A cappella
Од Википедија
| Оваа статија не наведува никакви извори или референци. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до доверливи извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
A cappella музиката е вокална музика или пеење без инструментална придружбa, или дело наменето да се изведува на овој начин. A cappella на италијански значи (музика) како во капела; терминот потекнува од ограничувањата за користење на инструменти во средновековните цркви. Често се пишува погрешно како a capella, што потекнува од латинскиот јазик (но на латински capella значи мала коза), или пак acappella.