија[1]. Од 2007 година, К&А исто така се впушти во банкарство на мало, основајќи ја К&А Банка ГмбХ (C&A Bank GmbH) во Германија, чиј главен интерес е спроведување на потрошувачки кредит под својот производ “ К & А Пари”(C&A Money).

Многу години продавниците за облека на мало на К&А беа многу присустни на високите улици низ Велика Британија. Меѓутоа, стратегијата на компанијата за продавање на евтина облека во продавници со висока кирија во центарот на градот, малопродажните продавници ги направија осетливи на новиот вид на конкуренција, работејќи на поевтини локации надвор од градот, вклучувајќи го и Маталан, (Matalan) како и брзо проширување на продажбата на облека во супермаркети- синџири за исхрана, како што се Теско (Tesco) и Азда (Asda), и проширување на високо престижните имиња Х&М (H&M), Зара (Zara) и Топшоп (Topshop). К&М во Велика Британија беше значаен пример на обединета приватна безгранична компанија[2], што значи дека не беше потребно да ги објавува во јавност своите финансиски извештаи согласно законите за трговски друштва во Велика Британија.

Во 2000 година, К&М ја објави својата намера да се повлече од британскиот пазар и последните малопродажни продавници во Велика Британија беа затворени во 2001 година, откако првите во Англија беа основани во 1922 година[3]. Компанијата се соочи со слични проблеми и во континентална Европа и неодамна се обиде да се обнови преку подобрување на квалитетот и цената на својата облека, во обид да се ослободи од сликата на нискобуџетна компанија. Примарк (Primark), синџир на продавници за продажба на облека на мало, постигна голем успех во Велика Британија користејќи слична формула за малопродажба како таа на К&А.

Во Јуни 2009 година компанијата се повлече од Аргентинскиот пазар. К&А во Кина се натпреварува со неколку главни компании како што се Х&М и Зара.

Семејството Бренинкмејер преку својата компанија Кофра Холдинг АГ (Cofra Holding AG) сместена во Швајцарија продолжува да биде сопственик на К&А групата и нејзиниот успех ги доведе до тоа да станат најбогатата холандска фамилија во Холандија, втора најбогата е Шарлен де Карваљо- Хајнекен (Charlene de Carvalho-Heineken), ќерка на холандскиот магнат Фреди Хајнекен (Freddy Heineken)[4], основачот на Хајнекен пивото. Меѓутоа семејството Бренинкмејер сега живее во Женева и Цуг, Швајцарија каде имаат корист од разумната даночна клима.

Во летото 2010 година, американската пејачка и текстописец, глумица и модел, Бијонсе (Beyoncé), објави своја сопствена модна линија, Дереон (Dereon), во соработка со К&А[5][6].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.c-and-a.com/aboutUs/company/history/ Архивирано на 15 мај 2010 г. C&A History
  2. United Kingdom Companies House webcheck Company number 00524665
  3. „C&A quits UK“. BBC News. 2000-06-15.
  4. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-03-08. Посетено на 2011-01-21.
  5. http://www.youtube.com/watch?v=oQNbgMYBx3I&feature=player_embedded
  6. http://www.youtube.com/watch?v=xOng9hZKrQ0&feature=player_embedded