Bluetooth

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

ШТО Е BLUETOOTH?[уреди]

‘’’’’Bluetooth’’’’’ е бежична технологија за пренос на податоци и глас,развиена од страна на разни произведувачи на електронска опрема со цел да нивните производи од компјутери и телефони па се до тастатура и слушалки бежично да се поврзат на мали растојанија (до 10 метри) брзо и едноставно.

Bluetooth технологијата овозножува безжично поврзување која работи на принцип на краткодометни радио врски. Како и сите други уреди Bluetooth има свои предности и недостатоци. Предности со користење на Bluetooth се: ниска цена,едноставно користење, уредите кои комуницираат не мора да се во линија на видливоста,безжично печатење на USB принтер итн, а додека недостаците се состојат во тоа што далечини на функционирањето на Bluetooth уредите се ограничени, и малиот минимален проток. [1]

ПОСТАНОК НА BLUETOOTH[уреди]

Идејата за настанокот на Bluetooth, е родена во 1994 година кога компанијата Ericsson Mobile Communications одлучила да ја испита можноста за поврзување на мобилните телефони и нивните додатоци преку евтина радио врска со мала потрошувачка на струја.Идејата била да во секој уред се вгради малo радио и на тој начин да се исфрлат каблите.

После една година вистинскиот потенцијал на таа идеја почнал да се развива.Главните истражувања се извршени во лабораторијата на Ericsson во Лунду од страна на Sven Mattisson и Jaap Hartsena кои денес се сметаат за ″родители″ на Bluetooth технологијата.Ericsson прв ја нарече Bluetooth технологијата како ″Multi-Communication Link″(MC Link).Оригиналната идеја била да се поврзат безжични слушалки со мобилниот телефон,а подоцна откриле дека на исти начин можат да ги поврзат и повеќето електронски уреди,со нивни зборови тоа им било среќна случајност. [2]

Во почетокот на 1997 година Ericsson направи нешто сосема неочекувано-одлучи да оваа технологија не ја наплатува,и на сите заентересирани компании да им даде бесплатни лиценци,да то е единствениот начин да технологијата постане глобален стандард. Ericsson започнал разговори со компании од различни сфери на производство на електронска опрема (Nokia-мобилни телефони,IBM и Toshiba-преносни компјутери и Intel-чипови за дигитални обработки на сигналите) со цел да се основа конзорциум кој понатака ќе ја развива и промовира технологијата.

Bluetooth технологијата званично во јавноста е претставена на 20 мај 1998 година кога пет компании: Ericsson, IBM, Intel, Nokia и Toshiba одржале симултана конференција за новинари во Лондон, Токио и Сан Хозе на која е објавено дека тие компании се здружиле и развиле бесплатна технологија, отворени спецификации за безжично поврзување и дека организацијата која стои зад сето тоа се вика ‘’Special Intrests Group’’.

BLUETOOTH SIG[уреди]

Special Intrests Group (SIG) е конзорциум компанија-промотор и креатор на Bluetooth технологијата ( 3Com, Ericsson, IBM, Intel, Agere Systems, Microsoft, Motorola, Nokia, Toshiba и други ), а денес покрај нив членуваат и околу 2000 компании кои користат Bluetooth.

Bluetooth SIG основан е во мај 1998 година од страна на следните компании ( founding members ):

Во декември 1999 година,му се придружиле уште четири компании како промотори (promoting members):

Најважната улога на SIG е да го прави развојот на технологијата на краткодометни радио врски,да дефинира глобални стандарди и да спречи технологијата да постане сопственост на една компанија. Ова е придонело за објавување на првите Bluetooth спезификации 26 јули 1999 година.Денес е стандард Bluetooth 1.2. (спецификација објавена во ноември 2003 година), а се очекува верзија 2.0 која треба да овозможи поголема брзина на преносот и треба да се појави во средината на 2005 година.

Bluetooth технологија го добила името по викингшкиот и данскиот крал Haroldu Plavozubom ( 911-985., Harid Blatand на Данска, односно Harold Bluetooth на Англија ), кој е од 935 до 985 ширел христијанство по тогаш на Данска и Норвешка. [3]

BLUETOOTH ТЕХНОЛОГИЈА[уреди]

BLUETOOTH e технологија која што првенствено користи краткодометни радио врски како замена за каблови помеѓу компјутерите и неговите периферни единици.

Особините на Bluetooth се следни: благодарение на RF природата апаратите не мора да се во линијата на видливоста за да функционира комуникацијата, потоа оддалеченоста на која можат да бидат апаратите е 10 м., а ако јачината на предавателот е поголема, оддалеченоста може да биде и до 100 м.Дизајнот е таков што и цените му се ниски. Најголем недостаток на Bluetooth технологијата се ограничените дистанци,но уште поголем недостаток е малиот,минимален проток.Ги подржува податоците од 780kb/s и тоа 721 kb/s во еден правец, а во спротивниот 57,6 kb/s или до 432,6 kb/s во двата правци симетрично.

Главната јачина во Bluetooth технологијата лежи во можноста да пренесува и податоци и говор. Способен е да подржи еден асинхрон канал на податоци и до три синхрони говорни канали или еден канал кој би подржал и говор и податоци. Овие способности заедно со можноста за ad hoc топологијата го прават Bluetooth да биде многу добро решение за мобилните апарати и примена во интернет. Генерално организирани се во група од три до осум апарати кои се викаат picоnet кои се состојат од еден master апарат и еден или повеќе slave апарати. Апаратот може да му припаѓа на еден или повеќе piconet, или како slave,или во еден piconet како master, а во друг како slave. Два или повеќе поврзани piconeti го прават scatternet. Врската помеѓу два piconeti го претставува Bluetooth апаратот кој е член на два piconeta. Bluetooth апаратот може да прима и испраќа податоци во само еден piconet во даден момент. За да се обезбеди коeгзистенција со други мрежи во истиот опсег, секој piconet е синхронизиран во единствен образец со фрекфенциски удари којшто минува низ 1600 различни фрекфенци во секунда. Кога еднаш ке се приклучи во некој piconet, slave ке се синфронизира со мастерскиот такт за да се приспособи на обрасците на фреквенциските скокови.[4]

МОЖНОСТИ НА BLUETOOTH ТЕХНОЛОГИЈАТА[уреди]

Денес кога Bluetooth постана стандард за поврзување на мали растојанија, можностите на Bluetooth технологијата се големи и тешко е да се набројат-од оригинална замисла за поврзување на слушалките со мобилниот телефон и управување на компјутери со помош на мобилен телефон и размена на податоци помеѓу два мобилни телефони па се до наоѓање на партнер (toothing), контрола на замрзнувачите итн.


BLUETOOTH ПРИНТАЊЕ[уреди]

Преносот на податоци помеѓу компјутер со ‘’Bluetooth’’ или PDA компјутери поврзани на LAN е овозможено преку AP, или едноставно да добиеш интернет пристап преку поврзан LAN. Доколку се испрати некој документ за печатење до USB принтер тоа е овозможено преку Bluetooth преку поврзување на USB принтерот на корисникот со корисничкиот AP. Вградениот принтерски опслужувач исто така овозможува да се испратат некои документи за принтање од компјутер кои се поврзани на LAN до USB принтери поврзани на AP. Корисничките AP вклучуваат класа 1 Bluetooth радио – најмоќното радио коешто е достапно. Тоа работи до 723 Kbps со дофат до 100 метри и поддржува до седум корисници истовремено. Лесниот кориснички web – пребарувачки интерфејс го прави поедноставно управувањето со својот AP поедноставно од кога и да е претходно. Преку користење на DHCP, корисничкиот AP добива IP адреса автоматски кога се поврзува на мрежата. Конекцијата на сите Bluetooth безжични уреди е обезбедена преку 128 битна енкрипција и корисничка автентичност (оригиналност, приватност). [5]

Поддржува конекции од оперативните системи:

Предности:

•Овозможува безжично печатење на USB принтер преку Bluetooth и сопствената мрежа •Поддржува до седум корисници истовремено •Овозможува лесно управување со вграден web пребарувачки интерфејс •Работи безжично (без видлива врска) од десктоп компјутер, PDA или мобилен телефон •Нуди вградена безбедност користејќи 128 битна енкрипција и автентичност овозможувајќи ни безбеден пристап до било кој Bluetooth уред •Работи со сите Bluetooth v1.1 уреди •Овозможува лесна инсталација •Поддржува Microsoft Windows 98 SE, ME, 2000, XP, Microsoft Pocket PC 2000 и Pocket 2002 •Ни овозможува работа на далечини до 100 метри (зависно од опкружувањето, бројот на корисници и други безжични уреди со брз пристап) •Вклучува подесувачки софтвер за Windows. [6]

ОСНОВА НА BLUETOOTH, PICONET И SCATTERNET[уреди]

Bluetooth е технологија која користи радио бранови за воспоставување на point-to-point и point-to-multipoint за трансфер на глас и податоци во радиус од 10 метри.

Кога ќе се поврзат два или повеќе Bluetooth-а се создава piconet.Секој piconet може да содржи до 8 различни уреди(еден master и еден slave уред), а повеќе piconet – и (најмногу 10, односно вкупно 80 уреди) можат да бидат споени во scatternet. [7]

BLUЕTOOTH ПРОТОКОЛИ[уреди]

Bluetooth има нешто поинаква архитектура од досега спомнатите. Bluetooth протоколите можат да се разграничат во неколку врсти. Првата врсте се CORE протоколи во која спаѓаат Baseband и LCL ( Link Control Layer), LMP (Link Manager Protokol),HCL (Host Controller Interface) и L2CAP ( Logical Link Control Adaptation Protocol) и SDP ( Service Discovery Protocol). Baseband и LCL ( Link Control Layer) го овожможуваат физичкиот линк RF линкот помеѓу Bluetooth- овите единици кои формираат пиконет и воедно ја овозможуваат синхронизацијата помеѓу овие единици и под негова контрола е големината на пакетот кај преносот на податоци. Во нeгов домен е генерисувањето, размената и контролата за клучевите за користење при аутенфекција криптирање на податоци. [8] HCI (Host Controller Interface) се користи за да се одвојат Baseband и Link Manager од транспортните протоколи како што е USB или RS-232.Со негова помош Bluetooth апликацијата може да пристапи кон Bluetooth хардверот без познавање на транспортниот слој или други податоци поврзани со хардверската имплементација. L2CAP ( Logical Link Control Adaptation Protocol) протоколот сместен е над Basrband слојот, веднаш покрај LMP и овозможува конекциски и безконекциски сервиси за повеќе слоеви и нивни протоколи, на пр: за TCP/IP. Негови основни функции се: мултиплексирање, сегментација и ресегментација и обезбедување QoS. [9]

Протоколи како што се RFCOMM и SDP функционираат преку L2CAP. SDP(Service Discovery Protocol) протоколот дефинира како ќе се однесува Bluetooth клиентската апликација кога ќе ги пронајде за достапни сервисите на Bluetooth опслужувачите и нивните Bluetooth карактеристики. Bluetooth апаратите можат да се однесуваат како SDP клиент за испитување на сервисите, SDP опслужувач за понуда на сервиси или и двете. SDP опслужувачите ги одржуваат записите за да ги соберат сите потрбни сервиси што ги обезбедува апаратот. Улогата на SDP e да ги открие, а не да приоѓа кон сервисите и при тоа се подржаваат два процеси: пронаоѓање и пребарување на сервисите. RFCOMM е протокол чија улога е емулирање на серискио порт и со тоа покривање на апликацијата која ја користат PC сериските портови. Последниот вид на протоколи се протоколите прифатени во Bluetooth архитектурата, а најпознати од нив се PPP, TCP/IP, IrOBEX и WAP протоколот. IrOBEX е опционален протокол со апликационен слој и дизајниран е да им овожможи да единиците што ја подржаваат IR комуникацијата да разменуваат различни податоци и команди. Придобивката на моделот клиент-сервер и независен е од механизмот за пренос. [10]

FTS за Bluetooth виртуелно внесување на податоци[уреди]

FTS за Bluetooth e целосен анализер на протоколи кои се користат за Bluetooth. Овој вид на анализер овозможува внесување на Bluetooth податоци на четири начини:

• Преку воздух • Од сериски HCI меѓусклоп помеѓу BluetoothHost CPU и Host Controller • Од USB HCI конекција помеѓу персонален компјутер и Bluetooth USB уред • Преку виртуелно внесување на податоци со помош на Live import можноста која дозволува било која апликацијa да добива податоци во FTS za Bluetooth

FTS za Bluetooth ги декодира, филтрира, ги покажува и пронаоѓа грешките кои се јавуваат во протоколите за Bluetooth. Декодирањето на повеќе протоколни нивоа на повеќе податочни рамки може да се види истовремено, што го поедноставува процесот на разбирање на сложените врски (релации) помеѓу повеќе податочни рамки и протоколарните нивоа кои ги содржат тие рамки. [11]

FTS za Bluetooth ги декодира сите Bluetooth протоколи и ги поддржува сите Bluetooth профили (освен Extended SDP). Исто така се декодираат и сите клучни протоколи во TCP / IP магацинот потребни за Dial – up и други TCP / IP базирани апликации.

FTS za Bluetooth архитектурата овозможува брзо ослободување на нови декодери како протоколи кои се објавени од Bluetooth SIG. Корисникот може брзо да ги развива и интегрира Vendor Extension декодерите, користејќи ја FrameDecoder можноста. [12]

Корисноста и доверливоста на виртуелното внесување на податоци[уреди]

Виртуелното внесување на податоци е најпогодна и доверлива форма на внесување на податоци и има предност пред сите форми на внесување на податоци во практиката. Овој вид на внесување на податоци е добар бидејќи нема потреба од негова инсталација освен за многу мал број на софтверскоинжењерство каде еднаш се инсталира и никогаш повеќе. Ако еднаш се изгради поддршка за виртуелното внесување на податоци во апликација или во развојна околина, ниедна од традиционалните можности нема потреба од инсталација. Ова значи:

Виртуелното внесување на податоци е корисно пред се поради тоа што нема да ја откаже функционалноста. Со овој вид на внесување на податоци, податоците секогаш се внесени на сигурно. [13]


Како работи виртуелното внесување на податоци преку Bluetooth[уреди]

FTS za Bluetooth виртуелно внесување на податоци работи со помош на една опција наречена Live Import. Било која апликација може да внесува податоци во FTS za Bluetooth користејќи Live Import. Едноставен API поврзува четири основни функции и неколку други дополнителни функции. Четирите основни Live Import функции се:

  • Отворање на конекција до FTS za Bluetooth
  • Затворање на конекција за FTS za Bluetooth
  • Праќање на цел пакет до FTS za Bluetooth
  • Праќање на единечен бајт до FTS za Bluetooth

Сите апликации кои праќаат податоци до FTS za Bluetooth користејќи Live Import ги користат првите две опции. Обично само една од двете функции за праќање се користи од некоја засебна апликација. Кога FTS za Bluetooth прима податоци преку Live Import, целиот протоколарен магацин е целосно декодиран.

Со виртуелното внесување на податоци, податоците може да се примаат од секаде. FTS za Bluetooth не се грижи дали податоците се анализирани на уредот каде што FTS е во употреба и е вклучен или пак дали податоците се внесени преку интернет конекција. [14]


РАДИО БРАНОВИ[уреди]

Радио брановите се користат за пренос на многубројни информации-од AM радија до гласовна комуникација кај бежичните телефони, па затоа и Bluetooth користи радио бранови бидејќи таа е едноставна и позната технологија.

Радио брановите не се ништо друго освен импулс на електромагнетна енергија и се генерираат кога предавателот осцилира на одредена фрекфенција-повеќе осцилации,поголема фрекфенција, а се емитуваат во голем фрекфентен спектар.Во табелата 1 можат да се видат примени на некои опсези на фрекфенции на радио брановите: [15]


ISM опсег моментално се користи (покрај Bluetooth) и за:

Наводи[уреди]