8 јуни

Од Википедија — слободната енциклопедија
01
02 03 04 05 06 07 08
09 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30  

8 јуни — 159-тиот ден во годината според грегоријанскиот календар (160-ти во престапна година). Остануваат 206 дена до крајот на годината.

Настани:

1783  Вулканот Лаки на Исланд започнува осуммесечна ерупција во која загинале 9.000 лица и предизвикал седумгодишен глад во Европа и Америка.
1942  Втората светска војна: Јапонски подморници ги бомбардирале Сиднеј и Њукасл во Австралија.
1949  Џорџ Орвел го објавил романот „1984“.
1986  Курт Валдхајм е избран за претседател на Австрија, наспроти обвинувањата за злосторства, кои како нацистички офицер наводно ги вршел во Втората светска војна.

Родени:

1625  Џовани Доменико Касини — италијански научник († 1712.).
1671  Томазо Албинони — италијански композитор.
1810  Роберт Шуман — германски композитор.
1867  Френк Лојд Рајт — американски архитект.
1903  Маргерит Јурсенар — француска писателка.
1905  Стефан Гајдов — македонски композитор, диригент и педагог од првата генерација македонски музички дејци († 1992.).
1921  Сухарто — претседател на Индонезија (п. 2008.).
1934  Видое Подгорец — македонски писател († 1997.).
1940  Ненси Синатра — американска поп-пејачка, ќерка на Френк Синатра.
1942  Рудигер Дорнбуш — германски економист.
1954  Грег Гин — американски рок-музичар, член на групата „Блек Флег“ (Black Flag).
1960  Мик Хакнал — англиски поп-музичар, член на групата „Симпли ред“ (Simply Red).
1961  Алка Вуица — хрватска поп-пејачка.
1962  Ник Роудс — англиски поп-музичар, член на групата „Дјуран Дјуран“ (Duran Duran).
1964  Буч Рејнолдс — американски атлетичар.
1976  Линдзи Девенпорт — американска тенисерка.
1977  Кање Вест — американски рапер и музички продуцент.
1983  Ким Клајстерс — белгиска тенисерка.
1984  Макси Переира — уругвајски фудбалер.
1984  Хавиер Маскерано — аргентински фудбалер.
1984  Миа Борисављевиќ — српска пејачка.
1985  Хосе Хоакин Рохас — шпански велосипедист.
1989  Бен Херманс — белгиски велосипедист.
1988  Рејналдо Заварке — венецуелски глумец.
1989  Травис Мајер — австралиски велосипедист.
1995  Ферлан Менди — француски фудбалер.
1997  Јелена Остапенко — латвиска тенисерка.

Починале:

632  Мухамед — пророк, зачетник на исламот.
1376  Едвард Црниот Принц — син на англискиот крал Едвард III.
1795  Луј XVII — француски крал.
1845  Ендру Џексонпретседател на САД.
1876  Жорж Санд — француска писателка.
1908  Милан Арсов — македонски револуционер.
1969  Роберт Тејлорамерикански глумец.
1983  Мишко Крањец — словенечки писател.
2018  Ентони Бурдеин — американски готвач и тв-водител.

Празници:

Светски ден на океаните.