Aпгар тест
Од Википедија
Апгар тестот го развила д-р Вирџинија Апгар, познат анестезиолог, како начин за брза медицинска процена на состојбата на бебето. 60 секунди по раѓањето, сестрата или докторот ги проценуваат појавата (Appearance-изгледот), пулсот (фреквенцијата на срцева работа), гримасата (рефлексниот израз на лицето), активноста (мускулниот тонус), респирацијата (дишењето). Оттаму и скратеницата АПГАР. На бебињата со збир меѓу 4 и 6 им е потребна реанимација - најчесто вшмукување на содржината од дишните патишта и примена на кислород. На оние со збир помал од 4 им се неопходни подрастични акции за спасување на животот.
Апгар тестот се повторува и по 5 минути од раѓањето. Ако тогаш изнесува 7 или повеќе, изгледите за бебето се многу добри. Ако е понизок, значи дека е неопходно детето будно да се следи, но сѐ уште е многу веројатно дека ке му биде добро.
[уреди] Литература
- Што да очекувате додека чекате бебе, А. Ајзенберг, Х.А. Мурков, С.А. Хатавеј, во издание на Силонс.