Мрежна магистрала

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Bus network)
Топологија на мрежна магистрала

Мрежна магистраламрежна топологија во која јазлите се директно поврзани на заеднички линеарна (или разгранета) полудуплексна врска наречена магистрала.[1][2]

Функционирање[уреди | уреди извор]

Хостот на мрежната магистрала се нарекува „станица“ или „работна станица“. На мрежната магистрала секоја станица го прима целиот мрежен сообраќај и сообраќајот генериран од секоја станица е со еднаков приоритет за пренос[3]. Мрежната магистрала формира единствен мрежен сегмент и домен на судири. За да оди пренос од сите јазли истовремено се користи топологија на пристапна контрола на медиумот (англиски: medium access control) како повеќекратен систем со детекција на носителот (англиски: carrier sense multiple access, CSMA) или контрола на магистралата (англиски: bus master)

Доколку која било врска или сегмент од магистралата е отсечен, се прекинува целосниот мрежен сообраќај заради скок на сигналот предизвикан од отсуството на завршен отпорник.

Предности и недостатоци[уреди | уреди извор]

Предности[уреди | уреди извор]

  • Едноставно за имплементација и проширување.
  • Лесно инсталирање.
  • Добро приспособено за привремени или за мали мрежи кои не побаруваат големи брзини.
  • Поевтина од други топологии.
  • Евтино, потребен е само еден кабел.
  • Лесна идентификација на погрешни кабли.
  • Намалена тежина поради намалениот број на жици.

Недостатоци[уреди | уреди извор]

  • Ограничена должина на кабелот и ограничен број на станици.
  • При проблем со кабелот целата мрежа престанува со работа.
  • Поскапо одржување на подолг временски период.
  • Перформансите се влошуваат поради додавање на други компјутери или поради густиот сообраќај.
  • Значајни просторни капацитети.
  • Работи најдобро со ограничен број на јазли.
  • Најчесто има поспор трансфер на податоците од другите топологии.
  • Само еден пакет може да остане на магистралата во текот на еден такт на часовникот.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Network Topologies" Архивирано на 20 јули 2015 г. Teachbook Blog, Accessed August 4th 2015.
  2. Janssen, Cory "What is a Bus Topology?", Techopedia, Accessed August 4th 2015.
  3. Knott, Geoffrey; Waites, Nick (2002). BTEC Nationals for IT Practitioners. Brancepeth Computer Publications. стр. 395. ISBN 0-9538848-2-1. ...all stations have equal priority in using the network to transmit.