Agusta A 119 Koala

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Agusta A 119 Koala на њујоршката полиција
Agusta A 119 Koala на саемот HeliRussia

Хеликоптерот е развиен од структурата на хеликоптерот А 109, но со: поинаков стоен трап (скии наместо тркала), подолг труп и пониска цена на чинење. На хеликоптерот е вграден четирикрак носечки ротор, со глава изработеа од титаниум, а краците од композитни материјали. Хеликоптерот може да понесе шест до седум патници или 1000 кг товар. Во спасувачки мисии може да понесе две носилки со три медицински лица. На хеликоптерот е вграден турбомлазен мотор Pratt & Whitney PT6B-37, еден од најдобрите мотори во својата класа.

Основни податоци[уреди]

- Тип: повеќенаменски хеликоптер

- Класа: лесен

- Сместување: еден или два пилоти и шест или седум патници

- Земја на потекло: Италија

- Производител: Agusta (Италија)

- Статус: прв лет во 1995, а употреба од 1997

- Земји корисници:

Техничкотактички податоци:[уреди]

- Намена: за цивилна и воена употреба

- Мотор: еден турбомлазен мотор P&W PTGB-37 со сила од 1,002 кс

- Димензии:

  • Должина на ротори: 13,04 м
  • Височина: 3,77 м
  • Дијаметар на HP: 10,83 м
  • Дијаметар на OP: 2 м

- Тежини:

  • Празен: 1,430 кг
  • Максимална: 2,850 кг
  • Корисна: 1,420 кг

- Перформанси:

  • Максимална V: 280 км/ч
  • Крстосувачка V: 260 км/ч
  • Макс. V во кач.: 588 м/мин
  • Максимална H: 4,785 м
  • Максимален долет: 887 км
  • Трење на летот: 5 ч
  • Вкупно гориво: 870 л

- Опрема: стандарна комуникациска и навигациска