9 март

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предлошка:Март 2024 9 март — 68-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (69-и во престапна година). Остануваат 297 денови до крајот на годината.

Настани:

1776  Шкотскиот економист Адам Смит го објавил неговото капитално дело „Богатството на народите“.
1908  Бил основан италијанскиот фудбалски клуб Интер од Милано.
1916  Прва светска војна: Германија ѝ објавила војна на Португалија.
1956  Кипарскиот архиепископ Макариос е депортиран од Кипар на Сејшелските Острови, во Индискиот Океан. Макариос во 1960 година стана прв претседател на независната Кипарска Република.
1966  Франција соопшти дека има намера да ги повлече своите трупи од НАТО и дека ќе побара воените инсталации на овој Пакт да се отстранат од нејзината територија.
1987  Техеран го обвини Багдад дека користи хемиско оружје во Иранско-ирачката војна.
1995  Владата на Република Естонија донесе одлука за воспоставување дипломатски односи со Република Македонија на амбасадорско ниво.
1999  Претседателот на Иран, Мохамед Хатами, допатува во посета на Италија. Тоа е прва посета на Запад од страна на шеф на иранска држава по исламската револуција во 1979 година во оваа земја.

Родени:

1459  Америго Веспучииталијански морепловец.
1814  Тарас Шевченко — украински писател.
1907  Мирча Елијаде — романски писател, историчар, филозоф, новинар, есеист.
1920  Фрањо Михалиќ — хрватски и југословенски атлетичар.
1930  Орнет Колмен — американски џез-музичар.
1934  Јуриј Гагарин — советски космонаут.
1942  Џон Кејл — велшки музичар, член на групата „Велвет андерграунд“.
1943  Боби Фишер — американски шахист, поранешен светски првак.
1950  Милиќ Вукашиновиќ — српски и југословенски музичар.
1959  Такаки Каџита — јапонски физичар и нобеловец.
1960  Жељко Обрадовиќ — српски и југословенски кошаркар и тренер.
1960  Тјери Вињерон — француски атлетичар.
1968  Јури Џоркаеф — француски фудбалер.
1975  Хуан Себастијан Верон — аргентински фудбалер.
1983  Клинт Демпси — американски фудбалер.
1983  Роберто Ферари — италијански велосипедист.
1990  Дели Блинд — холандски фудбалер.
1994  Окај Јокушлу — турски фудбалер.
1995  Анхел Кореа — аргентински фудбалер.

Починале:

1661  Жил Мазарен — истакнат француски политичар од италијанско потекло.
1782  Сава Петровиќ Његош — црногорски владика и митрополит.
1851  Ханс Кристијан Ерстед — дански физичар.
1992  Менахем Бегин — израелски политичар.
1993  Вања Војнова — бугарска кошаркарка.
1994  Хенри Чарлс Буковскипоет и писател од САД.
2018  Атанас Кираџиев — македонски атлетичар.