9 февруари

Од Википедија — слободната енциклопедија
<< февруари >>
Н П В С Ч П С
01 02 03
04 05 06 07 08 09 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29
2024

9 февруари — 40-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 325 денови до крајот на годината (326 во престапна).

Настани:

1540  Во местото Рудај Филдс, во близина на англискиот град Честер се одржа првата современа трка со коњи во светот.
1573  По поразот на востаниците на Матија Губец во Стубичката битка била задушена Селанската буна на хрватско-словенечките селани.
1849  Италијанскиот револуционер Џузепе Мацини го прогласи Рим за република.
1861  Џеферсон Дејвис е избран за претседател, а Александар Стивенс за потпретседател на Конфедералните американски држави (робовладетелски држави отцепени од САД).
1922  Признато му е авторското право на францускиот композитор Пјер Дегејтер на музиката за пролетерската химна „Интернационала“. Дегејтер уште во 1888 година напиша музика за текст на пролетерскиот поет Ежен Потје и таа првпат беше изведена истата година спроти празникот на здруженијата на француските социјалистички новинари. При првото изведување случајно е изоставено името на композиторот, па Дегејтер подоцна со години залудно го докажуваше своето авторство.
1923  Основано советското државно воздухопловно претпријатие „Добролет“ кое во 1932 година го промени името во „Аерофлот“.
1943  Втора светска војна: Почна Битката на Неретва, позната како Битка за ранетите, една од најзначајните битки во текот на НОВЈ против фашизмот. Битката траеше до 31 март истата година, а во неа беа спасени околу 3.500 ранети и префрлени на слободна територија.
1944  Во блисина на Илин Врв (во близина на Прилеп) I македонско-косовска ударна бригада со изненадувачки напад ја разбива бугарската колона која е пратена во потера по неа.
1945  Научникот Селман Ваксман и неговиот студент Алберт Шац го открија антибиотикот стрептомицин наменет за болните од туберкулоза. Ваксман својот прв антибиотик го откри во 1940 година, но тој се покажал како токсичен по здравјето на луѓето.
1962  Јамајка стана независна држава во рамките на британскиот Комонвелт.
1995  Република Македонија и Република Индија воспоставиле дипломатски односи.

Родени:

1700  Даниел Бернули — швајцарски лекар, физичар и математичар.
1867  Нацуме Сосеки — јапонски писател.
1874  Всеволд Меерхолд - руски и советски театарски режисер.
1928  Ринус Михелс — холандски фудбалер и тренер.
1931  Томас Бернхард — австриски писател.
1931  Јозеф Масопуст — чехословачки фудбалер.
1940  Џон Куци — јужноафрикански писател, добитник на Нобеловата награда во 2003 година.
1942  Керол Кинг — американска поп-музичарка.
1943  Џозеф Стиглиц — американски економист, добитник на Нобелова награда за економија во 2001 година.
1945  Миа Фароу — американска глумица.
1954  Кевин Ворик — британски научник.
1961  Горан Грбовиќ — српски и југословенски кошаркар.
1964  Ернесто Валверде — шпански фудбалер и тренер.
1965  Велимир Перасовиќ — хрватски и југословенски кошаркар и тренер.
1966  Елен ван Ланге — холандска атлетичарка.
1982 Андреја Ѓорѓиески — македонски пејач и член на дуото DNK.
1987  Давид Ланзафаме — италијански фудбалер.
1987  Јане Петровски — македонски кошаркар.
1990  Фјодор Смолов — руски фудбалер.
1993  Ватару Ендо —јапонски фудбалер.
1994  Милан Павков — српски фудбалер.
1995  Марио Пашалиќ — хрватски фудбалер.

Починале:

1587  Марија Стјуарт — кралица на Шкотска.
1640  Мурат IVотомански султан.
1675  Герит Дау — холандски сликар.
1881  Фјодор Михајлович Достоевски — руски писател.
1927  Чарлс Волкот — американски научник.
1944  Кирил Прличев — македонски револуционер.
1957  Павел Делирадев — бугарски општественик.
1977  Сергеј Владимирович Иљјушин — руски авио-конструктор.
1984  Јуриј Андропов — советски политичар.
1993  Мину Угриновска — македонска театарска глумица.
2015  Боба Стефановиќ — српски и југословенски пејач и композитор на забавна музика.
2018  Небојша Глоговац — српски глумец.
2024  Дамо Сузуки — јапонски музичар, пејач на групата Кен (Can).