Avril Lavigne's Make 5 Wishes

Од Википедија — слободната енциклопедија
Avril Lavigne's Make 5 Wishes
АвторЏошуа Дизарт
ИлустраторКамила Д’Ерико
ИздавачСАД Del Rey Manga

Avril Lavigne's Make 5 Wishes е манга во стил на стрип [1][2] напишана од Џошуа Дизарт, а илустрирана од Камила Д’Ерико. Првиот дел е издаден од Del Rey на 10 април 2007, а вториот на 3 јули 2007. Стрипот исто така е издаден во Бразил под името "faça cinco pedidos".

Содржина[уреди | уреди извор]

Дел 1[уреди | уреди извор]

Во приказната се работи за девојче наречено Хана. Таа е осамена и непопуларна во училиштето, па затоа таа поминува повеќе време на интернет и прави “различни добри, паметно, секси и популарни, слики на себеси.”[3] Нејзината најдобра пријателка е измислената верзија на Аврил Лавињ, која ја глуми совеста на Хана и нејзината измислена пријателка. Станувајќи сè повеќе изолирана, Хана еден ден случајно ќе налета на страница наречена www.make5wishes.com, која нуди да исполни пет желби за само 19.95 долари. Очајно и нестрпливо дека ќе ѝ се промени животот таа го нарачува тоа преку интернет. Неколку дена подоцна ќе пристигне малечка кутија. Кога Хана ќе ја отвори од неа ќе излезе малечок демон. Демонот ќе се спријатели со неа и ќе ѝ објасни како работат желбите. Кога Хана ќе ја посака својата прва желба, работите не се одвиваат онака како што таа сака и желбите кои ѝ ги остварува демонот честопати имаат непредвидени и непосакувани последици; на пример предизвикуваат деменција кај стар човек со кој Хана посакала да не мора да збори повеќе.[4] Освен тоа демонот тајно праќа и-мејлови на луѓето (вклучувајќи ја и Џесика) со кои Хана разговарала под својот псевдоним, додека Хана спие.

Дел 2[уреди | уреди извор]

Приказната продолжува со настаните од првиот дел и како Желбите на Хана продолжуваат на влијаат на посакуван начин. Откако на Хана почнал да ѝ се допаѓа демонот, ќе го крсти Ромео и сè повеќе и повеќе ќе станува љубоморна и лута на него. Откако преживеала експлозија во училиштето која ја убила учителката (Г-дин Тери) и неколку ученици (Џесика и Брајан) уште една од желбите на Хана се одобрува: сите да ја сакаат. Тие ќе организираат прослава во нејзина чест за преживувањето на експлозијата. Меѓутоа, Хана сега е обвиена во покривот од пожар кој никој друг не може да го видеи, и сето тоа ја одвлекува од реалноста. Нејзината измислена верзија од Аврил Лавињ сè поретко се појавува, и Хана го заклучува демонот во неговата кутија, со цел да не предизивка повеќе проблеми. Хана имала уште една желба, и без размислување го зграбила Ромео и посакала да ја запознае вистинската Аврил Лавињ пред да го врати во кутијата. На училиште учениците се попристојни кон Хана, и еден од нив ќе ја повика на собир кај малиот мост во градот. Таа ќе оди во неговата куќа. Таа има голема колекција на алиште и Хана одлучува да оди на забавата облечена како Аврил Лавињ. Откако ќе се облече, таа ќе се погледне во огледало и ќе ја види Аврил зад неа. Таа ќе сфати дека нејзината последан желба не е остварена и дека Ромео ја излажал. Избезумена, таа ќе истрча дома и ќе ја зграпчи ромеовата кутија заедно со него во неа, и ќе отиде на прославата. Додека гледа кон мостот Хана ќе види една девојка која исто така оди на забава и таа девојка и кажува дека е убаво облечена, во стилот на Аврил Лавињ. Тие разговараат, но маглата која ја обвива Хана станува сè поинтензивна. Со кутијата во која е Ромео таа ќе скокне од мостот, маглата ќе ја снема и Ромео кој се наоѓа во кутијата ќе го снема. Со тоа Хана ќе се смири знаејќи дека Ромео нема никого повеќе да повреди. Хана ќе се врати на мостот и девојката со која разговараше претходно ќе ја тргне периката - тоа била вистинската Аврил со која разговарала.

Тема[уреди | уреди извор]

Темата на мангата е стресот на модерниот тинејџерски живот и проблемите на родителите, што се покажува преку бегството и очајот на главниот лик, Хана.

Аврил Лавињ[уреди | уреди извор]

Измислен лик на Аврил Лавињ се појавува како еден од главните ликови. Хана сонуав да ја запознае Аврил и тие да станат блиски пријателки. На ова Аврил Лавињ одговорила: "Знам дека многу од моите обожаватели читаат стрипови и јас сум навистина возбудена што сум вклучена во приказна за која знам дека ќе уживаат."

Видео Епизоди[уреди | уреди извор]

Дел 1[уреди | уреди извор]

Дел 2[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Avril Lavigne's Make 5 Wishes“. RandomHouse.com. Посетено на 2010-01-24.
  2. „Make 5 Wishes at blogspot“. Посетено на 2008-03-13.
  3. „manga-lavigne“. Plasticbamboo.com. Посетено на 2010-10-19.
  4. „How I Learned to Stop Worrying and Love Avril Lavigne“. Посетено на 2007-11-09.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]