Британски музички награди

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од BRIT Awards)

Британските награди нареченни „Брит Авордс“, (или поедноставно само Бритс) се годишни награди за поп-музика на британската фонографска индустрија. Името е скратена форма од „Британија“ и подоцна станува акроним за доверлива британска музичка индустрија. Покрај британските награди за поп-музика, секој Мај се одржува исто таква свеченост за класична музика наречена Класични британски награди. Роби Вилијамс го носи рекордот за добиени награди ( вкупно 15).

Најважни добитници од секоја година[уреди | уреди извор]

Краток преглед[уреди | уреди извор]

Доделувањето на наградите започнало во 1977 година и како годишен настан во 1982 под закрила на здружението на британската музичка индустрија. Последното доделување на наградите на британската фонографска индустрија било одржани во Ројал Алберт Хол и била прва церемонија што се пренесувала на телевизија и од BBC во 1993 година пренесувањето на наградите било префрлено во ITV ( независна телевизија). Во 1989 година британскиот музички клуб ги преименувал во Британија музички награди и подоцна името било скратено на Брит награди. Долго време спонзор на овој годишен настан е Master cards. Британските награди се пренесувале во живо од 1989 година. Тогаш Саманта Фокс и Мик Флитвуд биле домаќини и настанот бил лошо организиран. Настанот бил снимен и се емитувал следната вечер. Ова било дел од реорганизацијата што ја правел Џонатан Кинд, кој бил домаќин на настанот во 1987 година. Тој го создал името „ Брит “ и го издал мегамиксот изведба на британскиот танц, вклучувајќи го Ес Експрес и момчето што се вика Гералд ( Гералд Симсон) наречен Бритс 1990 година. Тој исто така ја убедил Маргарет Тачер да ја пее „How much is that doggie in the window“ како однапред снимен сегмент. Од 2007 година, британските награди повторно се пренесувале во живо на британската телевизја на 14 февруари на каналот независна телевизија. Таа година, водител бил Расел Бренд и три награди на церемонијата биле испуштени: најдобра британска рок изведба, најдобра британска урбана изведба и најдобра поп изведба. На 18 февруари 2009 година, местото на доделувањето на британските награди уште еднаш беше во изложбениот центар Ерлс Коурт во Лондон. Во 2011 година британските награди ќе се одржат во арената О2 во Лондон за првпат во историјата, преместувајќи се од првичното место Ерлс Коурт.

Значајни моменти[уреди | уреди извор]

Лиам Галагер и Петар Кау ( 2010 година)[уреди | уреди извор]

На доделувањето на наградите во 2010 година, Лиам Галагер изненадно се појави за да ја земе неговата награда за најдобар британски албум во изминатите 30 години. Откако им се заблагодари на сите поранешни членови на бендот ( со исклучок на брат му Ноел) и прогласувајќи ги неговите обожаватели „ најдобрите обожаватели во овој ебан свет “, тој ја метна наградата и микрофонот кај публиката. Барањето на микрофонот предизвика десет минутно доцнење. По слегувањето од сцената комичарот Петар Каул, кој беше домаќин на настанот го нарече Лиам „идиот“.

Мик Клуцински ( 2009 година)[уреди | уреди извор]

Десет дена пред доделувањето на британските награди во 2000 година Мик Клуцински,извршен директор на Бритс од 1995 година, кој придонел со преминот од поразот на Флитвуд / Фокс од поразот до постигнувањето на денешното ниво на церемонијата, починал. Настанот се одржал во негова чест.

Вик Ривс и Шерон Озборн ( 2008 година)[уреди | уреди извор]

Откако Вик Ривс заборавил која анаграда ја доделувал Шерон Озборн се обидувала да му го земе микрофонот, инсистирајќи дека тој е пијан и го нарекла „ кучкин син “. Таа продолжила да најавува сама. Следниот ден било објавено дека Ривс не бил под дејство на алкохол и дека бил повреден од однесувањето на Озборн. Оттогаш инцидентот му се припишува на дефект на апаратот што го прикажува текстот на водителот пред камерите, невидлив за гледачите, но Ривс во своја одбрана вели дека тој се обидувал да прочита бидејќи Озборн го туркала.

Расел Бренд ( 2007 година)[уреди | уреди извор]

Комичарот Расел Бренд предизвикал расправа за време на доделувањето на наградите во 2007 година, кажувајќи неколку досетки поврзани со Роби Вилијамс дека посетувал центар за рехабилитација за зависност од дроги, за расфрлањето на кралицата и кобниот пријателски инцидент со оган во кој бил убиен британски војник од вооружените американски сили во Ирак. Независната телевизија 1 добила околу 300 повици за поплаки на гледачите. Тој повторно се обидел да поттикне расправа наредната година на видео музичките награди 2008 година.

Гери Халивел наспроти Спајс Грлс ( 2000 година )[уреди | уреди извор]

Групата Спајс Грлс биле номинирани за наградата значаен придонес на британските награди во 2009 година, за да се одбележи нивното учество на музичката сцена во последните десет години. Имало многу шпекулации пред и за време на настанот дали поранешната Џинџер Спајсица, Гери Халивел би ја прифатила наградата заедно со останатите четири членови на групата.Ноќта Халивел одбила да му се придружи на поранешниот бенд и наместо тоа таа наредниот ден обезбедила насловна страница со изведба на нејзиниот хит број 1 „Bug it Up“ расчекорувајќи се на шипка со дебели натечени нозе.

Рони Вуд и Брендон Блок (2000 година)[уреди | уреди извор]

Пријателите на Брендон Блок му кажале дека тој бил добитник на награда и бил повикан на сцената да си ја земе.Бидејќи тој бил пијан му поверувал, зачекорил на сцената одејќи до занесениот гитарист на Ролинг Стоунс ,Рони Вуд, и глумицата Тора Бирч, кои требало да ја најават наградата за најдобар албум со тонски записи. Откако обезбедувањето го отстраниле Брендон од сцената,Вуд почнал да кара. Почнале да се навредуваат меѓусебно и се слушале од микрофонот на сцената, со што предизвикале тврдења дека целиот настан можеби бил наместен.Потоа Вуд му ја истурил пијачката на Блок влице и Блок бил отстранет од настанот.Подоцна , Блок тврдел дека му се извинил на Вуд за неговото однесување а Вуд му го отфрлил извинувањето.

Роби Вилијамс и Лиан Галагер (2000 година)[уреди | уреди извор]

По напуштањето на групата Таke That, Роби Вилијамс почнал да се дружи со браќата Галагер од бендот Оазис на фестивалот Глестонбјури.Но тоа пријателство не траело долго. Двете страни се навредувале по медиумите со Ноел Галагер кој го нарекувал Роби како „дебел играч од групата Take That“. Со освојувањето на наградите за најдобар сингл во Британија и најдобар видео запис за песната „She is the one“ (неговиот менаџер го советувал со намера да ја зголемат продажбата) да го предизвика Лиам Галагер на телевизиски двобој велејќи му : „ Дали сите би сакале да ме гледаат кај што се карам Лиам? Дали би платил да дојдеш и да гледаш? Лиам, илјадарка од твоите пари и илјадарка од моите пари? Ќе влезиме во борбениот круг ќе имаме борба и сето тоа ти ќе можеш да го гледаш на телевизија, што мислиш? Лиам Галагер тогаш не бил во државата.

Беле и Себастијан (1999 година)=[уреди | уреди извор]

Во 1999 година, бендот Беле и Себастијан биле номинирани за најдобри британски почетници и покрај тоа што имале издадено три албуми пред доделувањето на наградите во 1999 година.Спонзори на настанот биле Радио Еден и слушателите можеле да гласаат по електронски пат.Тогаш, групата Степс била најдобриот поп бенд во Британија и исто така биле номинирани. Но наградата ја добил бендот Беле и Себастијан. Во саботата, по доделувањето на наградите,во медиумите излегла приказна во која се тврдело дека гласовите биле местени во нивна корист, охрабрувајќи ги студентите од два универзитети да гласаат по електронски пат. Меѓутоа , обожавателите се бунеле дека бендот имал поддршка од студентите затоа што Изабел Кемпбел била на еден од тие универзитети, а наградата требало да им биде дадена за уметнички заслуги а не за популарност или продажба на мусичките дискови.

Чумбавамба и Џон Прескот (1998 година)[уреди | уреди извор]

Во 1998 година,Данберт Нобакон член на политичкиот активен бенд Чумбавамба истурил кофа со ладна вода врз водачот на Лабуристичката партија Џон Прескот.И покрај извинувањата во име на бендот ,Чумбавамба не се покаиле изјаснувајќи се:„ Ако Џон Прескот имал храброст да се појави на настан како што се британските награди со неуспешен обид да направи Лабоуристите да изгледаат смирено,тогаш заслужува сите да фрламе по него.

Мелани Си и Лиам Галагер (1997 година)[уреди | уреди извор]

Пред одржувањето на церемонијата во 1997 година, Лиам Галагер изјавил во британските медиуми дека не сака да присуствува на доделувањето на наградите бидејќи ако налета на групата Спајс Грлс,тој ќе му удри шлаканица. Како одговор на ова , во говорот кога ја земале наградата за најдобар видео запис во Британија ,Мелани Си го предизвикала Галагер велејќи: „Дојди и удриме ако си доволно јак“.

Фустанот на Гери Халивел (1997 година)[уреди | уреди извор]

Џинџер спајсицата , Гери Халивел, носела мини фустан отсликан со знамето на Британија.Обединетото Кралство било зафатено од манијата на Спајсиците и исто така ја зафатиле и Америка, достигнувајќи прво место со нивниот прв сингл и албум .Достигнале слава невидена за поп група во Британија од времето на Битлси а Гери Халивел , незамислива за студените Британци, владеела со духот на времето и станала позната пинап девојка.

Халивел планирала да носи црн фустан но сметала дека нема да изгледа привлечно така што на предната страна сестра и сошила знаме , а на задната страна знакот за мир за никој да не биде навреден . Фустанот го носела за време на изведбата на песната „ Who do you think you are“. Подоцна таа го продала фустанот на лицитација за добротворни цели ,а го купил кафичот Хард Рок во Лас Вегас за 41.320£. Со тоа Халиел го постигнала светскиот рекордот за најскапо продадено парче облека. Со оваа изведба групата ја добила наградата за најзапаметена изведба за 30 години на Британските награди во 2010 година.

Мајкл Џексон и Јарвиш Кокер (1996 година)[уреди | уреди извор]

Во 1996 година,Мајкл Џексон бил добитник на наградата за уметник на генерацијата . На церемонијата тој ја изведувал песната „Earth Song“ опколен со деца , кулминирајќи на сцената со изведбата како ‘ исус како фигура’. Јарвиш Кокер ,од бендот Палп, се качил на сцената, за што тој подоцна се изјаснил дека тоа било во знак на протест за тој дел од изведбата. Кокер истрчал на сцената , со подигната кошула покажувајќи го задникот (облечен) кон Џексон. Потоа Кокер бил испрашуван од полицијата под сомнение дека три од децата, кои тогаш биле на сцената, биле повредени. Меѓутоа немало судска постапка за кривчно дело.

Групата КЛФ (1992 година)[уреди | уреди извор]

Во 1992 година , бендот (заедно со Симпли Ред) ја делеле наградата за најдобра група во Британија и биле резервирани да го отворат настанот. Со цел да го загреат настанот дуото соработувале со бендот „ Extreme Noise Terror“ за да ја изведат песната „3 а.m“со што го предизвикале диригентот Сер Џорџ Солти да го напушти настанот со големо разочарувње. Настанот завршил со пукањето на Бил Драмонд со празен пиштол кон публиката и тогаш новинарот Скот Пиринг изјавил : „ Дами и Господа , групата КЛФ го напушта музичкиот бизнис “.

Сем Фокс и Мик Флитвуд (1989 година)[уреди | уреди извор]

Во 1989 година,церемонијата се пренесувала во живо а водители биле Мик Флитвуд и Саманта Фокс.Неискуството на домаќините и слабата подготовка придонеле настанот да биде лошо организиран.Домаќините го мешале редот на зборување а претходно снимената порака на Мајкл Џексон никогаш не била прикажана и неколку ѕвезди подоцна пристигнале на сцената како Бој Џорџ. Шоуто на Саманта фокс и Мик Флитвуд докажано било најкатастрофално со што го оживеало интересот на британската јавност.

Банарама (1988 година)[уреди | уреди извор]

Во 1988 година групата имала изведба на песната „ Love In The First Degree“ во придружба на четиринаесет полуоблечени мажи.

Британски изведувачи Број на награди
Роби Вилијамс (3 со Тејк Дет) 16
Ени Ленокс (2 со Еуромикс) 10
Тејк Дет 7
Оазис 6
Колдплеј
Спајс Грлс 5
Арктик Монкис
Фил Колинс
Џорџ Мајкл (3 со Вфам!)
Фреди Меркјури (3 со Квин) (2 постмртни)
Елтон Џон 4
Битлси
Блур
Дајдо
Меник Стрит Причрс
Пол Велер
Меѓународни изведувачи Број на награди
U2 7
Мајкл Џексон 6
Принц 5
Бјорк 4
Еминем
Р.Е.М 3
Сизор систер
Лејди Гага
Кајли Миног