Block island

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Њу Шорехамн, Роуд Ајланд
—  Град  —
Блок Ајланд, е прикажен во црвено, од брегот на државата Роуд Ајланд.
Координати: 41°10′11″ СГШ 71°34′48″ ЗГД / 
Држава Соединети Држави на Америка
Држава Роуд Ајланд
Држава Вашингтон
Управа
 • Вид Градско собрание
 • Прв лидер Кимберли Х. Гефит
Површина
 • Земјиште 25,210 км2
Население (2010)
 • Вкупно 1.051 жит.
Час. појас ИСВ (UTC-5)
 • Лете (DST) ИЈВ (UTC-4)
поштенски број 02807
Повик. бр. 401
Портал www.new-shoreham.com

Островот Блок е дел од американската држава Роуд Ајланд и е лоциран во Атлански Океан, околу 13 милји (21км) јужно од брегот на Роуд Ајланд, 14 милји (23км) источно од Монток Поинт на Лонг Ајланд, и е одделен од Роуд Алјан со Блок Ајланд Саунд. САД бирото за попис го дефинира Блок Ајланд како попис тракт 415 од округот Вашингтон, Роуд Ајланд. Во пописот од 2000г. населението од 1,010 жители, живее на површина од 9,734 квадратни милји (25,211 км2). Островот е дел од регионот Outer Land, крајбрежен архипелаг направени од терминална морена што произлегува од Висконското повлекување на глечери, пред околу 22,000 години.

Организацијата Nature Conservancy, го додаде Блок Ајланд на својот список на ’’Последните Oдлични Mеста’’. Листа која што се состоиу од дванаесет градови од Западната Хемисвера. Околу 40 проценти од Островот се резервирани за конзервација. Претседателите Бил Клинтон, Двајт Ајзенхауер, Френклин Делно Рузвелт и Одисеј С. Гранд го посетиле Блок Ајланд.

Блок Ајланд исто така се нарекува Њу Шорехам, РИ. Островот е популарна летна туристичка дестинација и е позната по велосипедизмот, пешачењто, едрењето, риболовот и плажите. Два историски светилници се присутни на островот, Block Island North Light на северниот врв на островот и Block Island Southeast Light , на југоисточната страна на островот. Северозападниот дел на островот е неразвиена природна површина која преставува еден вид одморалиште за птиците кои летаат ширум Атланскиот океан.

Секое лето островот е домаќин на неделна трка, конкуретна на еднонеделната едрилична трка . Порано ова случување се одржуваше од страна на Storm Trysail Club , а во денешно време од страна на Block Island Race Week. Јахти се натпреваруваат во различни класи, курсеви за пловење на Блок Ајланд и обиколки на островот.

Други популарни настани како парадата и славењето на 4-ти јули. Во текот овие времиња популацијата на островот трипати се зголемува за време на летниот период.

Родната историја[уреди]

Ниантик, племе кое што на крајот се спои со луѓето од Нарагансет, островот го нарекувале ’’Менесис’’ што значи ’’Мал остров на Маниту’’. Археолошките локалитети покажуваат дека овие луѓе во најголема мера живееле од лов на елен, риболов, фаќање школки и ракови, одгледување пченка, грав и сквош. Од шумата се преселиле во крајбрежните области со цел да ги искористат предностите на сезонските ресурси. Артефакти пронајдени во областа укажуваат на тоа дека Американските Индијанци ја населиле областа уште од 1300 година. Во 1662, се населиле домородци од 1200 до 1500 . Од 1774 тој број е намален до педесет и еден. Поради -упади во почетокот на 17-ти век од страна на Пекоти и Мохиген, Ниантиците беа поделени во две дивизии: западен Ниантик, кој бил во сојуз со Пекотите и Мохиген и источен Ниантик кој бил во сојуз со Нарагансет.

Во 1634 година, западен Ниантик го одбрана своето племе со убивање на Џон Стоун, отпадник од Бостон, кој бил познат по крадење скапоцени садови, во близина на устието на реката Конектикат. И покрај фактот дека човекот се обидувал да киднапира жени и деца и да ги продава како робови во Вирџинија, колонистите побеснеле ( делумно поради претходните Индијански злосторства против доселеници на копното, со поврзано племе) . Англичанецот побара да, Пекотите Индијанци ( кој зборуваше за западниот Ниантик) ги предадат своите убијци. Ова беше одбиено и започна слајд кон војна. Во летото 1637 година, западните Ниантици убија уште еден човек од Бостон, трговецот Џон Олдам, во близина на Блок Ајланд.

Без консултација со колонистите од Конектикат, Масачусетс, во август, испрати казнена експедиција од деведесет мажи под раководство на Џон Ендикот кон Блок Ајланд со инструкции да го убие секој Ниантички воин и ја фати секоја жена и дете, кои ќе бидат корисни како робови. Експедицијата беше наредена од Гувернер од Масачусетс Хенри Ване за ’’масакар на сите Нативци на островот’’. Експедицијата уби четиринаесет источни Ниантици и ги изгоре нивните села и тела. Англичанецот изгоре шеесет полиња со пченка. Тие исто така го убивале секое куче, но Нинатиците избегале во шумата и војниците убиле само четиринаесет од нив. Одлуката за оваа казна беше недоволна, Ендикот и неговите луѓе пловеа се до Форт Сајбрук пред да заминат кон Пекотските села во устието на реката Темза да бараат илјада фатоми за да платат за убиството на Џон Олдхам и да земаат некои пекотски деца како заложници за да го осигураат својот мир. Овој инцидент се гледа како еден од првичните настани кои доведоа до Пекотската војна.

Колонијална историја па се до денес[уреди]

Јужниот светилник на територијата на Блок Ајланд.
Прв поглед од јужната страна на Блок Ајланд од фери брод од правец на Њу ЛондонNew, Конектикат.
Историската Баптистичка Црква - сместена на висока рамнина на западната страна на Њу Шорехам, Роуд Ајланд.
Зграда на Историско Здружение на Блок Ајланд.

Во 1524, подоцна познат како Блок Ајланд беше означен од Џовани Да Веразано, кој што го именува како ‘’Клаудиа’’ во чест на Клод, Војводка од Британија, претолонаследничка на Франција, и жена на Францис 1-ви. Како и да е, на неколку мапи истиов остров е именуван како ‘’Луиза’’, според Луиза од Савој , Кралицата мајка на Франција и мајката на Францис 1-ви.

Туристички атракции[уреди]

Најавите на бродот Веразано беа дека овој остров е полн со островчиња, покриен со дрвја, добро населен со што имаа видено пожари по целото крајбрежје. Во 1614 година, Блок Ајланд беше пронајден на мапа од страна на холандскиот истражувач Адријан Блок кој и самиот тој го именуваше островот по себе си. Во 1636 година на Блок Ајланд пристигна бостонска експедиција предводена од капетанот Џон Едикот и тогаш островот стана дел од Масачусец колонијата, која во 1658 година го продаде островот на група луге предводени од Едикот, којшто ја водеше експедицијата во 1636 година. Во 1661 година истата оваа група го продаде островот на друга група од шеснаесетина луге кои беа доселеници, предводени од Џон Алкок. Како овие доселеници имаа верност кој Роуд Ајланд така Блок Ајланд беше усвоен од страната на генералното собрание на Род Ајланд во 1672 година, а владата го присвои острвот под новото име Њу Шорехам. Холандската карта од 1652 година јасно покажува дека името на островот било Адријан Блок Ајланд.

Во 1699 година шкотскиот морнар Вилијам Кид го посети Блок Ајланд непосредно пред да биде обвинет за пиратство и да биде обесен. Во Блок Ајланд тој бил заштитен непосредно од страна на г-га Мерси Рејмонд, ќерка на морнарот Џејмс Сандс. Приказната вели дека, поради нејзиното гостопримство и поради заштитата што му ја пружела, Кид им дал многу злато и накит додека имал. По смртта на нејзиниот сопруг Џошуа Рејмонд, Мерси се преселила кај нејзината фамилија во северниот дел на Њу Лондон, Конектикат, кадешто таа купила многу земја. Во фамилијата Рејмонд се веруваше дека таа се збогатила поради богатството дадено заради заштитата што ја имаше пружено. За време на војната во 1812 година Блок Ајланд за кратко време беше под окупација на британската морнарица која била предводена од Сер Томас Харди. Британската морнарица била збогатена со диспечери, бродови, терор. Харди ја искористи флотата да го окупира островот со цела да најде храна и да воспостави стратешка позиција во срцето на Блок Ајланд Сауд. Британците беа збеснати кога дознаа дека сите залихи на Блок Ајланд се префрлени во Стонингтон, Конектикат уште пред тие да пристигнат. На 9 август 1814 година Харди и неговата флота од Блок Ајланд заминале за Стонингтон, пристаниште каде можеле би можеле да имаат претензии врз залихите за храна и добиток на Блок Ајланд. На 10 август пред изгрејсонце тој бил одбиен и била нападната флотата на Харди, со тоа останува како позната Битката кај Стонингтон.

Во 1829 година Северниот Светилник го добол својот вистински изглед, но во 1827 госина повторно бил изграден бидејки бил однесен од океанот. Во 1867 година бил изграден и можел да се види. Неколку години подоцна во 1873 година започна изградбата на нов фар на Блок Ајланд, Јужниот Светилник.

На Блок Ајланд нема природни пристаништа, едно од нив биле изградени во 1870 година со што го даваат вистинскиот аватар на островот. Други пристаништа како што е Њу Харбор, се создал 1895 година кога бил ископан каналот кој го поврзувал Грејт Салт Понд со северозападната страна на островот. Библиотеката на Блок Ајланд кој е достапна за сите. Таа е единствена и е основана во 1875 година. Во 1933 година беше изградено училиштето во Блок Ајланд.

За време на Втората светска војна, на Блок Ајланд беа поставени неколку артилериски ловци со цел да ги огновите од Форт Грин, Поинт Џудит со што беше заштитен влезот во заливот Нарагансет. Стражарските позиции на ловците биле изградени и изгледале како куки. Американската влада понуди да се евакуираат,бидејки неможеа да ги штитат од непријателите, но островјаните сепак одлучиле да останат. Неколку дена пред да заврши војната со Германците, битката на Поинт Џудит се одвиваше седум милји североисточно од островот.

Во 1950 година беше отворен аеродромот и остана отворен се доден денес како аеродром на генерална авијација. Во 1972 година беше формирана Комитетот за организација на пловидба и риболов. Оваа како и други еколошки организации беа одговорни за 40% развој на островот. Во 1974 година аватарот на Харборд, беше прогласен во Националниот регистар за историска област. Дискусиите за старите згарди на Блок Ајланд, родените островјани, историјата и сите тековни настани со голем труд се собраа и се чуваа на едно место со што беа формирни збирки од на 800 фотографии кој опфакаа еден историски период од 1870 до 1980 година под насловите Блок Ајланд-Море, Блок Ајланд-Земја, и Историјата на Блок Ајланд во слики во две изданија, сите ос историчарот Роберт М.Дауни.

Клима[уреди]

Времето во Блок Ајланд е под влијание на океанот и ветровите кои дуваат. Климата е океанска, што е реткост на источниот брег во северната хемисвера. Бидејки океанот останува студен во текот на пролетта и летото, за време на овој период времето е постудено за разлика од на копното. Сепак летата на Блок Ајланд може да бидат топли особено во јули и август. Највисоката температура на Блок Ајланд е измерена и изнесува 35 степени целзиусови. Температурата се затоплува во есенскиот период, но и во зимскиот кога океанот е потопол од копното. Пекордната ниска температура изнесува 7 степени целзиусови под нулата.

Плажи[уреди]

Бранови на плажата во близина на Нешанал Хотел на блок Ајланд
Пливачи во глатката водана Б. Ајланд
Каменот на доселениците е најзападниот дел од островот, достапен за мотористите.
Огромен гребен на Блок Ајланд

Квартал плажата се гледа од пристаништето на ферито, Поинт Џудит. Составена е од три помали плажи и тоа: Фред Бренстон Таун Бич ( попозната како Стејт Бич поради нејзиниот поранешен статус ), Скоч Бич и Мансион Бич и сите се наогаат по Корн Нек Роад. Стејт Бич и Балардс Бич се единствени плажи кои имаат спасувачи. Стејт Бич има шатор и издава реквизити за на плажа. Таканаречената Бејби Бич, започнува од Сурф Хотелот во близина на Бичхед ресторанот на Кон Нек Бич, Скоч Бич се наога на север од Фред Бенсон Таун Бич и Маинсон Бич која се наога северно од Скоч Бич.

Северно од Маинсон Бич се наогаат Клајхед и Потс & Кетлс. Клајхед е збир на карпи кои можат да се видат како траект од Поинт Џудит или Њу Лондон. Оваа област е карпеста и содржи железо, богата со глина, популарна по школки и ловење.

Кав Ков, Сетлер рок и Санди Поинт ја сочинуваат најсеверната точка на островот. Тука се наога Северниот Светилник и разгледницата на зајдисонцето. Сетлер рок се наога кај Кав Ков, кадешто се сместиле доселениците пливајки и со себе ги донеле првите крави на овој остров, кои го напуштиле бродот и биле исфрлени на брегот. На карпа е закачена плакета со вистинско име на домордците на Блок Ајланд. Плажата не е идеална за пливање, особено во точката каде има многу големи морски струења. Од друга страна Сашем Понд има свежа вода и е добра за пиење.

На јужната страна на островот се наога Блек Рок Бич, една од најдобрите плажи за сурфање на островот, поради високите бранови. како и да е плажата оди кон тоа да стане многу карпеста, и оди кон тоа да стане нудистичка плажа и покрај законите за нудизам кои се против за сите плажи на Род Ајланд. Се наога блиску до Мохиген Блафс и Јужниот Светилник.

Коастгард Бич се наога помегу Грејт салт Поинт и океанот од северозападната страна на островот. Таа е доста популарна за рибарење и шетање, но не е добра за пливање поради големиот број на бродови кои поминуваат во близина. Балардс Бич се наога на најужната старана на островот. Се наога веднаш пред ресторанот Балардс, каде има доста чадори од слама и толпа од млади. Има и келнери кои служат на плажа каде што се сончате исто така и секојдневна музика во живо. Има и терен за одбојка каде секој ден има турнири во одбојка. Спасувачите се дел од персоналот на плажата Балардс.

Балфс Бич има влез од страната на Мохиган Блафс и се оди по скалите. Има околу 141 карпесто скалило, кое нуде доста сппецифична глетка. Во подножјето на овие стрмни древни скали се наогаат големи карпи кои ке ве доведат до плажата.

Туристички атракции

Харборсајд Ин е ресторант и хотел на јужната страна на островот.

Југоисточниот светилник се наоѓа на југоисточниот агол на островот долж патеката Мохиген. Јужниот светилник е изграден во 1875 година и оттогаш останал активна американска крајбрежна стража и навигациска помош. Светилникот бил преместен во 1993, поради безбедност од ерозија. Во текот на сезоната светилинкиот е отворен како и музеј кој е содржан во него. На кратко растојание од Мохиген Блуфс се наоѓа Југоисточниот светилник. Во регионот на Блуфс во минатото се одржала колонијална битка меѓу освојувачките сили на Мохиген и тамошниот Нанити, во која Мохиген биле протерани т.е. фрлени од високите карпи. Исто така во дното на глинените карпи се наоѓаат долгите скалила кои се составени од стотина. Од нив јасновидно се гледа Атлантикот, како и Њујорк кој може да се види во далечините на јужните и западните страни. Родман Холоу е околу 230 акри (93 хектари) одалечен од јужниот брег и претставува глацијален слив. На Холоу се понудени и неколку патеки за јавање коњи.

Северниот светилникот се наоѓа на Сенди точката на северниот врв на Блок Ијланд. На Северниот светилникот се наоѓа песочник и јато од чамци кои се протегаат низ островот. Околните песочни наноси се дел од Блок Ајланд и претставуваат дел од Националениот Природен Резерват на Засолништа, дом на многу видови, вклучувајќи ја и веригата од проморската крајбрежна птица и американска буба. Еден кратка прошетка од Северна светилникот долж островот, со океанот на двете страни на тенка лента на земјиште, го одзема здивот.

На Блок Ајланд се наоѓа и Историско – Општествениот Музеј кој се наоѓа во близина на централното градско подрачје и содржи широк спектар артефакти од островот. Меѓу нив е У-853 е У-бродот, кој потонал 7 милји (11 км), на источниот дел од островот, лежејќи во 130 стапки (40 м) под водата. Рекреативни нуркачи често се потсетуваат на потонатиот брод, иако најмалку тројца загинале.

Транспорт[уреди]

Пловењето со брод е популарно на Блок Ајланд.

Островот е поврзан преку целата година со фери брод до пристаништето Поинт Џудит, а во лето и до Њу Лондон, Конектикат. Монток, Њујорк, и Њупорт, Роуд Ајланд. Патувањето со традиционалниот фери брод, трае околу еден час до стасувањето на од островот до Поинт Џудит. А со прзиот фери брод на истата траса зема 35 минути. Друго транспортно средство со голема брзина е траектот од Њу Лондон, Конектикат до Блок Ајланд потребно еден час и половина. Во текот на летната сезона, патниците кои сакаат да ги носат своите автомобили, обично треба да се резервираат резервации месеци однапред. Њу Ингланд Аерлајнс нуди редовно закажани 12-минутни летови до Државниот аеродром на Блок Ајланд од Вестли, Роуд Ајланд.

Инциденти[уреди]

Во 1992 година Кјунард авионските линии РМС на кралицата Елизабета II се потопија во водите на Блок Ајланд.

Потонати бродови[уреди]

Оваа куќа порано била Хидрометеоролошка станица на САД која се наоѓа на Блок Ајланд.

Областа околу Блок Ајланд е местото на бројни потонати бродови, вклучувајќи го и пароброд Ларшмонт во 1907 година. Во 1738 е потонат Принцез Аугуста (исто така познат како Палатин брод), подоцна беше овековечен од страна на Џон Гринлиф Витиер во 1867 поемата, "Остатоците на Палатин", меѓу чии стихови зборовите "опкружен со водите кои никогаш незамрзнаа, претепан од страна на грамаден морски бран и збришани од ветре, лежи островот Манисес ", станаа добро познати. Две подморници, исто така потонаа околу островот. Две подморници на САД УСС С-51 потонаа во 1925 година, како и германски У-бродови У-853 во 1945 година, Еден брод потона во 19 век, јужно од југоисточниот светилник. Неговиот јарбол бил потопен околу 4 метри под површината на водата. Областа е затворена за поминување на бродови.