Bartholinitis

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бартолинитис
Класификација и надворешни извори
Barthonlincyst2011.png
Бартолиниева циста
МКБ-10 N75.0
МКБ-9 616.2

Бартолинитис преставува воспаление на Бартолиниевите жлезди го предизвикиваат различни патогени бактерии. Често пати тоа се гонококите. Воспалувањето на изводниот канал на жлездата обично го оневозможува истекот на секретот, поради што настануваат ретенциони цисти, кои можаат да достигнаат големина на јајце од кокошка. Додека не се инфицирани содржаат бистра слузава содржина и не причинуваат посебни пречки . Со инфицирањето на таквата циста, или само ткиво на жлездата настапува апцес[1].

Клиничка слика[уреди]

Жлездата тогаш е отечена, а кожата што ја покрива е едематозна, црвена и напната. Болната е со висока температура, а поради болките е неподвижна.

Лекување[уреди]

Доколку апцесот не се инцизира доаѓа со спонтано прскање. Често пати воспалението се повторува- рецидира. Во акутниот стадиум лекувањето се врши со антибиотици и со инцизија. Во посмирениот стадиум најдобро е да се екстирпира сета жлезда или пак да се направи марсупиелизација.

Наводи[уреди]

  1. Преставува шуплина исполнета со гнојна содржина.

Надворешни врски[уреди]

Прашања:Форум за Бартолинитис