Broadband Global Area Network

Од Википедија — слободната енциклопедија

Broadband Global Area Network (BGAN) е глобална сателитска интернет мрежа со телефонија која користи преносливи терминали. Вообичаено терминалите се употребуваат за поврзување на лап-топот со широкопојасниот интернет во далечинско управување, иако, доколку нема пречки помеѓу сателитот и терминалот тој може да се користи секаде. Вредноста на BGAN терминалите е што за разлика од другите сателитски интрнет услуги кои бараат големи и тешки сателитски чинии, за да се поврзе, BGAN терминалот има големина како лаптоп и е лесно носив. Мрежата се обезбедува преку Inmarsat и користи три земјишни сателити наречени I-4 со кои се обезбедува глобална покриеност.[1]

BGAN терминал, како што е Hughes 9202, е многу пренослив и може да се поврзе на интернет од било каде во светот.

Детали[уреди | уреди извор]

Брзините на симнување на податоци до крајните терминали сè до 492 килобајти и брзините за аплоад (пренос кон интернет) се исто така 492 килобајти. Како сите геосинхронизирани сателитски врски брзината на пренос на податоци може да биде со променлива брзина. Вообичаена латенција (задоцнување) изнесува 1-1.5 секунди Кружно патување за Background IP услуга. Тоа е малку подобро за стриминг услуги на 800 мс - 1 секунда. Латенцијата главно е резултат на големата дистанца која треба да се помине пред пакетот да дојде до Интернетот, но малку се влошува зависно од технолошката опременост на крајниот корисник а како нормално задоцнување е околу 550ms. BGAN корисници најчесто користат Performance Enhancing Proxy (PEP) софтвер или друг Transmission Control Protocol (TCP) пакет забрзувач за подобрување на перформансите.

BGAN терминалите се произведуваат од многу производители. Тие сите имаат слични сппособности. Првите два кои се однесуваат на основната BGAN услуга се Интернет и Телефонија. Цените на податоците од многу ISPs (интернет сервис услужник) и кои нудат BGAN услуга се во просекод 7.50 американски долари за 1 мегабајт. Гласовен повик чини од прилика 1 долар по минута и цената варира во зависност од местото на повикот (Фиксни линии, мобилни телефони, други сателитски телефони кои се најскапи).

BGAN моментално е најбрзиот глобален линк за податоци кој е достапен преку преносен терминал кој може лесно да се постави (подеси) од секого и има одличен квалитет на звук. Работи на L-band избегнувајќи ги проблемите од временските услови и другите проблеми кај поголемите сателитски системи.

Добивање сигнал[уреди | уреди извор]

Актуелниот процес на поврзување на BGAN терминал со сателит е лесно остварлив. BGAN терминал треба да најде своја позиција употребувајќи GPS, пред да преговара(да воспостави врска) со сателитот, потрбно е ведро небо за да се започне процесот. Веднаш штом ќе се добие позицијата на GPS нема потреба да го прави истото тоа повторно се доколку не се премести во друг регион. Да се добие почетна GPS позиција потребнисе неколку минути. На терминалот му треба чисто видно поле до геостационарниот сателит така што корисникот ќе биде надвор и треба да утврди каква позиција треба да има сателитот (со компас ако е потребно). Вртејќи го полека терминалот рачно, тој ќе ви покаже кога е најден сателитот. Потоа, обично со допир на едно копче, терминалот сам договара со сателитот и се поврзува. Просечното време за поврзување на BGAN уредот е 2 минути, под една минута со искусен корисник и добар сигнал. BGAN се користи во светот во ситуација на катастрофи, телемедицина, бизнис континуитет, далечински мониторинг, воени цели и за рекреација.

Терминали[уреди | уреди извор]

Производители на терминали се Thrane & Thrane, Hughes Network Systems,[2] и Addvalue. Цената на терминалот е US$1800 и US$5000 зависно од класата и можностите на различните системи. Зависно од типот на терминалот корисниците може да ги поврзуваат нивните компјутери преку USB, Bluetooth, WiFi, или Ethernet врска. Ова им овозможува пристап до интернет, проверка до е- пошта, симнување фајлови или каква било друга интернет активност што може да ја прават дома или во канцеларија. Многумина се опремени со регуларен RJ11 Phone Jack за правење на PSTN повици, користејќи обичен телефонски уред, а многу терминали имаат ISDN врска телефонски повици. Некои BGAN терминали ги имаат и двете така што корисниите може да ги реализираат двата вида телефонски повици. Корисниците исто така може да праќаат факсови или смс пораки. Повеќето BGAN терминали можат да поддржат насочувач или свич уред така што корисниците може да вклучат повеќе компјутери или VOIP телефони и да постават мобилна канцеларија.

Покриеност и достапност[уреди | уреди извор]

BGAN услугата е глобално достапна, без половите.[3]

Видови сервиси[уреди | уреди извор]

Има повеќе од еден вид BGAN сервис достапен од Inmarsat за BGAN терминали.

Стандард[уреди | уреди извор]

Стандард BGAN сервис обезбедува од Inmarsat обезбедува интернет, телефон, смс пораки, факс, ISDN и тековни сервиси. Тој е направен за користење со сите BGAN терминали освен Hughes 9502 кој користи BGAN M2M услуга.

M2M[уреди | уреди извор]

BGAN M2M Сервис, пуштен во февруари 2012, е нископропусен опсег на услуги за далечинско следење и контрола на SCADA или M2M (машина кон машина). BGAN M2M сервис се нуди во 2,5,10 и 20 мегабајти месечни сервис планови. BGAN M2M сервис не наплака за општа комуникациија, а најмала отпремнина е 1 килобајт, кој е идеален за M2M комуникација (стандарден BGAN сервис има 50 килобајти трансверен пораст). BGAN M2M сервисот во мометот е достапен само на терминалот Hughes 9502 BGAN.

Линк (Врска)[уреди | уреди извор]

BGAN Link, пуштен во март 2012, е само за фиксни локации кои бараат 5 до 30 гигабајти на трансверирани податоци за еден месец. На крајот на 2013, Inmarsat воведе Unlimited BGAN Link "GEO" планови за одделни држави/региони вклучувајќи ги Централна и Јужна Америка, Австралија, Африка. Сервисните сметки на BGAN Link се далеку помали од стандардната BGAN сервис, правејќи го овој сервис поспоредлив со VSAT сателитскиот сервис. Една предност на BGAN треминалите се нивната ниска потрошувачка на струја (4 вати до 22 вати на трансмисија) кое е многу помалку од сателитските чинии кои користат 90 до 150 вати затрансмисија. BGAN Link сервисот единствено е достапен со Class 1 BGAN терминалите (Hughes 9201 или Explorer 700/710) а се сервисираат на 3 и 12 месеци. Трминалите можат да се пренесат 4 пати годишно со најава од 30 дена и цена од 1000 американски долари за пренос, и мора да бидат на една локација не помалку од 3 месеци. Сите стандардни BGAN сервиси се достапни со BGAN Link (интернет, телефон, смс пораки, факс, стриминг). сè додека BGAN Link сервисот се користи глобално, потребно е одобрение од Inmarsat за негово активирање.

Варијанти[уреди | уреди извор]

BGAN терминалите се дозволени за употреба на отворено море, на брод во движење. Но бидејќи бродот ќе се движи, постои голема можност да се изгуби сигналот а потоа и врската. Inmarsat ги информирал DPs дека мрежата не ги блокира овие врски.

Inmarsat има создадено FleetBroadband севис кој користи I4 сателити за поморска комуникација.

Стандардните BGAN термнали не можат да се користат во авион во движење поради доплеровиот ефект. Направен е алтенативен сервис кој користи поинтелигентни терминали за врска со I4 сателити, наречен SwiftBroadband, за употреба во авиони.

Покриеност во медиумите[уреди | уреди извор]

Дописникот на Sky News, Алекс Крафорд користел BGAN опрема за да врши пренос во живо од возило во движење за вестите од ослободувањето на Триполи, Либија, во август 2011. Ова било правено така што цело време се подесувал BGAN терминалот да го бара сателитот. In-Motion BGAN сателиските термнали често се користатод страна на медиумите за видео преноси. Друга предност на in-motion BGAN системите е тоа што заштедуваат драгоцено време коа пристигнуваат на местото на нстанот во живо. Возилото на медиумот кое е опремено со in-motion систем, не бараат одредување време затоа што терминалот е веќе заклучен на сателитот.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „INMARSAT: Inmarsat Broadband Goes Global“.
  2. „Inmarsat BGAN Terminals — Inmarsat“. Архивирано од изворникот на 2011-07-13. Посетено на 2014-07-03.
  3. „BGAN Coverage — Inmarsat“. Архивирано од изворникот на 2013-04-02. Посетено на 2014-07-03.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]